ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/05 стр. 3
  • Сега е време да се проповеда!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сега е време да се проповеда!
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • „Ти би бил добар пионер!“
    Нашата служба за Царството 2010
  • Можеш ли да влезеш низ една „голема врата за работа“?
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 8/05 стр. 3

Сега е време да се проповеда!

1. Зошто е сега време да се проповеда?

1 „Плашете се од Бог и оддајте му слава“. Под ангелско водство, оваа порака се објавува „на секоја нација и племе и јазик и народ“. Зошто? „Зашто дојде часот на неговиот [Божјиот] суд“. Денес, ние живееме во тој ‚час на суд‘, кој ќе кулминира со уништувањето на сегашниов систем. Важно е луѓето да го ‚обожаваат Оној кој ги создаде небото и земјата и морето и изворите на вода‘. Ниедна друга работа што се врши денес, не може да се спореди по важност и итност со објавувањето на ‚вечната добра вест‘. Да, сега е време да се проповеда (Откр. 14:6, 7).

2. Како покажуваат слугите на Јехова дека сфаќаат во кое време живееме?

2 Во текот на последниве десет години, слугите на Јехова поминаа околу 12 милијарди часови во проповедање и правење ученици. Многумина направија промени во животот за да учествуваат повеќе во духовната жетва (Мат. 9:37, 38). На пример, минатата година во просек преку 850.000 објавители служеа како пионери секој месец. За општите пионери ова значи дека треба секој месец да проповедаат по 70 часови. Додека за помошните пионери, барањето е 50 часови.

3. Какви преиначувања треба честопати да направат објавителите за да можат да бидат пионери?

3 Што е потребно за да бидеш пионер: Затоа што сфаќаат дека „преостанатото време е скратено“, пионерите настојуваат да живеат едноставно (1. Кор. 7:29, 31). Тие бараат начини да ги намалат трошоците, за да можат да поминат помалку време во световна работа. На пример, некои се преселиле во помали станови. Други, пак, ги отстраниле непотребните материјални поседи (Мат. 6:19-21). Исто така, честопати треба да ги намалат личните желби. Сето ова го прават со цел да посветат повеќе време и внимание на службата (Ефеш. 5:15, 16). Со упорност, самопожртвуван дух и потпирање на Јехова преку молитва, многу објавители успеале да направат практичен распоред што им овозможил да бидат пионери.

4. Кои практични чекори можат да ти помогнат да ја оствариш целта да станеш пионер?

4 Можеш ли да бидеш пионер? Зошто не прашаш некои успешни пионери како го прават тоа? Оди во служба со нив и почувствувај ја нивната радост. Проучувај ги статиите од нашите публикации во врска со пионерската служба. Постави си практични цели за себе, кои ќе ти служат како отскочна штица за да станеш пионер. Ако постојат некои препреки што сега ти оневозможуваат да служиш како пионер, изнеси го тоа во молитва пред Јехова и моли го да ти помогне да ги надминеш (Посл. 16:3).

5. На кој начин пионерската служба ни помага да ги подобриме нашите вештини во службата?

5 Благослови и радости: Пионерската служба ги изострува нашите вештини во користењето на Божјата Реч, што од своја страна ни носи поголема радост. Една млада сестра пионерка изјавила: „Многу е корисно исправно да се ракува со Божјата Реч. Кога си пионер, Библијата ја користиш многу често. Сега, кога одам од куќа до куќа, можам да се сетам кои стихови се соодветни за секој станар“ (2. Тим. 2:15).

6. За што нѐ оспособува пионерската служба?

6 Пионерската служба исто така нѐ учи на многу корисни вештини што можат да го подобрат нашиот живот. Може да им помогне на младите луѓе да научат како мудро да го користат времето, како да управуваат со финансиите и како да се сложуваат со луѓето. Поради пионерската служба, многумина развиле подуховно гледиште за животот (Ефеш. 4:13). Освен тоа, пионерите честопати имаат привилегија да почувствуваат дека Јехова им помага и ги наградува (Дела 11:21; Фил. 4:11-13).

7. Како ни помага пионерската служба да му се приближиме на Јехова?

7 Веројатно еден од најголемите благослови од пионерската служба е тоа што ни помага да му се приближиме на Јехова. Ова може да ни помогне во разни испити. Една сестра која истрајала еден период со големи тешкотии рекла: „Блискиот однос што го стекнав со Јехова преку пионерската служба, ми помогна да ги издржам сите тешкотии“. Таа додава: „Се чувствувам толку среќна затоа што зрелите години ги поминав служејќи му полновремено на Јехова. Тоа ме оспособи да помагам на начини за кои никогаш не сум мислела дека ќе можам“ (Дела 20:35). Да ги почувствуваме и ние богатите благослови додека даваме сѐ од себе во важната проповедничка активност (Посл. 10:22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели