ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/97 стр. 1
  • Ти недостигаш!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ти недостигаш!
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Дали ги изградуваш другите на христијанските состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Зошто треба да одиме на состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Семеен распоред за собраниските состаноци
    Нашата служба за Царството 2005
  • Зошто да одиме на христијанските состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 12/97 стр. 1

Ти недостигаш!

1 Можеби одвреме навреме пропуштаме еден или повеќе собраниски состаноци, мислејќи ‚никому нема да му недостигам; тие нема дури ни да забележат дека не сум таму‘. Тоа не е точно! Како и секој член на нашето физичко тело, секој од нас игра витална улога во функционирањето на собранието (1. Кор. 12:12). Нашето отсуство од некој седмичен состанок може да влијае врз духовната благосостојба на другите кои присуствуваат. Ако не си таму, биди сигурен — ти недостигаш!

2 Виталната улога која ја играш ти: Павле копнеел да се дружи со своите браќа. Во Римјаните 1:11, 12 се објаснува зошто: „Да ви предадам некој духовен дар . . . заедно да се утешиме [да има размена на охрабрување меѓу вас, НС] преку општата вера — вашата и мојата“. На сличен начин, преку нашите коментари, преку нашите точки на состанокот и преку самото наше присуство, ние правиме многу за да се изградуваме еден со друг со цел да продолжиме во верниот правец (1. Сол. 5:11, НС).

3 Зарем не исчекуваш со радост да ги видиш другите на собраниските состаноци? Грижливо ги слушаш нивните коментари и ги цениш нивните изрази на вера. Нивните духовни дарови придонесуваат за твоето изградување. Доколку тие не би биле присутни на состанокот, ти би чувствувал дека ти недостига нешто важно. Твоите браќа и сестри го чувствуваат истото за тебе доколку ти не си присутен.

4 Виталната улога што ја играат состаноците: Еднаш Стражарска кула коментирала за тоа колку состаноците се витални за нашето духовно преживување, велејќи: „Во овој неморален свет расцепкан од раздори, христијанското собрание е вистинско духовно засолниште . . . засолниште на мир и љубов. Затоа, биди редовен посетител на сите негови состаноци“ (w 15.8.93 11). Секој ден, ние се конфронтираме со ситуации кои духовно нѐ исцедуваат. Ако не сме внимателни, би можеле да станеме толку вдлабочени во сопствените тегобни грижи што би можеле да ги изгубиме од вид поважните духовни грижи. Сите ние сме зависни еден од друг во поглед на охрабрувањето кое ни е потребно за да останеме обединети и ревносни во Божјата служба (Евр. 10:24, 25).

5 Нашето присуство на состаноците е витално. Болест или непредвиден настан можат повремено да нѐ одвојат. Инаку, да бидеме одлучни секогаш да сме вброени меѓу собраниските маси кои заедно го фалат Јехова! (Псал. 25:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели