Зборувај за Јехова секој ден
1 Луѓето уживаат да зборуваат за сѐ она што им е драго на срце, зашто устата зборува од преполнетост на срцето (Лука 6:45б). Што му е блиско на твоето срце? Псалмистот напишал: „Јазикот мој ќе зборува за правдата Твоја и за Твојата похвала секој ден“ (Псал. 34:28). Тој имал длабоко ценење за Јехова и сметал дека е вистинска предност да зборува за Бог и да го фали во секоја прилика. Со тоа што бил присно запознат со Јехова, псалмистот имал да воскликнува за многу добри работи (Псал. 34:9). Како можеме да го имитираме неговиот добар пример?
2 Зборувај за Јехова во својот дом: Јехова треба да е секојдневна тема на разговор во семејниот круг. Родителите кои имаат силна љубов кон Јехова природно ќе зборуваат за него во сите свои активности (5. Мој. 6:5—7). Додека го прават тоа, децата ќе набљудуваат дека нивниот татко и нивната мајка живеат според верата и дека длабоко го ценат Божјиот закон. Тогаш децата ќе гледаат на семејната библиска студија како на вистински израз на побожната оддаденост на нивните родители (2. Петр. 3:11, НС).
3 Зборувај за Јехова со своите браќа: Во текот на нашата седмична теократска рутина имаме многу прилики да ги храниме своите умови и срца со духовна храна. Нам никогаш не ни недостасуваат добри работи за кои имаме да зборуваме (Лука 6:45а). Дали постои некоја точка што си ја присобрал од својата лична студија или од седмичното читање на Библијата, во која особено си уживал? Сподели ја со своите браќа, помагајќи им на тој начин да ја зголемат нивната љубов кон Јехова (Псал. 34:18; Евр. 10:24).
4 Зборувај им на другите за Јехова: Во нашите секојдневни врски со луѓето — на работа, в училиште и со членовите на семејството кои не се соверници — треба без тешкотија да биде очигледно дека нашиот фокус во животот е давањето сведоштво за Јехова. Наместо да биде извалкан со примитивни и вулгарни изрази од светот, нашиот говор треба да го возвишува Јехова. Секојдневно, во секоја прилика, зборувај им на другите за добрата вест која тој ни наложил да ја проповедаме (Дела 5:42; Кол. 4:6).
5 Како вистински обожаватели на Јехова, секојдневно да ги искористуваме приликите да им зборуваме на другите за нашиот неспоредлив Бог, Јехова (Псал. 105:47).