Јехова дава моќ над она што е нормално
1 На сите Исусови ученици им е доверена драгоцена предност на светата служба — христијанската служба (Мат. 24:14; 28:19, 20). Но, човечката несовршеност и притисоците од овој систем на ствари може понекогаш да предизвикаат да гледаме на себеси како да сме прилично неадекватни.
2 Кога се случува тоа, можеме да бидеме утешени преку писмото на апостол Павле до помазаните христијани во Коринт. Тој напишал: „Таа ризница ја носиме во глинени садови“ (2. Кор. 4:7). Павле бил сигурен: „Имајќи го . . . ова служење, ние со духот не паѓаме [не се предаваме, NW]“ (2. Кор. 4:1). Точно, за секој од нас, без разлика дали сме помазаници или од ‚другите овци‘, предизвик е да продолжиме да ја објавуваме добрата вест и да „не се предаваме“. Нам ни е потребна сила од Бог, кој ни дава „моќ над она што е нормално“ (Јован 10:16; 2. Кор. 4:7б, NW).
3 Охрабрувачки е тоа што многу Сведоци се ревни евангелизатори и покрај тоа што мораат да се борат со горко противење, сериозни здравствени проблеми или ограничени финансии. Сите ние мораме да сфатиме дека нашата доделба да проповедаме има Јеховина поддршка. Наместо да дозволиме обесхрабрувањето или стравот да ја ослабнат нашата решеност да проповедаме, ‚да се потсилуваме [да продолжиме да стекнуваме моќ, NW] во Господа и во силата на Неговата моќ‘ (Ефеш. 6:10; Изр. 24:10).
4 Како да стекнуваме Божја моќ: Истрај во молитва, барајќи Божја помош и сила (Рим. 12:12; Фил. 4:6, 7). Потоа, со сето свое срце имај доверба дека Јехова ќе ти даде моќ над она што е нормално (Изр. 3:5). Читај ги современите животни приказни во нашите списанија, зашто тие даваат доказ дека Јехова им помага на своите денешни слуги да истраат во испитите. Држи се блиску до браќата во собранието и не напуштај ги собраниските состаноци (Рим. 1:11, 12; Евр. 10:24, 25).
5 Нека сите ние правиме сѐ што можеме за да добиеме Јеховина моќ — моќ која е над она што е нормално и која ќе ни помогне да не се предадеме во најважното дело на проповедање на Царството.