Известувања
◼ Понуда на литература за јануари: Која било книга од 192 страници објавена пред 1985 што собранието можеби ја има на залиха. Собранијата кои немаат залиха од такви книги можат да нудат Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Февруари: Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Спознание кое води до вечен живот. Сосредоточи се на започнување домашни библиски студии. Април: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се!
◼ На сите крстени објавители кои ќе бидат присутни на Состанокот за служба во седмицата од 5 јануари, ќе им бидат дадени картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување и Легитимацијата за нивните деца.
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 1 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе биде „Дали го делиш Божјето гледиште за животот?“
◼ Собранијата треба да прават погодни подготовки за да го прослават Меморијалот годинава, во сабота на 11 април, после зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите за Меморијалот не треба да започне сѐ до после зајдисонце. Проверете кај локалните извори за да одредите кога настапува зајдисонцето во вашето подрачје. Иако е пожелно секое собрание да одржи своја сопствена прослава на Меморијалот, тоа можеби секогаш не е можно. Онаму каде што обично извесен број собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да се изборат за користење на друг објект за таа вечер. Меморијалот не треба да започне толку доцна што на новозаинтересираните луѓе би им било непогодно да присуствуваат. Ниту, пак, распоредот треба да биде толку збиен па да нема време пред или после прославата да се поздрават посетителите, да се направат подготовки за континуирана духовна помош на заинтересираните лица или, пак, за радување на општата размена на охрабрување. Откако темелно ќе ги разгледаат сите фактори, старешините треба да одлучат кои подготовки најдобро ќе им помогнат на оние кои присуствуваат на Меморијалот да извлечат целосна корист од приликата.
◼ Специјалното јавно предавање за сезоната на Меморијалот за 1998 ќе се одржи в недела, на 29 март. Нацртот ќе биде обезбеден. Оние собранија кои тој викенд имаат посета од патувачкиот надгледник, покраински собир или Ден на специјален собир, ќе го имаат специјалното предавање следната седмица. Ниедно собрание не треба да го има специјалното предавање пред 29 март 1998.
◼ Старешинското тело треба да биде свесно дека кога собранието присуствува на локалните собири, потребни се следниве преиначувања. Кога е предвидена програма за Ден на специјален собир, собранието ќе ги има сите нормални состаноци во текот на седмицата, освен Состанокот за јавност и Студијата на Стражарска кула, кои се испуштаат. Кога е предвидено да присуствува на покраински собир, собранието ќе ги испушти исто така Теократската школа за служба и Состанокот за служба; таа седмица локално ќе се одржи само Собраниската студија на книга.
◼ Почнувајќи од седмицата од 4 мај 1998 и продолжувајќи до седмицата од 14 септември 1998, на Собраниската студија на книга ќе се разгледува Библијата — Реч Божја или човечка?
◼ Нови публикации на располагање:
Книга за сите луѓе — македонски
Тајната на семејната среќа — македонски
◼ Нови компакт дискови на располагање:
Мелодии на Царството — том 7