Добро користи ги летоците
1 Собраниските летоци се корисни за информирање на луѓето во средината за адресата на Салата на Царството и за точното време на состаноците. Би било добро да оставиш по еден кај секое лице со кое контактираш. За таа цел, секое собрание треба да чува доволно залиха летоци. Собранијата кои годишно ги менуваат термините за состаноци во јануари, во текот на претходниот октомври секоја година треба да нарачуваат нови летоци за да имаат секогаш при рака залиха со текуштите термини за состаноците. За таа цел, треба да се користи формуларот Нарачка на летоци. Кога веќе ги имате, како можат да се употребуваат летоците за да се има најголема корист?
2 Многу објавители увидуваат дека врачувањето по еден леток е делотворен начин да се претставиме и да започнеме разговори со едно лице. Истакнувањето на распоредот за состаноци или пораката на спротивната страна може да го отвори патот за дискусија во врска со нашето дело и неговата цел. Родителите можат да ги вклучат своите мали деца во службата со тоа што ќе нудат леток на вратата. Објавителите кои учествуваат во сведочење преку пишување писма треба да приложат леток во своето писмо и да го поканат лицето да присуствува на состаноците. Можеби летоци можат да се остават кај оние кои не се дома, под услов да се води сметка да се стават под вратата за во потполност да бидат вон видното поле.
3 Летоците биле инструмент за насочување на лицата со искрени срца кон вистината. Едно искуство кажува за една жена, која благодарение на еден леток, можела да ја исполни својата животна желба да ја разбере Библијата. Откако поминала една ноќ во молитва до Бог, утрото една двојка Сведоци заѕвониле на нејзиното ѕвонче. Погледнувајќи низ шпиунката, таа извикала дека не би можела да ја отвори вратата. Сведоците поттурнале еден леток под вратата. Тој гласел: „Запознајте ја Вашата Библија“. Таа го видела и ја отворила вратата. Веднаш била започната студија и подоцна била крстена. Никогаш да не ја потценуваме моќта на Божјиот дух, редовно да ги користиме добро летоците додека потполно ја извршуваме нашата служба. (Види и Наша служба за Царството од февруари 1994, страница 1.)