Доколку донесува резултати, користи ја!
1 Наша служба за Царството постојано нѐ обезбедува со разноликост од предложени презентации за да ги користиме во службата. Таа ни дава свежи идеи за тоа како да создадеме интерес за пораката за Царството. Можеби ти секој месец вложуваш напор да научиш една или повеќе од овие презентации. Меѓутоа, можеби некои објавители увидуваат дека до времето кога тие неколкупати употребиле една од нив, веќе друго издание на Наша служба за Царството дава нови презентации. Очигледно е дека можеби нема да биде возможно секој да научи нова презентација пред да совлада некоја претходна.
2 Секако, постојат илјадници пионери и други објавители кои поминуваат многу време во службата на теренот. Освен тоа, многу собранија го обработуваат целото свое подрачје на секои неколку седмици. Во вакви околности, објавителите ценат да имаат нови пристапи и идеи за презентирање на пораката. Тоа им помага да ги подобрат своите вештини. Исто така, тоа ја прави нивната служба поинтересна и поплодна и им помага да ги задоволат предизвиците на кои наидуваат.
3 Во секој случај, доколку имаш подготвено презентација која добро функционира во негувањето интерес, како и да било продолжи да ја користиш! Нема потреба да престанеш да користиш една делотворна презентација која донесува резултати. Едноставно, адаптирај ја кон понудата на литература за текуштиот месец. Додека ги разгледуваш предлозите кои се дадени во Наша служба за Царството, побарај интересни точки кои можеби ќе сакаш да ги внесеш во твојата презентација.
4 Затоа, кога добиваш ново издание од Наша служба за Царството, запомни дека презентациите кои тоа ги содржи се само предлози. Доколку можеш да ги користиш, фино. Но, доколку веќе си нашол презентација која донесува резултати на твоето подрачје, користи ја! Она што е важно е ‚потполно да ја извршиш својата служба‘ на еден фин начин, наоѓајќи ги достојните и помагајќи им да станат ученици (2. Тим. 4:5, NW).