Известувања
◼ Понуда на литература за март: Спознание кое води до вечен живот. Сосредоточи се на започнување домашни библиски студии. Април и мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Јуни: Која било книга од 192 страници која можеби собранието ја има на залиха: Да дође Царство твоје, Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог, Pravi mir i sigurnost — Kako ih pronaći?, Преживети за живот на новој земљи, Пут ка правој срећи, Светска сигурност под „Кнезом мира“, Slušati velikog Učitelja и Учини своју младост успешном.
◼ Објавителите кои сакаат да служат како помошни пионери во април и мај треба сега да ги направат своите планови и рано да ја предадат својата молба. Тоа ќе им помогне на старешините да ги направат потребните подготовки за служба на теренот и да имаат при рака доволно списанија и друга литература. Во собранието треба да бидат објавени имињата на сите на кои им е одобрено да бидат помошни пионери.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е назначен од него треба да го прегледа собраниското сметководство на 1 март или колку што е можно набрзо после тоа. Дајте известување пред собранието кога тоа ќе биде сторено.
◼ Заедницата не исполнува нарачки на литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да среди, секој месец, пред да се испрати собраниската месечна нарачка за литература до Заедницата, да се даде известување така што сите кои се заинтересирани да набават артикли за лична литература можат да го известат братот кој работи со литературата. Ве молиме, имајте на ум кои публикации се артикли со специјална нарачка.
◼ Ние секогаш се радуваме кога објавителите и заинтересираните лица го посетуваат бетелскиот дом во Скопје. Доколку планирате да го посетите Бетелот во група од 10 лица или повеќе, ве молиме информирајте го Бетелот предвреме за да можеме да направиме подготовки да се погрижиме за вас. Обиколките во Бетелот траат околу половина час и ние сакаме да ве потсетиме дека термините за обиколки се од 8.00 до 11.00 и потоа повторно од 13.00 до 16.00. Во сабота термините се од 8.00 до 11.00. Во недела нема обиколки во Бетелот.