Потсетници за Меморијалот
Одржувањето на Меморијалот паѓа в сабота, на 11 април. Старешините треба да обрнат внимание на следниве работи:
◼ При одредувањето на времето за состанокот, уверете се дека симболите нема да поминат сѐ додека не зајде Сонцето.
◼ Секој, вклучувајќи го и говорникот, треба да биде информиран за точното време и место на одржувањето.
◼ Треба да се набават и да бидат спремни соодветен вид леб и вино. (Види Стражарска кула од 1 март 1985, стр. 16.)
◼ Во салата треба однапред да се донесат и да се постават чинии, чаши како и прикладна маса и чаршав.
◼ Салата на Царството или другото место за состанок треба доволно рано да бидат темелно исчистени.
◼ Редарите и послужителите треба да бидат однапред избрани и поучени во врска со исправната процедура и нивните должности.
◼ Треба да се направат подготовки да биде послужен секој помазаник кој е немоќен или болен и не е способен да присуствува.
◼ Кога е предвидено истата Сала на Царството да ја користат повеќе од едно собрание, треба да постои добра координација меѓу собранијата за да се избегне непотребна гужва во холот, пред влезот, на јавните тротоари и на паркиралиштето.