Состаноци за служба за април
Седмица што почнува од 6 април
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Потсети ги сите за местото и времето на одржувањето на Меморијалот в сабота, 11 април. Теократски вести.
15 мин: „Нашата служба — израз на вистинска љубов“. Прашања и одговори. Вклучи кратки коментари од Стражарска кула од 1 јуни 1987, страници 20, 21, пасуси 3—7.
20 мин: „Списанијата го објавуваат Царството“. Старешина ја разгледува статијата со група од три или четири објавители кои се делотворни во врачувањето списанија. Дискутирај за привлечните обележја на најновите списанија, предлагајќи начини на кои овие мисли можат да се внесат во нашите презентации. Разгледај како може да се зголеми дистрибуцијата на списанија на локалното подрачје. Користејќи ги најновите изданија, посочи на статии кои поттикнуваат интерес, како што се оние кои се занимаваат со социјални, семејни или општествени проблеми. Нека се прикажат две или три кратки презентации. При секоја нека се спомнат донациите за светското дело.
Песна 56 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 13 април
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Присуствувај на состаноците ‚во толку повеќе‘“. Прашања и одговори. Доколку допушта времето, разгледај ја опомената што се наоѓа во книгата Наша служба, страници 64, 65. Срдечно пофали ги сите кои редовно присуствуваат на состаноците.
Песна 155 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 20 април
10 мин: Локални известувања. Објасни дека не е премногу доцна да се поднесе молба за помошна пионерска служба за мај.
10 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина кој љубезно истакнува конкретни начини за да може локално да се постигне подобрување.
25 мин: „Потребни се повеќе библиски студии“. Говор и дискусија со слушателите, што ја води надгледникот за служба. Разгледај ја локалната активност на библиски студии. Пофали го за она за кое собранието е успешно. Истакни што уште може да се стори во започнувањето и водењето библиски студии, вклучувајќи и семејни студии. Илустрирај го 5. пасус интервјуирајќи еден родител кој добро ја води семејната студија. Прочитај го 8. пасус и нагласи ги осумте наведени точки. Објасни го 13. пасус повикувајќи еден објавител кој е делотворен во водењето студии да раскаже како е можно да се обработи материјалот без непотребно одложување. Вклучи добро избрано искуство кое покажува какви добри резултати се постигнати локално.
Песна 200 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 27 април
12 мин: Локални известувања. Објави ги имињата на оние кои ќе бидат помошни пионери во мај. Истакни ги дополнителните подготовки кои се прават локално за состаноци за служба. Раскажи некои корисни предлози за подготовка на презентации кои ги истакнуваат најновите списанија. (Види Наша служба за Царството од октомври 1996, страница 8.)
15 мин: „Како ти служат христијанските пастири“. Говор на еден старешина, темелен на Стражарска кула од 15 март 1996, страници 24—27.
18 мин: Задржи позитивен став кога проповедаш на често обработено подрачје. Еден старешина дискутира за оваа потреба со двајца или тројца објавители кои се обесхрабриле поради минималниот одговор на подрачјето кое постојано се обработува. Тој ја разгледува со нив Стражарска кула од 1 ноември 1988, страници 24—26, пасуси 4—14. Тие со оптимизам зборуваат за начините како да се применат овие предлози локално.
Песна 191 и заклучна молитва.