Јеховиниот дух е со нас
1 Како Јеховини сведоци, ние имаме огромна работна задача. Исус рекол: „Кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието“ (Мар. 13:10). Гледано од човечко гледиште, ова би изгледало невозможно, но не е така. Ние ја имаме најмоќната сила во универзумот која нѐ поддржува — Божјиот дух (Мат. 19:26).
2 Доказ од првиот век: Применувајќи го Исаииното пророштво на себе, Исус рекол: ‚Духот Господов е врз Мене за да соопштам радосна вест‘ (Лука 4:17, 18). Пред да се вознесе на небото, тој им рекол на своите апостоли дека и тие ќе бидат зајакнати од светиот дух за да сведочат „дури до крајот на земјата“. Потоа, светиот дух го упатил Филип да му проповеда на еден етиопски дворски службеник, духот го испратил Петар кај еден римски стотник, а исто така ги испратил Павле и Варнава да им проповедаат на нееврејските нации. Кој би помислил дека луѓе со такви позадини би реагирале на вистината? Сепак, тие реагирале (Дела 1:8; 8:29—38; 10:19, 20, 44—48; 13:2—4, 46—48).
3 Доказ од денешно време: Книгата Откровение ја нагласува вклученоста на светиот дух во денешното дело на проповедање, изјавувајќи: „И Духот и невестата велат: ‚Дојди!‘ . . . Кој сака, нека земе од водата на животот дарум“ (Откр. 22:17). Духот ја мотивирал класата на Христовата невеста и нејзините придружници „други овци“ да им ја проповедаат добрата вест на сите народи (Јован 10:16). Треба да бидеме смели во нашето проповедање, никогаш да не се двоумиме да им пристапиме на луѓето од сите видови, секогаш уверени дека Божјиот дух ќе ни помогне. Годишњак 1998 дава убедлив доказ дека Божјиот дух и понатаму е со неговите слуги. Погледни на реакцијата! Во текот на изминатите две службени години, секој ден се крштавале во просек по повеќе од 1.000 лица.
4 Биди уверен дека Божјиот дух ќе биде и понатаму со нас додека ја проповедаме пораката за Царството до оној обем колку што сака Јехова. Ова спознание треба да нѐ охрабри и да нѐ мотивира да продолжиме енергично да се напрегаме во најважното дело на Царството (1. Тим. 4:10).