Состаноци за служба за мај
ЗАБЕЛЕШКА: Наша служба за Царството ќе направи распоред за состанок за служба секоја седмица во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да се овозможи присуствување на конгресот „Божји начин на живот“ и потоа 30-минутно повторување на врвните точки од програмата на Состанокот за служба следната седмица. Повторувањето на програмата на конгресот за секој ден треба однапред да им се додели на тројца квалификувани браќа кои ќе можат да се сосредоточат на истакнати мисли. Ова добро подготвено повторување ќе му помогне на собранието да ги запомни клучните мисли за лична примена и за користење на теренот. Секој коментар од слушателите и раскажаните искуства треба да бидат кратки и конкретни.
Седмица што почнува од 4 мај
8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Теократски вести.
15 мин: „Јеховиниот дух е со нас“. Прашања и одговори. Кога ќе го обработуваш 3. пасус, вклучи соодветни извадоци од Годишњак 1998.
22 мин: „Избирај статии за да ги погодиш посебните интереси на луѓето“. Повтори ги главните мисли во статијата. Објасни дека дури и постарите изданија кои сѐ уште се во добра состојба можат да се нудат на овој начин. Повикај објавители да раскажат кои статии ги истакнале постигнувајќи добри резултати. Демонстрирај ја презентацијата во 7. пасус.
Песна 212 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 11 мај
8 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
12 мин: „Какви се твоите планови за летото?“ Еден старешина дискутира со двајца или тројца објавители за нивните планови за претстојните летни месеци. Тие ги разгледуваат подготовките за присуствување на конгресот, за зголемување на нивната активност во службата на теренот, летувањето и посетувањето на пријателите и роднините. Сите се согласуваат дека нема да ја запостават личната студија, состаноците ниту службата на теренот и објаснуваат како планираат да задржат една добра теократска рутина.
25 мин: „Обласни и меѓународни конгреси за 1998 — ‚Божји начин на живот‘“ (пасуси 1—17). Прашања и одговори. Прочитај ги 11. и 12. пасус. Нагласи ја библиската важност грижливо да го одржиме нашиот скромен христијански изглед и однесување, како и правилно да ги надгледуваме нашите деца.
Песна 48 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 мај
8 мин: Локални известувања. Најави ги подготовките за служба на теренот за 23 и 24 мај.
15 мин: „Дали имаш ‚трн во телото‘?“ Прашања и одговори. Коментирај за „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од 15 ноември 1987, страница 29 (англ.).
22 мин: „Обласни и меѓународни конгреси за 1998 — ‚Божји начин на живот‘“ (пасуси 18—24). Прашања и одговори. Прочитај го 18. пасус и наведениот стих. Нагласи ја потребата од уредност и обѕирност кон другите, особено во поглед на седењето. Заврши со краток говор разгледувајќи „Потсетници за конгресот“.
Песна 139 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 мај
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Зошто ги ценам собраниските состаноци. Старешина води дискусија со една група редовни посетители кои го претставуваат составот на собранието, можеби вклучувајќи брачна двојка, постара личност и тинејџер. Тие се изјаснуваат зошто секогаш присуствуваат: добро друштво, божествена поука и здрав совет, што им помага да се справуваат со секојдневните проблеми и да останат духовно јаки. Коментарите нагласуваат како сите ние сме благословени од редовното присуство на состаноците.
Песна 222 и заклучна молитва.