ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/98 стр. 2
  • Состаноци за служба за јули

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за јули
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 6 јули
  • Седмица што почнува од 13 јули
  • Седмица што почнува од 20 јули
  • Седмица што почнува од 27 јули
Нашата служба за Царството 1998
km 7/98 стр. 2

Состаноци за служба за јули

Седмица што почнува од 6 јули

Песна 168

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за мартовскиот извештај за службата на теренот во земјата и во локалното собрание. Теократски вести.

15 мин: „Колку е добро секогаш да бидеме присутни!“ Прашања и одговори. Вклучи и коментари од Разбудете се! од 8 октомври 1988, страници 20—23 (срп.), за да ги охрабриш младите редовно да присуствуваат на состаноците.

20 мин: „Нашите ближни треба да ја чујат добрата вест“. Договори двајца или тројца способни објавители да ги разгледаат предлозите за презентирање на неколку од новите брошури кои собранието ги има на залиха. Објасни зошто тие може да бидат ефикасни на локалното подрачје. Нагласи ја целта да се започнат библиски студии со брошурата Бара или со книгата Спознание. Прикажи една уводна презентација после која следи повторна посета и понуда на студија. Не заборавај да ја спомнеш подготовката за донации.

Песна 105 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 13 јули

Песна 33

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Охрабри ги сите сериозно да размислат да се пријават како помошни пионери во текот на август, кога ќе има цели пет викенди.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Дали те труе духот на светот? Говор на еден старешина темелен на Стражарска кула од 1 октомври 1997, страници 25—29.

Песна 58 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 јули

Песна 77

8 мин: Локални известувања. Разгледај ја рамката со наслов „Деветстотини!“

12 мин: „Посета која може да биде благослов“. Дискусија помеѓу двајца старешини. Објасни ги целите на пастирското дело како што се разгледани во Стражарска кула од 15 септември 1993, страници 20—23. Срдечно охрабри го собранието со радост да ги очекува посетите од старешините.

25 мин: „Пионерска служба — дали е за тебе?“ (пасуси 1—14). Надгледникот за служба дава кратки уводни забелешки, охрабрувајќи ги сите сериозно да размислат за општата пионерска служба. Потоа дискутира за првото прашање, вклучувајќи и коментари од „Воодушевен пионерски дух“ од Годишњак 1998, страници 104, 105. Двајца или тројца членови од собранието кои имаат искуство во пионерската служба му се придружуваат на подиумот за да дискутираат за второто прашање. Тие споделуваат едно практично, реално гледиште за тоа како е можно да опстанат материјално како пионери. Потоа, на групата ѝ се придружуваат двајца родители за да дискутираат за третото прашање. Тие даваат позитивни причини за тоа зошто младите треба сериозно да размислат за кариера на полновремена служба. Охрабри ги сите да присуствуваат на Состанокот за служба следната седмица, кога ќе се разгледуваат останатите прашања.

Песна 135 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 јули

Песна 155

15 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за службата на теренот во јули. Објави ги подготовките за служба за првиот викенд во август, и охрабри ги сите да учествуваат. Разгледај „Нова програма за покраинскиот собир“.

30 мин: „Пионерска служба — дали е за тебе?“ (пасуси 15—25). Говор и дискусија што ја води старешина. Однапред договори со пионерите и со оние кои пионереле во минатото да споделат срдечни изрази како одговор на прашањата 4 и 5. Тие ја нагласуваат потребата од добар распоред и придржување за него, давајќи примери на практични распореди за седмична служба кои се навистина делотворни. Старешината заклучува со еден мотивирачки говор кој одговара на шестото прашање. Почетокот на службената година од 1 септември е добро време за новите пионери да ја започнат својата полновремена служба. Молбите можат да се добијат од секој член на Службениот одбор на собранието.

Песна 146 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели