Известувања
◼ Понуда на литература за октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ноември и декември: Спознание кое води до вечен живот. Јануари: Која било книга од 192 страници, издадена пред 1985 која собранието можеби ја има на располагање. Собранијата кои немаат резерва од такви книги може да ја нудат Pravi mir i sigurnost — Kako ih pronaći? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата.
◼ Додатокот на ова издание од Наша служба за Царството е „Распоред на Теократската школа за служба за 1999“ и треба да се чува за користење во текот на 1999.
◼ Поканите за Меморијалот за 1999 на мајчиниот јазик на секое собрание се вклучени во годишната пратка со формулари. Ако на вашето подрачје се зборуваат и други јазици и би сакале покани на тие јазици, треба веднаш да ги побарате со Формуларот за нарачка на литература (S-14). Ве молиме, нарачајте само на оние јазици кои се потребни за вашето подрачје.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Секојдневно разгледување на Писмото за 1999 заедно со нивната нарачка на литература за октомври. Брошурите ќе бидат достапни на англиски, германски, македонски, руски, српски, турски, хрватски и по потреба на други јазици. Сѐ додека овие брошури не бидат достапни и додека не се изврши испораката, на собраниските листи за пакување ќе стои „Во тек“. Брошурата Секојдневно разгледување на Писмото спаѓа во посебна нарачка.