Распоред за Теократска школа за служба — 1999
Упатства
Во текот на 1999 година, подготовките за Теократската школа за служба ќе бидат следниве:
УЧЕБНИЦИ: Задачите ќе се темелат на Светото писмо, Стражарска кула [w], Разбудете се! [g], „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“ [si-SB], Тајната на семејната среќа [fy] и Библиски теми за дискусија [td].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со песна, молитва и изрази на добредојде, а потоа да продолжи на следниов начин:
ЗАДАЧА БР. 1: 15 минути. Треба да ја одржи старешина или слуга помошник, а ќе се темели на Стражарска кула, Разбудете се! или „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“. Кога ќе се темели на Стражарска кула или Разбудете се!, оваа задача треба да биде изнесена како 15-минутен поучен говор без усно повторување; кога ќе се темели на книгата „Сето Писмо“, треба да се изнесе како 10 до 12-минутен поучен говор со 3 до 5 минути усно повторување после тоа, со користење на печатените прашања од публикацијата. Целта не треба да биде само да се обработи материјалот туку да се сосредоточи вниманието и на практичната вредност на информациите кои се дискутираат, истакнувајќи го она што би било од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема.
Браќата на кои им е доделен овој говор треба да внимаваат да се држат во рамките на определеното време. Ако им се даде приватен совет, на ливчето Совет за говори треба да се стави соодветна ознака.
ВРВНИ ТОЧКИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 6 минути. Треба да ги изнесе некој старешина или слуга помошник кој делотворно ќе го примени материјалот на локалните потреби. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Може да се вклучи 30 до 60 секунди општ преглед на доделените поглавја. Меѓутоа, главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите ни користат нам. Потоа, надгледникот на школата ќе ги распореди учениците во нивните различни простории.
ЗАДАЧА БР. 2: 5 минути. Тоа е читање на доделениот материјал од Библијата што ќе го одржи еден брат. Ова ќе важи како за главната школа така и за помошните групи. Доделбите за читање обично се доволно кратки за да им дадат можност на учениците да изнесат кратки објасненија во уводните и во заклучните забелешки. Може да се вклучи историска позадина, пророчко или доктринарно значење, како и примена на начелата. Сите доделени стихови треба да се прочитаат без прекинување. Се разбира, кога стиховите што треба да се читаат не се еден по друг, ученикот може да го наведе стихот онаму каде што продолжува читањето.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе ѝ биде доделена на сестра. Темата на оваа презентација ќе се темели на Тајната на семејната среќа или на Библиски теми за дискусија. Рамката може да биде неформално сведочење, повторна посета, домашна библиска студија или некоја друга гранка од службата на теренот. Во некои случаи може да вклучува родител кој му пренесува информации на малолетно дете. Учесниците можат да седат или да стојат. Надгледникот на школата ќе биде особено заинтересиран за начинот на кој ученичката му помага на станарот или на детето да резонира за материјалот и да разбере како се применети библиските стихови. Ученичката на која ѝ е доделен овој дел треба да знае да чита. Надгледникот на школата ќе одреди еден помошник, но може да се користи и додатен помошник. Ученичката може да одреди дали станарот ќе прочита извесни пасуси кога ја разгледуваат книгата Семејна среќа. Првенствено внимание треба да се обрне на делотворното користење на материјалот, а не на рамката.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Кога оваа задача ќе се темели на Библиските теми за дискусија, ќе биде доделена на брат или на сестра. Кога ќе се темели на Тајната на семејната среќа, ќе му биде доделена на брат. За секоја доделба темата е изложена во распоредот. Кога му се доделува на брат, овој говор треба да се изнесе имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството за да биде навистина информативен и корисен за оние кои ќе го слушаат. Кога овој дел ѝ се доделува на сестра, таа треба да се потруди да ја прилагоди темата и доделениот материјал на практични околности, по можност служба на теренот или неформално сведочење.
*ДОПОЛНИТЕЛЕН РАСПОРЕД ЗА ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА: Тој е изложен во загради после бројот на песната за секоја седмица. Со следењето на овој распоред, читајќи околу десет страници седмично, може да се прочита целата Библија за три години. Ниеден дел од програмата на школата ниту, пак, од писменото повторување не е темелен на дополнителниот распоред за читање.
ЗАБЕЛЕШКА: За додатни информации и упатство во поглед на советот, времетраењето, писменото повторување и подготовката за задачите, ве молиме видете во Наша служба за Царството од октомври 1996, на страница 3.
РАСПОРЕД
4 јан. Читање на Библијата: Откровение 16—18
Песна бр. 46 [*4. Царства 16—19]
Бр. 1: Како Бог ја инспирирал Библијата? (w 15.6.97 стр. 4—8)
Бр. 2: Откровение 16:1—16
Бр. 3: Заштити го своето дете од лошо (fy стр. 61—63, пас. 24—28)
Бр. 4: td 36Б Треба да се обожава само Јехова
11 јан. Читање на Библијата: Откровение 19—22
Песна бр. 187 [*4. Царства 20—25]
Бр. 1: Откровение — Зошто е корисна? (si стр. 268, 269, пас. 28—34)
Бр. 2: Откровение 22:1—15
Бр. 3: Родители — држете отворени линии на комуникација (fy стр. 64—66, пас. 1—7)
Бр. 4: td 1А Армагедон е Божја војна која ќе ѝ стави крај на злобата
18 јан. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 1—3
Песна бр. 79 [*1. Летописи 1—6]
Бр. 1: Увод во 1. Мојсеева (si стр. 13, 14, пас. 1—8)
Бр. 2: 1. Мојсеева 1:1—13
Бр. 3: Поучи ги децата за духовните и моралните вредности (fy стр. 67—70, пас. 8—14)
Бр. 4: td 24Б Крштавањето не ги исчистува гревовите
25 јан. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 4—6
Песна бр. 213 [*1. Летописи 7—13]
Бр. 1: Чувај се од припишувањето погрешни мотиви (w 15.5.97 стр. 26—29)
Бр. 2: 1. Мојсеева 4:1—16
Бр. 3: Зошто стегата и почитувањето се многу важни (fy стр. 71, 72, пас. 15—18)
Бр. 4: td 2А Библијата е инспирирана од Бог
1 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 7—9
Песна бр. 144 [*1. Летописи 14—21]
Бр. 1: Библискиот извештај за потопот е точен (g 8.5.97 стр. 14, 15)
Бр. 2: 1. Мојсеева 7:1—16
Бр. 3: Поучи ги децата за божественото гледиште за работата и играта (fy стр. 72—75, пас. 19—25)
Бр. 4: td 22А Зошто христијаните мораат да се воздржуваат од крв
8 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 10—12
Песна бр. 132 [*1. Летописи 22—29]
Бр. 1: Вистината за лажењето (g 8.6.97 стр. 22—24)
Бр. 2: 1. Мојсеева 12:1—20
Бр. 3: Бунтовноста на децата и причините за неа (fy стр. 76—79, пас. 1—8)
Бр. 4: td 22Б Послушноста кон Бог е на прво место за христијаните
15 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 13—15
Песна бр. 135 [*2. Летописи 1—8]
Бр. 1: Човечката слабост ја велича Јеховината моќ (w 1.6.97 стр. 24—27)
Бр. 2: 1. Мојсеева 14:8—20
Бр. 3: td 60Г Христијанската црква е изградена на Христос
Бр. 4: Не биди попустлив или престрог (fy стр. 80, 81, пас. 10—13)
22 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 16—19
Песна бр. 136 [*2. Летописи 9—17]
Бр. 1: Што откриваат твоите молитви (w 1.7.97 стр. 27—30)
Бр. 2: 1. Мојсеева 18:1—15
Бр. 3: Задоволувањето на основните потреби на детето може да спречи бунтовност (fy стр. 82—84, пас. 14—18)
Бр. 4: td 51А Потврдената наука и создавањето се во согласност
1 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 20—23
Песна бр. 163 [*2. Летописи 18—24]
Бр. 1: Како да ја школуваш својата совест (w 1.8.97 стр. 4—6)
Бр. 2: 1. Мојсеева 23:1—13
Бр. 3: td 23Б Зошто употребата на крстот во обожавањето не е прифатлива за Бог
Бр. 4: Начини како да му се помогне на детето кое греши (fy стр. 85—87, пас. 19—23)
8 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 24, 25
Песна бр. 220 [*2. Летописи 25—31]
Бр. 1: Од што нѐ ослободува вистината? (w 1.2.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 1. Мојсеева 24:1—4, 10—21
Бр. 3: td 50А Зошто луѓето умираат?
Бр. 4: Постапување со непопустлив бунтовник (fy стр. 87—89, пас. 24—27)
15 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 26—28
Песна бр. 169 [*2. Летописи 32—36]
Бр. 1: Местото на музиката во современото обожавање (w 1.2.97 стр. 24—28)
Бр. 2: 1. Мојсеева 26:1—14
Бр. 3: Заштити го своето семејство од погубни влијанија (fy стр. 90—92, пас. 1—7)
Бр. 4: td 12А Кој е Ѓаволот и од каде дошол?
22 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 29—31
Бр. 1: Земјата нема да заврши во оган (g 8.4.97 стр. 14, 15)
Бр. 2: 1. Мојсеева 31:1—18
Бр. 3: td 12Б Ѓаволот е невидливиот владетел на светот
Бр. 4: Божјето гледиште за сексот (fy стр. 92—95, пас. 8—13)
29 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 32—35
Песна бр. 143 [*1. Ездра 8—10 и Неемија 1—4]
Бр. 1: Чудотворно лечење од Бог — Кога? (w 1.7.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 1. Мојсеева 35:1—15
Бр. 3: Помогни им на твоите деца да изберат добри пријатели (fy стр. 95—97, пас. 14—18)
Бр. 4: td 16В Земјата никогаш нема да биде уништена
5 апр. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 36—38
Бр. 1: Спасение — што навистина значи тоа (w 15.8.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 1. Мојсеева 38:6—19, 24—26
Бр. 3: td 25А Лажните пророци не се ништо ново
Бр. 4: Да се избере здрава рекреација за семејството (fy стр. 98—102, пас. 19—27)
12 апр. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 39—41
Песна бр. 34 [*Неемија 12, 13 и Естир 1—5]
Бр. 1: Зошто да се извести она што е лошо? (w 15.8.97 стр. 26—29)
Бр. 2: 1. Мојсеева 40:1—15
Бр. 3: Библиски увид за семејствата со еден родител (fy стр. 103—105, пас. 1—8)
Бр. 4: td 26В Современото лечење со вера не е од Јехова
19 апр. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 42—44
Песна бр. 35 [*Естир 6—10 и Јов 1—5]
Бр. 1: Зошто мора да се контролира лутината? (g 8.9.97 стр. 28—30)
Бр. 2: 1. Мојсеева 42:1—17
Бр. 3: Предизвикот да се заработува за живот како самохран родител (fy стр. 105—107, пас. 9—12)
Бр. 4: td 26Г Зборувањето јазици било привремена подготовка
26 апр. Писмено повторување. Заврши со Откровение 16-22 до 1. Мојсеева 1-44
3 мај Читање на Библијата: 1. Мојсеева 45—47
Бр. 1: Дали жетвените празници му се угодни на Бог? (w 15.9.97 стр. 8, 9)
Бр. 2: 1. Мојсеева 45:16—46:4
Бр. 3: Да се задржи стега во домот со еден родител (fy стр. 108—110, пас. 13—17)
Бр. 4: td 39В Огнот е симбол на уништување
10 мај Читање на Библијата: 1. Мојсеева 48—50
Бр. 1: 1. Мојсеева — Зошто е корисна (si стр. 17—19, пас. 30—35)
Бр. 2: 1. Мојсеева 49:13—28
Бр. 3: Да се добие борбата против осаменоста (fy стр. 110—113, пас. 18—22)
Бр. 4: td 39Д Илустрацијата за богаташот и Лазар не е доказ за вечно мачење
17 мај Читање на Библијата: 2. Мојсеева 1—4
Бр. 1: Увод во 2. Мојсеева (si стр. 19, 20, пас. 1—8)
Бр. 2: 2. Мојсеева 4:1—17
Бр. 3: td 41Б Годишните празнувања и вистинските слуги на Јехова
Бр. 4: Како да им се даде поддршка на семејствата со еден родител (fy стр. 113—115, пас. 23—27)
24 мај Читање на Библијата: 2. Мојсеева 5—8
Бр. 1: Сиромашни, а сепак богати — Како е можно тоа? (w 15.9.97 стр. 3—7)
Бр. 2: 2. Мојсеева 7:1—13
Бр. 3: td 27А Обожавањето ликови го обесчестува Бог
Бр. 4: Користите од соочувањето со болеста со божествен став (fy стр. 116—119, пас. 1—9)
31 мај Читање на Библијата: 2. Мојсеева 9—12
Бр. 1: Што значи тоа да не се биде дел од светот? (g 8.12.97 стр. 12, 13)
Бр. 2: 2. Мојсеева 12:21—36
Бр. 3: Вредноста на духот на исцелување (fy стр. 120, 121, пас. 10—13)
Бр. 4: td 27Б Обожавањето ликови било замка за Израел
7 јуни Читање на Библијата: 2. Мојсеева 13—16
Бр. 1: Како да се најде надеж среде очај (w 15.5.97 стр. 22—25)
Бр. 2: 2. Мојсеева 15:1—13
Бр. 3: Постави приоритети и помогни им на децата да се справат со болеста во семејството (fy стр. 122, 123, пас. 14—18)
Бр. 4: td 27В „Релативното“ обожавање не е одобрено од Бог
14 јуни: Читање на Библијата: 2. Мојсеева 17—20
Бр. 1: Како христијаните им оддаваат чест на остарените родители (w 1.9.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 2. Мојсеева 17:1—13
Бр. 3: td 29А Има само една вистинска религија
Бр. 4: Како да се гледа на медицинското лекување (fy стр. 124—127, пас. 19—23)
21 јуни Читање на Библијата: 2. Мојсеева 21—24
Бр. 1: Точната наука и Библијата се согласуваат (g 8.10.97 стр. 16, 17)
Бр. 2: 2. Мојсеева 21:1—15
Бр. 3: Како може сопругата која е верник да зачува мир во поделено домаќинство? (fy стр. 128—132, пас. 1—9)
Бр. 4: td 29Б Малку квасец го скиселува целото тесто
28 јуни Читање на Библијата: 2. Мојсеева 25—28
Бр. 1: Познај го Јехова, Богот кој е личност (w 1.10.97 стр. 4—8)
Бр. 2: 2. Мојсеева 25:17—30
Бр. 3: td 20А Објавувај го Божјето име
Бр. 4: Како може сопругот кој е верник да зачува мир во поделено домаќинство? (fy стр. 132, 133, пас. 10, 11)
5 јули Читање на Библијата: 2. Мојсеева 29—32
Бр. 1: Не допуштај да те затруе духот на светот (w 1.10.97 стр. 25—29)
Бр. 2: 2. Мојсеева 29:1—14
Бр. 3: Духовното воспитување на децата во поделено домаќинство (fy стр. 133, 134, пас. 12—15)
Бр. 4: td 20В Од каде знаеме дека Јехова Бог постои
12 јули Читање на Библијата: 2. Мојсеева 33—36
Бр. 1: Биди достоен за доверба и задржи го својот интегритет (w 1.5.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 2. Мојсеева 34:17—28
Бр. 3: Да се задржи мирољубив однос со родителите кои имаат поинаква религија (fy стр. 134, 135, пас. 16—19)
Бр. 4: td 20Г Кои се Божјите главни особини?
19 јули Читање на Библијата: 2. Мојсеева 37—40
Бр. 1: 2. Мојсеева — Зошто е корисна (si стр. 23, 24, пас. 26—31)
Бр. 2: 2. Мојсеева 40:1—16
Бр. 3: Предизвикот да се биде очув или маќеа (fy стр. 136—139, пас. 20—25)
Бр. 4: td 20Ѓ Сите не му служат на истиот Бог
26 јули Читање на Библијата: 3. Мојсеева 1—4
Бр. 1: Увод во 3. Мојсеева (si стр. 25, 26, пас. 1—10)
Бр. 2: 3. Мојсеева 2:1—13
Бр. 3: Не допуштај материјалните тежнеења да го поделуваат твојот дом (fy стр. 140, 141, пас. 26—28)
Бр. 4: td 21А Кое е потеклото на Јеховините сведоци
2 авг. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 5—7
Песна бр. 168 [*Псалм 118—124]
Бр. 1: Клучот за вистинската среќа (w 15.10.97 стр. 5—7)
Бр. 2: 3. Мојсеева 6:1—13
Бр. 3: Штетното влијание на алкохолизмот (fy стр. 142, 143, пас. 1—4)
Бр. 4: td 19Б Исус е Божји Син и наименуван Цар
9 авг. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 8—10
Песна бр. 175 [*Псалм 125—142]
Бр. 1: Проникнувањето на принципот рефлектира зрелост (w 15.10.97 стр. 28—30)
Бр. 2: 3. Мојсеева 10:12—20
Бр. 3: Да му се помогне на оној член на семејството кој е алкохоличар (fy стр. 143—147, пас. 5—13)
Бр. 4: td 19Д Верата во Христос мора да биде придружена со дела
16 авг. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 11—13
Песна бр. 163 [*Псалм 143—150 и Изреки 1—5]
Бр. 1: Варди се од „епикурејците“ (w 1.11.97 стр. 23—25)
Бр. 2: 3. Мојсеева 13:1—17
Бр. 3: Куќното насилство, и како да се избегне (fy стр. 147—149, пас. 14—22)
Бр. 4: td 59В Владеењето на Царството започнува додека Христовите непријатели сѐ уште се активни
23 авг. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 14, 15
Бр. 1: Ова навистина се последни денови (w 1.4.97 стр. 4—8)
Бр. 2: 3. Мојсеева 14:33—47
Бр. 3: td 40А Што навистина значи „крајот на светот“
Бр. 4: Дали одговорот лежи во одвојувањето? (fy стр. 150—152, пас. 23—26)
30 авг. Писмено повторување. Заврши со 1. Мојсеева 45-50; 2Мо 1-40 до 3. Мојсеева 1-15
6 септ. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 16—18
Бр. 1: Кога повеќе нема да има страдање (w 15.2.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 3. Мојсеева 16:20—31
Бр. 3: td 14Б Бог ветува вечен живот за послушното човештво
Бр. 4: Библискиот начин на решавање на брачните проблеми (fy стр. 153—156, пас. 1—9)
13 септ. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 19—21
Песна бр. 220 [*Проповедник 1—12]
Бр. 1: Зошто аскетизмот не е клуч за мудроста (g 8.1.98 стр. 20, 21)
Бр. 2: 3. Мојсеева 19:16—18, 26—37
Бр. 3: td 14Д Вечен живот им е ветен на неограничен број „други овци“
Бр. 4: Да се извршува брачната должност (fy стр. 156—158, пас. 10—13)
20 септ. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 22—24
Песна бр. 8 [*Песна над песните 1—8 до Исаија 1—5]
Бр. 1: Дали секое жалење е лошо? (w 1.12.97 стр. 29—31)
Бр. 2: 3. Мојсеева 23:15—25
Бр. 3: td 4В Христијаните мора да го почитуваат начелото за поглаварство
Бр. 4: Библиска основа за развод (fy стр. 158, 159, пас. 14—16)
27 септ. Читање на Библијата: 3. Мојсеева 25—27
Бр. 1: 3. Мојсеева — Зошто е корисна (si стр. 28, 29, пас. 28—39)
Бр. 2: 3. Мојсеева 25:13—28
Бр. 3: td 4Д Христијаните треба да стапуваат во брак само со христијани
Бр. 4: Што вели Писмото за одвојувањето (fy стр. 159—162, пас. 17—22)
4 окт. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 1—3
Бр. 1: Увод во 4. Мојсеева (si стр. 30, 31, пас. 1—10)
Бр. 2: 4. Мојсеева 1:44—54
Бр. 3: Да се старее заедно (fy стр. 163—165, пас. 1—9)
Бр. 4: td 35А Марија не била „мајка Божја“
11 окт. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 4—6
Бр. 1: Јехова владее со сочувство (w 15.12.97 стр. 28, 29)
Бр. 2: 4. Мојсеева 4:17—33
Бр. 3: Повторно оживејте ја својата брачна врска (fy стр. 166, 167, пас. 10—13)
Бр. 4: td 30А Што вели Писмото за Меморијалот
18 окт. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 7—9
Бр. 1: Каде може да се најде вистинска среќа (w 15.3.97 стр. 23)
Бр. 2: 4. Мојсеева 9:1—14
Бр. 3: Радувај им се на своите внуци и прилагодувај се додека старееш (fy стр. 168—170, пас. 14—19)
Бр. 4: td 30Б Мисата не е библиска
25 окт. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 10—12
Бр. 1: Јехова се грижи за напатените (w 15.4.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 4. Мојсеева 10:11—13, 29—36
Бр. 3: Сооочи се со загубата на твојот сопружник (fy стр. 170—172, пас. 20—25)
Бр. 4: td 45А Зошто вистинските христијани се прогонувани
1 ноем. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 13—15
Бр. 1: Зошто чудата сами по себе не градат вера (w 15.3.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 4. Мојсеева 14:13—25
Бр. 3: td 45Г Сопругот не треба да дозволи жената да го спречи во неговото служење на Бог
Бр. 4: Христијански начини на почитување на остарените родители (fy стр. 173—175, пас. 1—5)
8 ноем. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 16—19
Бр. 1: Зошто сиромаштијата не го оправдува крадењето (g 8.2.98 стр. 18, 19)
Бр. 2: 4. Мојсеева 18:1—14
Бр. 3: Покажувај љубов и сочувство (fy стр. 175—178, пас. 6—14)
Бр. 4: td 31В Зошто извесни молитви се неважечки
15 ноем. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 20—22
Бр. 1: Како дошла Библијата до нас — дел 1 (w 15.8.97 стр. 8—11)
Бр. 2: 4. Мојсеева 20:14—26
Бр. 3: Секогаш барај сила од Јехова (fy стр. 179—182, пас. 15—21)
Бр. 4: td 38А Исусовиот човечки живот бил „откупнина за сите“
22 ноем. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 23—26
Песна бр. 175 [*Јеремија 7—13]
Бр. 1: Како дошла Библијата до нас — дел 2 (w 15.9.97 пас. 25—29)
Бр. 2: 4. Мојсеева 23:1—12
Бр. 3: Развивај божествена оддаденост и самосовладување (fy стр. 183, 184, пас. 1—5)
Бр. 4: td 47А Како да се идентификува единствената вистинска религија
29 ноем. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 27—30
Песна бр. 180 [*Јеремија 14—21]
Бр. 1: Како дошла Библијата до нас — дел 3 (w 15.10.97 стр. 8—12)
Бр. 2: 4. Мојсеева 27:1—11
Бр. 3: Исправно гледиште за поглаварството (fy стр. 185, 186, пас. 6—9)
Бр. 4: td 47Д Кога Бог одобрува да се промени религијата
6 дек. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 31, 32
Песна бр. 86 [*Јеремија 22—28]
Бр. 1: Корените на современиот Божиќ (w 15.12.97 стр. 4—7)
Бр. 2: 4. Мојсеева 31:13—24
Бр. 3: Неопходната улога на љубовта во семејството (fy стр. 186, 187, пас. 10—12)
Бр. 4: td 5А Кој ќе биде подигнат од мртвите?
13 дек. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 33—36
Песна бр. 37 [*Јеремија 29—34]
Бр. 1: 5. Мојсеева — Зошто е корисна (si стр. 34, 35, пас. 32—38)
Бр. 2: 4. Мојсеева 36:1—13
Бр. 3: td 57А Христовото враќање е невидливо
Бр. 4: Да се извршува Божјата волја како семејство (fy стр. 188, 189, пас. 13—15)
20 дек. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 1—3
Песна бр. 201 [*Јеремија 35—41]
Бр. 1: Увод во 5. Мојсеева (si стр. 36, 37, пас. 1—9)
Бр. 2: 5. Мојсеева 2:1—15
Бр. 3: td 48А Христијаните не се обврзани да го држат Сабатот
Бр. 4: Семејството и твојата иднина (fy стр. 190, 191, пас. 16—18)
27 дек. Писмено повторување. Заврши со 4. Мојсеева 16-27; 4Мо 1-36 до 5. Мојсеева 1-3
Песна бр. 181 [*Јеремија 42—48]