Рубрика прашања
◼ Какви мерки на претпазливост треба да преземат родителите кога нивните малолетни деца учествуваат во службата на теренот?
Христијанските родители исправно постапуваат што ги земаат со себе своите деца во службата на теренот, обучувајќи ги да ја споделуваат добрата вест за Царството заедно со другите. Додека го прават тоа, потребно е будно да внимаваат на своите млади поради потенцијалните опасности на подрачјето, па дури и во „побезбедните“ соседства. Сѐ повеќе и повеќе децата се предмет на насилство и злоупотреба поради порастот на алчноста и сексуалната расипаност во овие ‚тешки времиња‘ во кои живееме (2. Тим. 3:1—5). Родителите треба да преземат разумни мерки на претпазливост за да ги заштитат своите малечки од оние кои ги демнат. Што можат да направат?
Библијата мудро советува да бидеме претпазливи и да внимаваме за однапред да ја увидиме опасноста (Изр. 22:3; Мат. 10:16). Овде намерата не е да поставуваме правила, но мудро е родителот или некој друг возрасен да го придружува детето кога учествува во службата на теренот. Ако двајца одговорни млади објавители работат заедно, препорачливо е еден родител или некој друг возрасен постојано да ги има на око. Се разбира, додека детето расте и станува сѐ поодговорно, родителите можат да одлучат дали ќе му биде потребно помало надгледување од нивна страна. (Види и Рубрика прашања во Наша служба за Царството од октомври 1992.)
Исто така, мудро е секогаш да се мисли на безбедноста кога се патува со автомобил и додека се пешачи. Покажувањето исправна претпазливост честопати спречува несреќи и трагичниот товар на болката, медицинските трошоци и можните законски одговорности во овој свет во кој се водат сѐ повеќе парници.
Прикладно е младите да „го фалат името на Господа“ (Псал. 148:12, 13). Нивните пријатни зборови и доброто однесување додека се во службата на теренот оставаат силен впечаток кај другите и му донесуваат чест на Јехова. Родители, по секоја цена помогнете им на своите деца редовно да учествуваат во објавувањето на добрата вест додека и вие сте постојано будни за да ги заштитите од секакви потенцијални опасности!