Високо цени го Јеховиното прекрасно име
1 Сатана го наклеветил Божјето име кога ги натерал нашите прародители да направат грев. Ѓаволот нафрлил дека Јехова го лажел Адам (1. Мој. 3:1—5). Бидејќи божественото име е поврзано со Божјата способност да ја исполни својата реч, тврдењето на Сатана било најзлобна клевета. Постепено исполнувајќи ја својата божествена намера, Јехова го исчистил своето име од прекор и го направил прекрасно (Иса. 63:12—14).
2 Ние сме народ кого Јехова ‚го нарекол со своето име‘ (Дела 15:14, 17). Тоа ни дава прилика да покажеме што мислиме за неговото посветување. За нас Јеховиното име е навистина прекрасно, бидејќи претставува сѐ што е добро, љубезно, милостиво и праведно. Исполнети сме со стравопочит кон величественоста на Божјето славно име (Псал. 8:1; 98:3; 148:13). Што треба да сме поттикнати да правиме?
3 Посвети го Божјето име: Божјето име не може да се направи посвето отколку што веќе е. Но, со нашето чисто однесување и со проповедањето за Царството, можеме да покажеме дека најголемо ценење му даваме на Божјето име. Да извикнеме: „Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови; напомнувајте дека името Негово е големо“ (Иса. 12:4). Како можеме да го правиме ова?
4 Можеме да ја искористиме секоја прилика за да го објавуваме Јеховиното име и сѐ што претставува тоа. Формално или неформално, од куќа до куќа или од продавница до продавница, на улица или по телефон, нашата проповедничка активност му оддава чест на Јехова. Кога ќе најдеме заинтересирани кои слушаат, треба дефинитивно да се договориме да навратиме повторно и да ги поучиме повеќе за Јехова. Тоа значи дека мора неизоставно да се држиме за тие договори и да истраеме во нашите напори да започнеме домашни библиски студии. За среќа, секоја година стотици илјади го запознаваат, го почитуваат и го посветуваат Јеховиното прекрасно име.
5 Нашето сесрдно учество во делото на посветување на Божјето име јасно покажува каде стоиме во поглед на спорното прашање што го покренал Сатана во Едем. Тоа е најблагородната, најпочесна работа што можеме да ја извршуваме. Високо да го цениме и ревносно да го фалиме Јеховиното прекрасно име! (1. Лет. 29:13).