ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/99 стр. 1
  • Проповедањето нѐ разликува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедањето нѐ разликува
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Дали ‚ревносно правиш добри дела‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Биди ревносен во службата исто како Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Продолжи ревносно да проповедаш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 11/99 стр. 1

Проповедањето нѐ разликува

1 Многу луѓе прашуваат: „По што се разликуваат Јеховините сведоци од другите религии?“ Како би одговорил ти? Би можел да објасниш некои од нашите библиски темелени верувања. Но, дали си помислил и на тоа да истакнеш колку многу нашата јавна служба нѐ разликува од другите религии? (Мат. 24:14; 28:19, 20).

2 Денес малкумина религиозни луѓе се мотивирани да ги споделат своите верувања со другите. Можеби мислат дека е доволно да ги слушаат законите на цезарот, да водат морално чист живот или, пак, да прават добри дела за другите. Сепак, не чувствуваат обврска да им помогнат на другите да научат што вели Библијата за добивањето спасение. Во кој поглед ние сме поинакви?

3 Нашата ревносна служба е во остра спротивност со активностите на другите религии. Повеќе од 100 години, денешните сведоци трудољубиво ја проповедаат добрата вест до краевите на земјата, имитирајќи ги раните христијани. Нашата цел додека го правиме тоа е да им помогнеме на колку што е можно повеќе луѓе да ги доведат своите животи во склад со Божјата волја (1. Тим. 2:4; 2. Пет. 3:9).

4 На каков глас си? Дали си познат како ревносен проповедник на Божјата реч? (Дела 17:2, 3; 18:25). Поради твојата проповедничка активност, дали твоите соседи веднаш ја увидуваат разликата помеѓу нивната и твојата религија? Дали си познат како таков кој е желен да ја дели оваа надеж со другите? Дали имаш редовна рутина на учество во службата? Запомни дека ние не се разликуваме од другите само по нашето име туку и по тоа што го правиме она што го опишува тоа име — сведочиме за Јехова (Иса. 43:10).

5 Љубовта кон Бог и кон ближниот нѐ мотивира да се ангажираме во проповедничката активност (Мат. 22:37—39). Затоа ние, исто како Исус и апостолите, сакаме да ја искористиме секоја прилика за да ја споделиме со другите пораката за Царството. Да продолжиме ревносно да им ја проповедаме добрата вест на оние кои сакаат да слушаат. Тоа ќе им помогне на оние кои се со искрени срца да ‚ја видат разликата помеѓу . . . оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи“ (Мал. 3:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели