Кој би можел да прифати библиска студија?
1 Пророкот Амос изјавил дека ќе има глад во земјата Израел, „не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови“ (Амос 8:11). Во корист на оние кои се духовно гладни и жедни, Јеховината организација дистрибуира огромен број библиска литература ширум светот.
2 Досега имаме отпечатено 70 милиони книги Спознание и 91 милион брошури Бара. При поучувањето на вистината, ја цениме едноставноста и делотворноста на овие публикации. Сепак, дословно мноштва луѓе кои ја добиле нашата литература, сѐ уште не ја проучуваат Библијата со нас. Што можеме да сториме во врска со тоа?
3 Секое место каде што сме оставиле литература значи потенцијална студија! Размисли за искуството на еден објавител кој ѝ понудил студија на една жена уште првиот пат кога разговарал со неа на врата. Таа веднаш прифатила. Подоцна му рекла: „Вие сте првиот кој ми понудил да ја проучува Библијата со мене“. Колку луѓе на твоето подрачје кои веќе имаат литература, би можеле да го речат истото? Секое место каде што е оставена литература нуди можност за повторни посети и за домашна библиска студија.
4 Бидејќи честопати среќаваме луѓе кои веќе ги имаат нашите публикации, како можеме да го поттикнеме нивниот интерес да дознаат што содржи нашата литература? Една жена Сведок директно ја прашала станарката дали има некои библиски прашања, но таа одговорила: „Не“. Сестрата истрајала: „Сигурно имате“. Жената имала и била воспоставена студија. Зошто не го прашаш станарот дали би сакал да го дознае библиското гледиште за некое прашање или за некоја работа која се однесува на него? Ако не може да се сети на ништо, биди подготвен да поставиш некое прашање што ќе го интересира. Таквите дискусии можат да го отворат патот за редовно проучување на основните библиски вистини.
5 Активноста на водење библиски студии е сржта на нашата служба. Бидејќи никогаш не знаеме кој би можел да прифати студија, не се колебај да му понудиш студија на секого што ќе го сретнеш. Изнеси ја работата пред Јехова во молитва и работи во склад со твоите молитви. Наскоро можеби ќе откриеш дека некој на кого си му понудил студија, ќе ја прифати! (1. Јов. 5:14, 15).