Предност што им е достапна на помладите
1 Многумина кои сега се родители, радосно се сеќаваат на предноста што ја имале додека биле деца кои растеле во вистината — активноста на Денот со списанија. Тоа дело беше воведено во сите собранија во 1949. Еден ден во седмицата, секој требало да се сконцентрира на дистрибуирањето на Стражарска кула и Разбудете се! на улиците, од куќа до куќа, од продавница до продавница и на други начини. Особено помладите објавители со радост очекуваа да учествуваат во ова дело затоа што тоа им беше прилика да учествуваат во истата активност во која учествувале и возрасните во собранието. Дали тоа беше случај и со тебе кога беше дете?
2 Вклучи ги своите деца: Малите деца кои не се спремни да започнат библиска дискусија на врата, можат да нудат списанија. За тоа треба да научат само една едноставна презентација од неколку кратки реченици. Доволен е некој краток коментар, можеби во врска со насловната страница. Многу станари спремно ги земаат списанијата од нашите млади и честопати поволно коментираат за нивната искреност и добро однесување. Со мала помош, оваа служба е нешто што децата можат да го прават многу добро, давајќи скапоцен придонес во ширењето на пораката за Царството. Се разбира, додека децата растат, родителите ќе сакаат да им помогнат и понатаму да напредуваат во развивањето на нивните вештини на сведочење.
3 Мануел почнал да проповеда од куќа до куќа кога имал три години. Неговите родители му помогнале да научи на памет една кратка презентација. Тој ревносно проповеда заедно со нив, врачувајќи многу списанија, брошури и трактати. Сведочи и неформално. Во една прилика, кога родителите го одвеле в парк за да се рекреираат, покажал иницијатива да им подели неколку трактати на луѓето кои биле таму. Иако е сѐ уште многу мал, воодушевеноста на Мануел за службата е извор на вистинско охрабрување за неговите родители и за целото собрание (Изр. 22:6).
4 На Календарот на Јеховините сведоци за 2000, секоја сабота е означена како „Ден за списанија“. Родители, ви препорачуваме да покажете жив интерес за ова дело и да им помогнете на вашите деца да учествуваат колку што е можно поредовно во оваа предносна служба.