Известувања
◼ Понуда на литература за јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави Рај, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Дали треба да се верува во тројство? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Октомври: Поединечни примероци на Стражарска кула и Разбудете се!
◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов „Човечкото владеење — измерено на вага“.
◼ Ако сакате да дадете парични донации за помош при катастрофи, можете да ги испратите до Заедницата, каде што е одвоен фонд за таа цел. Адресата е: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 1 000 Скопје. Ве молиме, не испраќајте облека, намирници или материјали до Заедницата или до местото на катастрофата освен ако тоа конкретно не го побара Заедницата или одборот за помош. На овој начин ќе се постигне уредно укажување помош и исправно распределување на прилогот.
◼ Нови публикации на располагање:
Младите прашуваат — делотворни одговори — малтешки, српски