ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/00 стр. 2-3
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 10 јули
  • Седмица што почнува од 17 јули
  • Седмица што почнува од 24 јули
  • Седмица што почнува од 31 јули
  • Седмица што почнува од 7 август
Нашата служба за Царството 2000
km 7/00 стр. 2-3

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 10 јули

Песна 21

12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за априлскиот извештај за служба на теренот во земјата и во локалното собрание. Сврти го вниманието врз рамката „Погледни ја задната страница“ и прикажи една или две од предложените презентации кои ќе бидат делотворни на локалното подрачје.

15 мин: „Не можеме да не зборуваме“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Истакни ги причините зошто ја сфаќаме толку сериозно нашата задача да проповедаме. Вклучи соодветни мисли од Стражарска кула од 15 јануари 1997, страници 23, 24.

18 мин: „Сѐ нека се случува за изградување“. Двајца старешини дискутираат за статијата. Прочитај го секој пасус и наведените стихови. Истакни ги начелата што се вклучени. Истакни ја потребата од проникливост кога се води бизнис или кога се вложуваат инвестиции. Разгледај го советот од Стражарска кула од 15 март 1997, страници 18, 19 и 22.

Песна 92 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 јули

Песна 133

15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Кратко објасни како да се користи брошурата Божественото име за да му се помогне на некој заинтересиран да сфати дека е потребно да се знае и да се користи Божјето лично име. (Види ја книгата Расправљање, страници 163, 164.)

10 мин: „Нова програма за покраинскиот собир“. Прашања и одговори. Извести го датумот кога ќе се одржи следниот покраински собир и поттикни ги сите да бидат присутни и двата дена. Охрабри ги да вложат посебни напори за да ги поканат библиските студенти. Присуството на собирот може да ја засили нивната желба редовно да се собираат со собранието.

20 мин: Кој треба да ти биде пример за имитирање? Еден татко води семејна библиска студија со едно или две деца кои се тинејџери. Тој забележал дека во последно време нивните разговори често се вртат околу спортски и филмски ѕвезди, личности од ТВ-то и музичари. Изразува загриженост заради ваквата воодушевеност и одраз на духот на светот. Дискутираат за Разбудете се! од 8 септември 1998, страници 21—23. Младите сфаќаат дека се наоѓаат во опасност да ги идолизираат световните личности и се согласуваат дека популарноста во светот не им нуди ништо на христијаните. Разгледуваат какви се користите ако ги имаат за свој пример за имитирање родителите, старешините, другите примерни лица од собранието — и особено Исус Христос.

Песна 34 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 јули

Песна 45

5 мин: Локални известувања.

15 мин: Да се препорачуваме себеси како Божји слуги. Двајца слуги помошници дискутираат за библиската опомена што е дадена во Стражарска кула од 15 декември 1998, страници 19, 20. Тие покажуваат ценење за потребата да ги исполнат барањата за слуги помошници и разгледуваат што можат лично да сторат за да покажат дека ги извршуваат своите задолженија. Сфаќаат колку е важно да бидат добар пример во службата на теренот и дискутираат за некои начини на кои можат да им бидат од помош на старешините во укажувањето лична помош на другите. Се согласуваат дека се спремни да направат сѐ што можат за да му помогнат на собранието да ја сфати итноста на времето и духовно да расте и да напредува.

10 мин: Да им пишуваме писма на луѓето со кои не можеме да стапиме во контакт. Говор и дискусија со присутните. Бидејќи станува сѐ потешко да се пронајдат луѓето дома, некои објавители имаат добри резултати кога пишуваат писма. Разгледај ги следниве упатства. Писмата треба да бидат кратки, да се темелат на Писмото и да се напишани со почит. Не праќај анонимни писма. Пишувај или чукај на машина уредно и читко. Напиши ја адресата на Салата за Царството и термините за собраниските состаноци. Немој да ја користиш како повратна адресата на Заедницата. Разгледај ги предлозите што се дадени во Vodič, страници 83, 84 и рубриката прашања од Наша служба за Царството од ноември 1996.

15 мин: Користи делотворни уводи. Одбери два или три увода од страници 9—15 од книгата Расправљање и дискутирај за тоа како можат да се користат делотворно на локалното подрачје. Запрашај ги присутните: „Кои уводи ги користите кога му пристапувате на некого на улица, неформално или во други ситуации?“ Ако допушта времето, нека има приказ на еден или два увода.

Песна 151 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 31 јули

Песна 169

15 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба на теренот за јули. Замоли ги присутните да раскажат лични искуства што ги доживеале овој месец додека дистрибуирале брошури.

12 мин: Локални потреби.

18 мин: „Дали ја цениш Јеховината стрпливост?“ Прашања и одговори. Вклучи соодветни коментари во врска со Јеховината долготрпеливост. (Види Insight [Увид], том 2, страници 263, 264.)

Песна 193 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 7 август

Песна 70

10 мин: Локални известувања.

17 мин: „Дали си срамежлив?“ Прашања и одговори. Раскажи едно охрабрувачко искуство од Годишњак за 1997, страници 43, 44.

18 мин: Биди мудар во твојата иднина. Говор на старешина. Младите посакуваат да имаат среќна иднина заедно со оние што ги сакаат. Иако тоа е нормално, за да доживеат успех тие мора да го применуваат божествениот совет (Изр. 19:20). Привлечноста кон спротивниот пол е многу силна во младоста. Ако не се контролираат чувствата, може да дојде до катастрофални последици. Се поставуваат многу прашања во врска со тоа дали е мудро тинејџерите да имаат емоционална врска со спротивниот пол и да развијат романтични врски кои водат до состанување. Разгледај ја опомената што е дадена во книгата Младите прашуваат, страници 231—235. Истакни ги главните мисли од Стражарска кула од 15 ноември 1999, страници 18—23, кои покажуваат колку е важно младите да ја исполнат целата своја обврска кон Бог. Охрабри ги тинејџерите да размислуваат за овој совет и да дискутираат за него со своите родители доколку имаат прашања.

Песна 156 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели