Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 1 мај до 21 август 2000. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Одговорот што го дал Гедеон на неоправданиот вербален напад на мажите од Ефраим ја одразувал неговата благост и понизност и со тоа ја одвратил нивната неправедна критика и го задржал мирот (Суд. 8:1—3) [Седмично читање на Библијата].
2. Иако Маној рекол дека тој и неговата жена ‚Го виделе Бога‘, тие, всушност, го виделе Божјиот материјализиран говорник, а не Јехова лично (Суд. 13:22) [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.88 стр. 17, пас. 5].
3. Во Судии 5:31, изразот „оние, кои Го сакаат“ пророчки се однесува на 144.000 наследници на Царството [si стр. 50, пас. 28].
4. Во свитоците од Мртвото Море не се пронајдени фрагменти од книгата Рут [si стр. 51, пас. 3].
5. Судии 21:25 се однесува на временскиот период кога Јехова ја оставил нацијата Израел без никакво водство [Седмично читање на Библијата; види w 15.6.95 стр. 22, пас. 16].
6. Статуите на херувимите на ковчегот на сојузот ја покажувале царската присутност на Јехова, за кој е речено дека „седи на [меѓу, NW, фусн.] Херувими“ (1. Сам. 4:4) [Седмично читање на Библијата; види w-SB 1.3.81 стр. 3, пас. 6].
7. Кога војниците на Саул јаделе крв во една очајна ситуација и не биле казнети, тоа покажало дека може да има оправдани причини за привремено занемарување на божествениот закон со цел да се зачува животот (1. Сам. 14:24—35) [Седмично читање на Библијата; види w 15.4.94 стр. 31, пас. 7—9].
8. Иако некои го поврзуваат зборот „убедување“ со манипулација и итрина, тој може да се употреби во позитивна смисла за да ја пренесе мислата да се увери и да се предизвика промена во умот преку здраво, логично резонирање (2. Тим. 3:14, 15, NW) [w 15.5.98 стр. 21, пас. 4].
9. „Јазелот на животот“ се однесува на божествената подготовка за заштита и зачувување, која би му користела на Давид ако избегнел вина за крв во Божјите очи (1. Сам. 25:29) [Седмично читање на Библијата; види w 15.6.91 стр. 14, пас. 3].
10. Давидскиот сојуз за Царството, за кој се зборува во 2. Царства 7:16, ја ограничил лозата на Семето кое ќе води до Месијата и бил законска гаранција дека некој од Давидовата лоза ќе дојде да владее „засекогаш“ [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.89 стр. 16, пас. 21, 22].
Одговори на следниве прашања:
11. Какво уверување ни дава Псалм 33:18? [w 1.4.98 стр. 31, пас. 2].
12. Што покажува фактот дека Јосија го добил презимето Варнава? (Дела 4:36) [w 15.4.98 стр. 20, пас. 3, фусн.].
13. Зошто библискиот извештај вели дека Илија ги претпочитал своите синови повеќе од Јехова? (1. Сам. 2:12, 22—24, 29) [Седмично читање на Библијата; види w 15.9.96 стр. 13, пас. 14].
14. Зошто книгата Рут треба да ја зајакне нашата доверба во ветувањата за Царството? [si стр. 53, пас. 10].
15. Според 1. Самоилова 1:1—7, каков извонреден пример дало семејството на Самуил? [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.98 стр. 16, пас. 12].
16. Во која смисла може да се рече дека ‚моќта на богатството е измамничка‘? (Мат. 13:22, NW) [w 15.5.98 стр. 5, пас. 1].
17. На кој начин постариот Јонатан покажал дека го признава Јеховиниот помазаник, Давид, и што претставува тоа денес? (1. Сам. 18:1, 3, 4) [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.89 стр. 8, 9, пас. 4, 13].
18. Иако Јов бил ‚непорочен и праведен‘, на кој начин книгата Јов покажува дека тоа не значи дека Јов бил совршен? (Јов 1:8) [w 1.5.98 стр. 31, пас. 1].
19. Што се подразбира под изразот „силно напрегајте се“? (Лука 13:24, NW) [w 15.6.98 стр. 31, пас. 1, 4].
20. Додека соработуваме со другите, која скапоцена поука можеме да ја земеме при срце, како што е запишано во 2. Царства 12:26—28? [Седмично читање на Библијата; види w 1.12.93 стр. 19, пас. 19].
Впиши го зборот или фразата што се потребни за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Јеховината строга осуда на обожавањето на Ваал треба да нѐ натера да се држиме подалеку од неговите современи еквиваленти: ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ (Судии 2:11—18) [si стр. 50, пас. 26].
22. Во деновите на Самуил завршила ерата на ․․․․․․․․ и започнала ерата на ․․․․․․․․, во која Израел на крајот ја изгубил Јеховината милост [si стр. 53, пас. 1].
23. Божественото име, Јехова, значи „․․․․․․․․“ и подразбира дека Јехова може да ја исполни секоја улога што е потребна за да ги оствари своите ․․․․․․․․ [w 1.5.98 стр. 5, пас. 3].
24. Илија и Саул потфрлиле во тоа што првиот ․․․․․․․․ да дејствува, а вториот дејствувал ․․․․․․․․ [si стр. 57, пас. 27].
25. Исусовата парабола за ближниот Самарјанин покажува дека лицето кое навистина е исправно не само што ги слуша Божјите ․․․․․․․․ туку ги имитира и неговите ․․․․․․․․ (Лука 10:29—37) [w 1.7.98 стр. 31, пас. 2].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Опсежноста на Јеховината особина (мудрост; моќ; љубов) се гледа во тоа што ја избрал Моавката (Рут; Ноемина; Орфа), поранешна обожавателка на (Ваал; Кемош; Дагон), која се преобратила на вистинската религија и станала предок на Исус Христос (Мат. 1:3, 5, 16) [si стр. 51, пас. 1].
27. Ерата на владеење на судиите во Израел завршила кога (Самуил; Давид; Саул) бил помазан за цар и кратко потоа ги поразил (Амонитите; Моавците; Филистејците) со поддршка од Јехова (1. Сам. 11:6, 11) [Седмично читање на Библијата; види w 15.12.95 стр. 9, пас. 2; стр. 10, пас. 1].
28. (Апостол Павле; Татко му; Мајка му и баба му) презеле водство за да го поучат Тимотеј во „Светите Писанија“ до тој степен што виделе како станува одличен мисионер и надгледник (2. Тим. 3:14, 15, NW; Филип. 2:19—22) [w 15.5.98 стр. 8, пас. 3 до стр. 9, пас. 5].
29. Службата од младоста на (Давид; Самуил; Јонатан) треба да ги охрабри младите да ја прифатат службата денес, а неговата постојаност без одмор до крајот на неговиот живот треба да ги поткрепи оние кои се изнемоштени од годините [si стр. 58, пас. 30].
30. Периодот што го опфаќа 2. Царства е од (1077 до околу 1040; 1077 до околу 1037; 1070 до околу 1040) пр.н.е. [si стр. 59, пас. 3].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Суд. 11:30, 31; 1. Сам. 15:22; 30:24, 25; 2. Цар. 6:15—17; Јак. 5:11
31. Јехова нѐ уверува дека ќе ги користи своите небески војски за да го заштити својот народ во склад со својата волја [w 15.4.98 стр. 29, пас. 5].
32. Собраниските надгледници имаат одговорност да се држат за своите договори иако тоа понекогаш може да биде болно и скапо [w 15.9.99 стр. 10, пас. 3, 4].
33. Задржувањето на интегритетот под испит води до голема награда од Јехова Бог [w 1.5.98 стр. 31, пас. 4].
34. Искрената љубов кон Бог бара послушност на божествените упатства, а не само принесување жртви [Седмично читање на Библијата; види w 15.6.96 стр. 5, пас. 1].
35. Јехова покажува длабоко ценење за оние што служат како поддршка во неговата организација денес [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.9.86 стр. 28, пас. 4].