ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/00 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2000
Нашата служба за Царството 2000
km 8/00 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави Рај, Дали треба да се верува во тројство?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Почнувајќи при крајот на месецот, ќе се дистрибуира Вест за Царството бр. 36, „Новиот милениум — што Ви носи иднината?“ Ноември: Ќе продолжи дистрибуцијата на Вест за Царството бр. 36. Собранијата кои ќе го обработат своето подрачје достигнувајќи ги станарите во секој дом или стан оставајќи примерок од Вест за Царството бр. 36, можат да ја понудат брошурата Бара или книгата Спознание. Ако луѓето веќе ги имаат, може да се користат книгите Живеј засекогаш или Создавање.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 септември или колку што е можно побрзо после тоа. Кога ќе се направи ова, дајте известување пред собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.

◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 2001 заедно со нивната нарачка на литература за септември. Календарите ќе бидат достапни на албански, англиски, германски, грчки, италијански, руски, словачки, српски, турски, француски, хрватски и, по потреба, на други јазици.

◼ На секое собрание му е испратена соодветна резерва формулари за користење во текот на 2001 службена година. Ве молиме, внимателно користете ги овие формулари. Тие треба да се користат само за одредената намена.

◼ Годишната инвентура на целата литература и списанијата кои стојат на располагање треба да се изврши на или околу 31 август 2000, доколку е можно. Оваа инвентура е слична на сегашното месечно пребројување од страна на координаторот на литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот за Инвентура на литература (S-18). Вкупниот број списанија кои стојат на располагање може да се добие од слугите за списанија во секое собрание во групата за литература. Секое собрание кое ќе служи како координатор, ќе добие три формулари Инвентура на литература (S-18). Ве молиме, испратете го оригиналот до Заедницата пред 6 септември. Втората копија чувајте ја во својата архива. Третата копија може да се користи како работен лист. Секретарот на координационото собрание треба да ја надгледува инвентурата. Секретарот и претседавачкиот надгледник на координационото собрание ќе го потпишат формуларот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели