ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/00 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 14 август
  • Седмица што почнува од 21 август
  • Седмица што почнува од 28 август
  • Седмица што почнува од 4 септември
Нашата служба за Царството 2000
km 8/00 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 14 август

Песна 114

12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за априлскиот извештај за служба во земјата и во локалното собрание. Од август останаа само уште два викенда и затоа охрабри ги сите да учествуваат во службата пред да заврши месецот. Разгледај го распоредот за состаноците за служба на теренот во текот на викендот.

15 мин: „Води ја добрата борба на верата“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Внеси дополнителни коментари од книгата Нашата служба, страници 43 и 44, во врска со тоа на кој начин водителите на Собраниска студија на книга ја организираат активноста за служба на теренот во нивните групи и им обрнуваат внимание на сите оние на кои им е потребна лична помош за редовно да учествуваат и да ја известуваат својата служба.

18 мин: Како може да ти користи училиштето. Еден татко разговара со своите деца за да им помогне да сфатат зошто е корисно световното образование. (Види ја книгата Младите прашуваат, страници 133—139.) За многу млади, одењето на училиште е вистински предизвик во денешново бунтовно општество. Исто така, на нив им е здодевно бидејќи доаѓаат до заклучок дека она што го учат има мала практична вредност. Таткото ги разгледува библиските начела и разумните причини зошто е мудро да се стекне соодветно световно образование. Ги охрабрува своите деца добро да учат и да внимаваат на часовите.

Песна 127 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 август

Песна 143

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Нека има еден добро извежбан приказ за служба на теренот кој покажува како да се одговори на прашањето: „Зошто еден Бог на љубовта би дозволил страдањето да трае толку долго?“ (Расправљање, страници 284, 285). Охрабри ги сите да учествуваат во службата овој викенд.

8 мин: „Нова програма за Денот на специјален собир“. Говор. Доколку е познат, објави го датумот на следниот специјален собир и поттикни ги сите да бидат присутни целиот ден. Охрабри ги објавителите да ги поканат новозаинтересираните и библиските студенти.

25 мин: „Дали извлекуваш корист?“ Прашања и одговори.

Песна 152 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 август

Песна 221

10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба за август. Водителите на Собраниската студија на книга треба да проверат кај секого во нивната група за сите извештаи да можат да се пресметаат до 6 септември.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Состаноците им користат на младите луѓе“. Дискусија со прашања и одговори што ја води старешина. Кога ќе се дискутира 8. пасус, разгледај некои практични работи кои помагаат за подобра концентрација и внимание за време на состаноците. (Види Разбудете се! од 8 јануари 1999, страници 24, 25.) Охрабри ги родителите да инсистираат нивните деца редовно да присуствуваат на сите состаноци. (Види го искуството од Стражарска кула од 1 септември 1997, страница 25.)

Песна 183 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 4 септември

Песна 129

15 мин: Локални известувања. Рубрика прашања. Објавителите нека ги раскажат искуствата што ги имале кога сведочеле неформално додека оделе, биле или се враќале од обласниот конгрес.

10 мин: Нашево време е посебно. Говор на старешина, на темел на Стражарска кула од 15 ноември 1996, страници 22, 23.

20 мин: „Дали истрајуваш?“ Говор и дискусија со присутните. Охрабри ги сите да размислуваат за нивниот личен успех во покажувањето истрајност во христијанската служба. Ако се покажат слабости, потребно е да се зајакнеме духовно. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 октомври 1999, страници 20 и 21, пасуси 17—21. Замоли двајца или тројца објавители кои верно истрајуваат повеќе години да раскажат како успеваат во тоа.

Песна 62 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели