ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/00 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 13 ноември
  • Седмица што почнува од 20 ноември
  • Седмица што почнува од 27 ноември
  • Седмица што почнува од 4 декември
Нашата служба за Царството 2000
km 11/00 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 13 ноември

Песна 4

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Изнеси ги подготовките за служба на теренот за 25 ноември.

13 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина.

22 мин: „Да се негува интересот поттикнат со Вест за Царството бр. 36“. Дискусија со прашања и одговори за пасуси 1—5. Изнеси ги локалните подготовки за да се обработат подрачјата кои сѐ уште не се обработени. Разгледај ги презентациите за правење повторни посети што се дадени во пасуси 7 и 8 и нека има приказ за секоја од нив. Истакни колку е важно да се следи секој интерес и да се настојува да се започнат библиски студии. Заврши со дискусија за пасус 9 и за наведените стихови.

Песна 63 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 ноември

Песна 162

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Искуства од дистрибуирањето на Вест за Царството бр. 36. Извести за успехот во обработувањето на подрачјето. Дали некој во собранието прв пат учествува во службата? Кажи некои позитивни коментари што ги дале станарите. Дали некои објавители успеале да започнат библиска студија? Ако да, тогаш нека објаснат или нека покажат како го направиле тоа. Потсети ги сите да го негуваат интересот што е пронајден.

20 мин: „Продолжи да проповедаш!“ Говор и интервјуа. Некои се поврзани со Јеховината организација и истрајале во проповедничкото дело целиот свој живот. Со позитивен став, тие нашле радост во тоа. (Види ја книгата Спознание, страница 179, пасус 20, и Стражарска кула од 1 мај 1992, страници 21, 22, пасуси 14, 15.) Замоли некој објавител кој бил активен многу години да раскаже од кои причини истрајал во проповедничкото дело.

Песна 215 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 ноември

Песна 43

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за ноември. Во декември ќе се нуди книгата Спознание. Дај примери на позитивни мисли од Писмото кои можат да се истакнат од книгата Спознание кога ќе се нуди во службата.

20 мин: Добро користи ја книгата Расудување. Дискусија со прашања и одговори за материјалот на страници 7, 8. Покажи како оваа книга е наменета да ни помогне да се подготвиме за поделотворно учество во службата. Објасни како може да се користи оваа книга кога ќе се сведочи по телефон. Покажи како да се пронајдат корисни информации за да се одговори на некое прашање. Поттикни ги сите да се запознаат со оваа книга, да ја чуваат во чантата за сведочење и редовно да ја користат.

15 мин: Како можам да ги контролирам моите навики на гледање ТВ? Еден старешина разговара со еден млад брат кој гледа телевизија по неколку часа на ден. На почетокот, братот упорно тврди дека нема никаква штета во тоа. Тој вели дека тоа едноставно е еден облик на релаксација и дека воопшто не му влијае негативно. Старешината ги разгледува главните мисли од 36. поглавје од книгата Младите прашуваат. Објаснува дека претераното гледање телевизија одзема скапоцено време кое инаку би можело да се потроши на лична студија, во служба или за да се помага за потребите на собранието. Младиот брат изразува ценење за советот и вели дека, заради негова духовна корист, ќе ги смени своите навики на гледање ТВ.

Песна 175 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 4 декември

Песна 82

10 мин: Локални известувања. „Што да речеш на телефонската секретарка?“

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Збор кажан во вистинско време“. Дискусија со присутните и прикази. Многумина се чувствуваат недостаточни кога се обидуваат да започнат разговор, погрешно мислејќи дека им требаат некои посебни вештини за да имаат добри резултати. Објасни дека секој од нас, вклучувајќи ги и новите и помладите објавители, може да започне дискусија ако вложи разумни напори. Разгледај ги предложените презентации, истакни колку се едноставни и двајца или тројца објавители нека подготват приказ за нив. Осврни се на Наша служба за Царството од март 1998, страница 8, за додатни презентации кои можат да се користат. Поттикни ги сите да бидат позитивни за да имаат поголема радост во службата.

Песна 113 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели