Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 4 септември до 18 декември 2000. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Давид го спречил Ависај да го убие Симеј затоа што Давид бил виновен за обвиненијата против него што ги кажувал Симеј (2. Сам. 16:5—13) [Седмично читање на Библијата; види w 1.5.99 стр. 32, пас. 3].
2. Чистата, исправно школувана совест не само што води до топол, личен однос со Бог, туку е неопходна и за нашето спасение (Евр. 10:22; 1. Петр. 1:15, 16) [w 1.9.98 стр. 4, пас. 4].
3. Извештајот од 1. Цареви има само историска вредност за христијаните затоа што само 2 од вкупно 14-те цареви кои владееле во Израел и Јуда по смртта на Соломон продолжиле да го прават она што е исправно во Јеховините очи [si стр. 64, пас. 1].
4. Исусовото Илјадагодишно владеење може да се спореди со Соломоновото мирољубиво и просперитетно 40-годишно владеење (1. Цар. 4:24, 25, 29) [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.6.90 стр. 6, пас. 5].
5. Пристојниот погреб на Авија е јасен доказ дека тој бил верен обожавател на Јехова, единствениот од домот на Јеровоам (3. Цар. 14:10, 13, СП) [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.95 стр. 12, пас. 11].
6. Христијанското крштавање покажува дека некој станал зрел слуга на Бог [w 1.10.98 стр. 28, пас. 2].
7. Јехова му дал на Илија натчовечка смелост и го направил имун на страв (1. Цар. 18:17, 18, 21, 40, 46). [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.98 стр. 31, пас. 2].
8. Соломоновиот храм е значајна градба не само заради неговата слава и материјален раскош туку и заради тоа што бил претслика на Јеховиниот далеку пославен духовен храм [si стр. 68, пас. 26].
9. Слепилото што било предизвикано врз воените сили на Сиријците на заповед на Елисеј очигледно било умствено слепило бидејќи тие можеле да го видат Елисеј, но не можеле да препознаат кој е тој (2. Цар. 6:18, 19). [Седмично читање на Библијата; види si стр. 70, пас. 10].
10. Положувањето на „Сведоштвото“, спомнато во 2. Цареви 11:12 било симболичен гест кој илустрирал дека царевото толкување на Божјиот закон било конечно и требало да се послуша [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.91 стр. 31, пас. 6].
Одговори на следниве прашања:
11. Во склад со 1. Јованово 2:15—17, што треба побожните родители да ги поттикнат своите деца да избегнуваат кога им даваат водство во изборот на соодветно световно вработување? [w 15.7.98 стр. 5, пас. 3].
12. Што се мисли со следниве зборови запишани во 2. Самоил 18:8: „Повеќе луѓе голтна во тој ден гората отколку мечот“? [Седмично читање на Библијата; види w-E 15.3.87 стр. 31, пас. 2].
13. Кој денес може да се спореди со Рефаимовите потомци, роднините на Голијат, и што настојуваат да направат тие? (2. Самоил 21:15—22) [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.89 стр. 29, пас. 8].
14. Кое корисно библиско начело го учиме од 2. Самуил 6:6, 7? [si стр. 63, пас. 30].
15. Кое важно начело може да се научи од случката со човекот кој бил убиен заради тоа што го прекршил Сабатот? (Бро. 15:35) [w 1.9.98 стр. 20, пас. 2].
16. Како можеме да ја имитираме царицата од Саба, која поминала далечен пат за да ја чуе „Соломоновата мудрост“? (1. Цар. 10:1—9) [Седмично читање на Библијата, w 1.7.99 стр. 31, пас. 1, 2].
17. Според 1. Цареви 17:3, 4, 7—9, 17—24, на кои три начини Илија покажал вера во Јехова? [Седмично читање на Библијата, w 1.4.92 стр. 19, пас. 5].
18. Зошто одбивањето на Навутеј да му го отстапи своето лозје на Ахав не е едноставно одраз на тврдоглавост од негова страна? (1. Цар. 21:2, 3) [Седмично читање на Библијата, види w 1.8.97 стр. 13, пас. 18].
19. Како послужиле зборовите од 2. Цареви 6:16 за охрабрување на Јеховините слуги во денешно време? [Седмично читање на Библијата, w 15.6.98 стр. 18, пас. 5].
20. На кои начини вистинските христијани денес треба да се чуваат од симонија? [w 15.11.98 стр. 28, пас. 5].
Впиши го зборот или фразата што се потребни за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Еден вистински христијанин не смее да попушти пред ․․․․․․․․ и да учествува во обичаи кои не му се угодни на ․․․․․․․․ (Посл. 29:25; Мат. 10:28) [w 15.7.98 стр. 20, пас. 5].
22. Кога сведочел пред царот Агрипа, Павле користел ․․․․․․․․, истакнувајќи точки околу кои тој и Агрипа ․․․․․․․․ (Дела 26:2, 3, 26, 27) [w 1.9.98 стр. 31, пас. 3].
23. Бидејќи Бог е ․․․․․․․․, некои можеби мислат дека тој е безличен, но честите и интензивни периоди на ․․․․․․․․ ќе му овозможат на човек ‚да го види Оној кој е невидлив‘ (Евр. 11:27) [w 15.9.98 стр. 21, пас. 3, 4].
24. Како што се гледа во случајот со сирискиот генерал ․․․․․․․․, понекогаш се добиваат големи користи само од малку ․․․․․․․․ [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.99 стр. 3, пас. 6 до стр. 4, пас. 1].
25. Исто како што срцето на Јонадав било со царот Јуј, ․․․․․․․․ денес од сѐ срце го признава и соработува со Поголемиот Јуј, ․․․․․․․․, кого на земјата го претставуваат ․․․․․․․․ (2. Цар. 10:15, 16) [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.98 стр. 13, пас. 5, 6].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. (Сатана; Јехова; Јоав) бил тој што го натерал Давид да направи грев со тоа што ќе ги ‚изброи Израелците‘ (2. Сам. 24:1) [Седмично читање на Библијата; види w 15.7.92 стр. 5, пас. 2].
27. Во склад со 1. Цареви 8:1 и Проповедник 1:1, Соломон го собрал народот за да (го изградат храмот; ги изгонат непријателите на Израел; го обожаваат Јехова). [Седмично читање на Библијата; види si стр. 112, пас. 3].
28. Дваесетгодишниот период во кој Соломон го изградил храмот и својот дом во Ерусалим може да се спореди со еден период на промени во доктрините и организацијата кој започнал во (1919; 1923; 1931) и завршил во (1938; 1942; 1950) (1. Цар. 9:10) [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.92 стр. 20, рамка].
29. Терминот „небо“ што е употребен во 2. Цареви 2:11 се однесува на (Божјето духовно живеалиште; материјалниот универзум; Земјината атмосфера, каде што летаат птици и дуваат ветрови) [Седмично читање на Библијата; види w 15.9.97 стр. 15, рамка].
30. (Ирод Велики; Август Цезар; Тибериј Цезар) бил тој што дал налог да се направи пописот кој водел до тоа Исус да се роди во Витлеем, а не во Назарет [w 15.12.98 стр. 7, рамка].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Псал. 15:4; 2. Сам. 12:28; 2. Сам. 15:18—22; 2. Цар. 3:11; Кол. 3:13
31. Треба да се почитува поглаварството во Јеховиното теократско уредување [si стр. 63, пас. 30].
32. Мора да се задржи лојалност кон Јеховината организација и нејзините претставници [si стр. 63, пас. 30].
33. Ценењето на Јеховината милост може да биде мотивација за да се покаже воздржување и да се премине преку слабостите [w 1.11.98 стр. 6, пас. 3].
34. Предност е да им се покажува гостопримство и понизно да им се служи на Јеховините верни слуги кои се во специјална служба [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.97 стр. 30, пас. 8].
35. Лицето кое се плаши од Јехова прави сѐ што може за да го одржи својот збор и да ги плати долговите, дури и ако некои непредвидени работи го отежнуваат тоа повеќе отколку што се очекувало [w 15.11.98 стр. 27, пас. 1].