Известувања
◼ Понуда на литература за декември: Спознание кое води до вечен живот. Јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1986 од која собранието можеби има резерва. Собранијата кои ја имаат книгата Потрагата на човештвото по Бог можат да ја нудат и неа. Февруари: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?, Откровение — близу е неговата величествена кулминација! или која и да е постара книга од 192 страници која собранието ја има во резерва. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори да се започнат домашни библиски студии.
◼ Со својата декемвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези од Стражарска кула и Разбудете се! за 2000. Повезите ќе бидат достапни на англиски, германски, италијански, руски, српски, француски и хрватски. Сѐ додека повезите не бидат достапни и не се испорачаат, на собраниските листи за пакување на литература ќе се појавуваат како „Следи“. Повезите се артикли со посебна нарачка.
◼ Поканите за Меморијалот за 2001 на мајчиниот јазик на секое собрание се вклучени во годишната пратка со формулари. Ако на Вашето подрачје се зборуваат и други јазици и би сакале покани на тие јазици, треба веднаш да ги побарате со формуларот за нарачка на литература (S-14). Ве молиме, нарачајте само на оние јазици кои се потребни за вашето подрачје.