ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/00 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 11 декември
  • Седмица што почнува од 18 декември
  • Седмица што почнува од 25 декември
  • Седмица што почнува од 1 јануари
Нашата служба за Царството 2000
km 12/00 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 11 декември

Песна 50

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако собранието има на располагање примероци од Најголемиот човек, покажи како можат добро да се искористат во службата во текот на празниците. Охрабри ги сите да ја гледаат видеокасетата Библијата — точна историја, веродостојно пророштво како подготовка за дискусијата на Состанокот за служба во седмицата од 25 декември. Оние кои ја имаат оваа видеокасета можат да им ја дадат на оние кои ја немаат или, пак, да ја гледаат заедно.

15 мин: „Имај страв од Јехова во текот на целиот ден“.a Вклучи го објаснувањето на божествениот страв што е дадено на 30. страница од Разбудете се! од 8 април 1998. Нагласи кои се користите од стравот од Јехова.

20 мин: „Притисокот од врсниците и твојата предност да проповедаш“. Говор и интервјуа. Замоли ги оние кои доживеале притисок од врсниците да раскажат како успеале да останат активни во делото на проповедање и покрај притисокот.

Песна 177 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 18 декември

Песна 38

15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Изнеси ги подготовките за служба во текот на викендот. Одговори на прашањето: Има ли некаков приговор на учествувањето во прослави кои можеби имаат нехристијански корени сѐ додека тоа не се прави од религиозни причини? (Види ја книгата Расудување, страници 309—311.)

12 мин: „Теократска школа за служба за 2001“. Говор на надгледникот на школата. Охрабри ги сите да бидат во чекор со седмичното читање на Библијата и да бидат марливи во исполнувањето на задачите во школата.

18 мин: „Дали проповедаш со смелост?“b Побарај да се коментира за стиховите што се во статијата. Користејќи ја книгата Наша служба, 86. страница, покажи како можеме да станеме посмели и поделотворни во службата на теренот.

Песна 89 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 25 декември

Песна 144

10 мин: Локални известувања. Замоли ги присутните да раскажат понови искуства што ги имале додека сведочеле. Разгледај ја понудата на литература за јануари.

10 мин: Локални потреби.

25 мин: „Да учиме од видеокасетата Библијата — точна историја, веродостојно пророштво“. Дискусија со присутните. Дај предлози за тоа како може да се користи оваа видеокасета за да се мотивираат другите (Годишник за 1999, страници 51 и 52). Во февруари ќе ја разгледаме втората касета од оваа серија, Библијата — најстарата современа книга на човештвото.

Песна 151 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 1 јануари

Песна 29

8 мин: Локални известувања. Ако вашето собрание ги промени термините за состаноци во новата година, дај љубезно охрабрување поттикнувајќи ги сите да продолжат да бидат редовни во новите термини. Информирај ги библиските студенти и другите заинтересирани за сите промени. Коментирај за септемврискиот извештај за служба во земјата и во локалното собрание. Потсети ги сите објавители да го предадат извештајот за служба на теренот за декември.

17 мин: Како да се подготвиш за повторни посети. Таткото дискутира со своето семејство за тоа како можат да бидат попродуктивни во службата. Ги нагласува библиските причини зошто да го следиме интересот што ќе го пронајдеме. Користејќи ги упатствата што се дадени во Стражарска кула од 1 јули 1999, 22. страница, 18. пасус, тие се подготвуваат да направат неколку повторни посети. Сите велат дека сретнале луѓе кои треба повторно да се посетат. Секој раскажува на каква реакција наишол на првата посета, а другите даваат идеја и стих кој ќе се користи на повторната посета. Наоѓаат мисли во брошурата Бара кои можат делотворно да се користат. Родителите оставаат едно од децата да вежба што ќе каже на својата посета. Планираат определено време за да прават повторни посети во текот на претстојната седмица.

20 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2001 ‚Учители на Божјата реч‘“. Секретарот ја обработува статијата во додатокот со прашања и одговори. Употреби ги наведените стихови за да покажеш зошто сите треба тесно да ги следиме упатствата од Заедницата. Нагласи дека е важно колку што е можно поскоро да се погрижиме да добиеме слободни денови од работа за да можеме да присуствуваме сите три дена на конгресот. Пофали ги сите за соработката со подготовките на Заедницата.

Песна 212 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели