ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/01 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 12 февруари
  • Седмица што почнува од 19 февруари
  • Седмица што почнува од 26 февруари
  • Седмица што почнува од 5 март
Нашата служба за Царството 2001
km 2/01 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 12 февруари

Песна 6

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. На Состанокот за служба во седмицата од 26 февруари ќе се дискутира за видео касетата Библијата — најстарата современа книга на човештвото. Оваа дискусија ќе се темели на прашањата што се дадени на 7. страница од ова издание на Наша служба за Царството.

15 мин: „Слави го Јехова со добри дела“.a Вклучи коментари од книгата Proclaimers (Објавители), 187. страница, пасуси 2 и 3.

20 мин: „Како да ги увериме другите“. Дискусија меѓу еден водител на Собраниска студија на книга и пионер или делотворен објавител, на темел на статијата и на избрани мисли од Стражарска кула од 15 мај 1998, страници 21—23. Анализирај ја рамката на 23. страница „Достигни го срцето на својот студент“. Откако ќе ги издвоиш лажните религиозни верувања кои се вообичаени за локалното подрачје, дискутирај за тоа како да увериш некого во она што го вели Библијата на таа тема.

Песна 70 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 19 февруари

Песна 221

8 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Локални потреби.

22 мин: „Објавувај го Јеховиното име и постапки“.b Еден старешина ги разгледува специјалните планови што се прават локално за зголемена активност во март и април, вклучувајќи ги и напорите да се охрабрат колку што е можно повеќе лица да бидат помошни пионери. Некои кои пионереле минатиот април нека кажат какво задоволство им донело тоа. Сосредоточи се на тоа да му се помогне на секој неактивен објавител повторно да ни се придружи во службата, како и да им се помогне на децата и на другите библиски студенти да се квалификуваат како некрстени објавители. (Види ја Рубриката прашања од Наша служба за Царството од ноември 2000.)

Песна 27 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 26 февруари

Песна 48

8 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за февруари.

12 мин: Предложени презентации за книгата Спознание. Дали имаш на ум некоја презентација за понуда на книгата Спознание во март? Ако ги разгледаш задните страници на минатите изданија на Наша служба за Царството, ќе најдеш предлози за сведочење на ново место. За многу од нив се дадени и идеи како да се следи интересот на повторната посета. Разгледај две или три од овие предложени презентации. (Декември 1995; март, јуни, ноември 1996; јуни 1997; март 1998.) Нека има приказ на два или три предлога од изданието од ноември 1996 за користење директен пристап во започнувањето библиски студии. Охрабри ги сите да вложуваат посебни напори за да започнат нови студии.

25 мин: „Да се изгради ценење за Библијата — најстарата современа книга на човештвото“. Дискусија со присутните врз основа на прашањата што се дадени на 7. страница. Истакни го фактот дека со повеќе од 100 милиони примероци во целост или делумно, на 37 јазици, Превод Нов свет е една од најдистрибуираните Библии. Во април ќе ја разгледаме третата од оваа серија видео касети, Библијата — нејзината моќ во твојот живот.

Песна 193 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 5 март

Песна 81

5 мин: Локални известувања.

18 мин: „Јехова дава моќ“.c Повикај ги присутните да коментираат за примената на библиските стихови.

22 мин: „Успешно сведочење по телефон“.d Да го одржи надгледникот за служба. Вклучи го охрабрувањето од Стражарска кула од 15 декември 1999, 23. страница, 17. пасус. Разгледај ја рамката „Што да речеш на телефонска секретарка?“ во Наша служба за Царството од ноември 2000. Објасни кои подрачја се подготвени за сведочење по телефон. Нека се раскажат неколку кратки искуства кои покажуваат каков успех се постигнува локално во ова дело.

Песна 72 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели