ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/01 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 9 април
  • Седмица што почнува од 16 април
  • Седмица што почнува од 23 април
  • Седмица што почнува од 30 април
  • Седмица што почнува од 7 мај
Нашата служба за Царството 2001
km 4/01 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 9 април

Песна 72

15 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Дај известување за присутноста на Меморијалот во собранието. Замоли ги присутните да кажат како го изразиле своето ценење оние кои присуствувале првпат. Охрабри ги сите да ја гледаат видеокасетата Библијата — нејзината моќ во вашиот живот како подготовка за дискусијата што ќе се води на Состанокот за служба од 23 април.

10 мин: Рубрика прашања. Говор на еден старешина. Наброј кои фактори се земени предвид при изборот на тоа кои домови да се користат како локации за студија на книга. (Види Рубрика прашања во англиското издание на Наша служба за Царството од февруари 1983.)

20 мин: „Биди ‚горливо зафатен‘ со твојата служба“.a Замоли двајца или тројца објавители да раскажат какви искуства доживеале помагајќи им на другите онака како што е препорачано во пасуси 3—5.

Песна 32 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 април

Песна 92

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Од април останаа само уште два викенда и затоа охрабри ги сите да учествуваат во службата пред да заврши месецот.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Едноставноста е најдобра“.b Вклучи мисли од статијата „Да ‚преминеме на главното‘!“ од Наша служба за Царството од јули 1999, страница 4. Кратко прикажи една или две едноставни презентации.

Песна 146 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 април

Песна 163

5 мин: Локални известувања.

15 мин: „Да се планира однапред — за што?“ Говор. Вклучи соодветни мисли од Стражарска кула од 1 ноември 2000, страници 18—21.

25 мин: „Впечатоци од видеокасетата Библијата — нејзината моќ во вашиот живот“. Дискусија со присутните. Зошто не ја примениш идејата што е дадена во искуството раскажано во Годишник за 1997, страница 54, пасус 1, во врска со доброто користење на видеокасетите на Заедницата? Во јуни ќе ја разгледуваме видеокасетата Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад.

Песна 195 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 април

Песна 215

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за април. Водителите на студија на книга треба да проверат дали секој од нивната група го предал извештајот за да можат сите извештаи да се пресметаат до 6 мај.

15 мин: „Сведочи како добар сосед“.c Спомни уште некои начини на кои можеме да дадеме сведоштво со нашето однесување. (Види Стражарска кула од 1 ноември 1997, страница 18, пасус 16.)

20 мин: Пионерите им помагаат на другите. Говор и интервјуа што ги води надгледникот за служба. Повторно разгледај ја програмата Пионерите им помагаат на другите, што е разработена во Наша служба за Царството од септември 1998, страница 4. Наведи ги позитивните работи што се постигнати локално. Интервјуирај еден пионер кој му помогнал на некој друг, како и еден објавител на кој му било помогнато. Покажи како и двајцата имале корист од тоа што работеле заедно во службата. Замоли ги и другите да ја искористат оваа подготовка следните месеци.

Песна 133 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 7 мај

Песна 129

10 мин: Локални известувања.

15 мин: „За Бог сѐ е можно“.d Кратко коментирај за она што е наведено во книгата Proclaimers (Објавители), 443. страница, каде што се гледа во колкав обем се проповедало во 1935 во споредба со статистиките во најновиот Годишник. Истакни како оваа огромна експанзија порано изгледала невозможна.

20 мин: Како може нашето семејство да покаже светост? Еден старешина и неговото семејство дискутираат за Стражарска кула од 1 август 1996, страници 17—20. Разгледај на кои начини можеш да покажеш светост дома, кога си со роднините, во собранието и соседството, на училиште и на работното место.

Песна 70 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели