ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/01 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 14 мај
  • Седмица што почнува од 21 мај
  • Седмица што почнува од 28 мај
  • Седмица што почнува од 4 јуни
Нашата служба за Царството 2001
km 5/01 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

ЗАБЕЛЕШКА: Во Наша служба за Царството ќе има распоред за Состанокот за служба секоја седмица во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да се овозможи присуствување на Обласниот конгрес „Учители на Божјата реч“. Искористете 15 минути од последниот Состанок за служба пред да се одржи конгресот за да ги повторите навремените совети од додатокот за овој месец, кои може да бидат корисни локално. Во текот на октомври ќе бидат направени подготовки на еден цел Состанок за служба да се разгледаат врвни мисли од конгресот. Како подготовка за таа дискусија, сите можеме да правиме забелешки на конгресот, вклучувајќи и список од точки што сакаме да ги примениме лично во нашиот живот и во службата на теренот. Тогаш ќе бидеме подготвени да објасниме како сме ги примениле тие предлози откако сме присуствувале на конгресот. Ќе биде заемно изградувачки додека слушаме како сме извлекле корист од добрата поука што сме ја добиле.

Седмица што почнува од 14 мај

Песна 3

6 мин: Локални известувања и избрани известувања од Наша служба за Царството. Разгледај ја горната забелешка во врска со преиначувањата во Состанокот за служба и што се планира за Состанокот за служба во октомври, кога ќе има повторување на врвни точки од обласниот конгрес.

9 мин: Какви се твоите планови за летото? Еден старешина или слуга помошник и неговото семејство дискутираат за нивните планови за летните месеци. Разговараат за присуството на сите сесии на обласниот конгрес, да бидат помошни пионери и можеби да земат годишен одмор и да учествуваат во некој облик на рекреација. Сите се согласуваат дека не сакаат да ги занемарат теократските активности како што се присуството на собраниските состаноци, учеството во службата на теренот и одржувањето на семејната библиска студија, дури и ако патуваат некаде. Ќе се погрижат навремено да му го достават на секретарот извештајот за нивната активност во службата на теренот, без оглед на тоа дали се дома или се во некое друго место.

14 мин: „Конгресите — време за радост!“ Говор на еден старешина. Објасни зошто во библиски времиња се одржувале големи собири на Јеховиниот народ и зошто тие се подеднакво корисни и денес. Овие прилики нудат зајакнувачко дружење и витална духовна храна. Нагласи колку е важно секој да биде присутен сите три дена од обласниот конгрес.

16 мин: „Организирани ‚пристојно и уредно‘“.a Опиши некои од опсежните подготовки што мора да се направат за да се организира еден конгрес. Истакни колку е важно целосно да се соработува со процедурите што се применуваат за наша корист. Разгледај некои начини на кои можеме сите ние да покажеме исправна почит и да избегнеме непотребни проблеми.

Песна 67 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 мај

Песна 172

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

17 мин: ‚Слушај и прими повеќе поука‘. Говор и дискусија со присутните. Објасни зошто поуката што се дава на конгресите е витална духовна храна што ни е потребна. Коментирај за огромното време и напори што се потребни за да се подготви една таква програма. Замоли ги присутните да коментираат за тоа што може да направи секој за да извлече најголема корист и тој и другите. Нагласи ги причините зошто сите треба да бидеме на своите места кога ќе започне секоја сесија.

18 мин: „Прави добро и имај пофалба!“b Објасни зошто привлекуваме големо внимание кога присуствуваме на некој голем конгрес. Поволните коментари од набљудувачите го зголемуваат сведоштвото за Царството, додека критизерските забелешки можат да ги одвратат луѓето. Укажи на конкретни работи што треба да ги направиме за да покажеме дека имаме христијански особини, во кои спаѓа и искрениот интерес за другите.

Песна 105 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 мај

Песна 58

13 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба на теренот за мај.

15 мин: Локални потреби.

17 мин: „Речта Божја . . . врши силно влијание“.c Вклучи два добро подготвени приказа кои ќе покажат како кратките презентации можат да го сосредоточат вниманието врз Божјата реч.

Песна 79 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 4 јуни

Песна 56

12 мин: Локални известувања и искуства од службата на теренот.

15 мин: „Целосно учествувај во жетвата“.d Кога ќе се дискутира за 4. пасус, вклучи го примерот од Стражарска кула од 15 септември 1996, 18. страница, 10. пасус, кој покажува што прават некои за да ја прошират својата служба.

18 мин: „Многу пати го обработивме нашето подрачје!“e Да го одржи надгледникот за служба. (Собранијата што имаат ретко обработувани подрачја можат да ја разгледаат статијата „Списанијата го објавуваат Царството“ од Наша служба за Царството од април 1998.) Дискутирај што може да се направи локално за да се обработи потемелно подрачјето. Раскажи искуства од Годишник за 1997, 204. страница, и од Стражарска кула од 15 февруари 1996, 26. страница. Нагласи колку е важно добро да се водат белешки од куќа до куќа, да се води евиденција за местата каде што нема никој дома и брзо да се прават повторни посети.

Песна 162 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели