Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 11 јуни
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите да ја гледаат видеокасетата Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад како подготовка за дискусијата што ќе се води на Состанокот за служба во седмицата од 25 јуни.
15 мин: „Продолжи ‚да го правиш она што е добро‘“. Охрабрувачки библиски говор на еден старешина.
20 мин: „Достигни го срцето на својот студент“.a Вклучи практични предлози за тоа како да им се помогне на новите во своите срца да развијат вера и љубов кон Јехова и Исус. Употреби клучни мисли од Стражарска кула од 15 јули 1999, 14. страница, пасуси 18—20.
Песна 107 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 јуни
5 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
10 мин: Да се одговори на потенцијалните приговори за да се прекине разговорот. Дискусија со присутните. Разгледај „Коментари“ од книгата Расправљање, страници 15 и 16. Од страници 16—20 избери некои приговори што се среќаваат на твоето подрачје. Замоли ги присутните да раскажат кои одговори што ги користат се делотворни и зошто.
30 мин: „Можеш ли да се ставиш на располагање?“ Охрабрувачки говор комбиниран со коментари на присутните кои одговараат на подготвени прашања во врска со пасуси 13 и 18—24. Охрабри ги родителите да им помогнат на своите деца да размислуваат за бетелската служба како кариера. Препорачај семејствата заедно да го проучат овој додаток на нивната семејна студија.
Песна 138 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 јуни
15 мин: Локални известувања. Разгледај ја понудата на литература за јули и август. Истакни две брошури што ги има на резерва локално. Нека има добро подготвени прикази за тоа како да се нудат во службата. За предложените презентации, види ги задните страници на изданијата на Наша служба за Царството од јули и август од 1995 до 1998.
30 мин: „Јас цврсто стојам! Јас цврсто стојам! Јас цврсто стојам!“ Дискусија со присутните за видеокасетата Стојат цврсто врз основа на прашањата во 2. пасус. Потоа разгледај ги пасусите 3 и 4. Заклучи со искуството од српското Разбудете се! од 22 ноември 1999, страница 31. Во август ќе ја разгледуваме видеокасетата The New World Society in Action (Заедницата на новиот свет во акција).
Песна 29 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 2 јули
13 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба на теренот за јуни. Разгледај ја рамката „Дали во личната библиотека ти фалат некои Годишници?“ Изнеси куси извадоци од искуства од Годишници за 1996 до 1998 за да илустрираш од колкава вредност е нивната содржина. Охрабри ги сите што ги немаат овие Годишници во својата лична библиотека да ги нарачаат додека има резерва.
15 мин: Млади — бидете мудри во изборот на кариера. Ова е првиот од трите дела на Состанокот за служба каде што ќе се разгледуваат библиските начела поврзани со дополнителното образование. Некои христијански младинци се стремат кон световна кариера стекнувајќи високо образование, а тоа лошо се одразува врз нивната духовност. Овој дел е дискусија помеѓу двајца родители и нивниот син или ќерка на тинејџерска возраст. Младинецот е во период кога треба да донесе сериозна одлука во врска со своите цели за иднината. Иако некои можеби сакаат да стекнат финансиски поволности, углед или удобен живот, семејството ја испитува Библијата за да види што препорачува таа. (Види Младите прашуваат, страници 174, 175; Стражарска кула од 15 август 1997, 21. страница, и 1. септември 1999, 19—21 страница, пасуси 1—3 и 5, 6.) Младинецот се согласува дека е мудро да се стреми по животен правец што добро ќе му послужи во постигнувањето на теократските цели да ги унапредува интересите на Царството.
17 мин: „Будно барај ги глувите луѓе на твоето подрачје“.b Раскажи го искуството од Наша служба за Царството од февруари 1998, страница 3, пасус 7.
Песна 32 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.