Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 9 јули
8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
17 мин: Извештај за службата за април. Говор и интервјуа што ќе ги води надгледникот за служба. Нагласи го априлскиот извештај за служба на теренот во земјата и во локалното собрание. Интервјуирај различни објавители што вложиле додатен напор во службата тој месец. Нека кажат каква радост почувствувале од тоа што имале целосно учество, како и што прават за да останат зафатени во службата. (Види го додатокот во Наша служба за Царството од март 2001, пасуси 28—30.)
20 мин: „Можеш ли да служиш онаму каде што има поголема потреба?“a Вклучи охрабрувачки искуства на локалните објавители во изолираните или ретко обработувани подрачја. (Види ја книгата Нашата служба, страници 112, 113.)
Песна 42 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 16 јули
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Млади — пресметајте го трошокот на вашата кариера. Еден татко и неговиот син или ќерка на тинејџерска возраст му пристапуваат на еден старешина кој има практично искуство во световното вработување. Откако размислуваат за точката од Состанокот за служба пред две седмици во врска со изборот на кариера, младинецот сериозно размислува да започне со општа пионерска служба, но не е сигурен како да се грижи за своите материјални потреби. Старешината ја нагласува потребата од урамнотежено гледиште. (Стражарска кула од 1 септември 1999, 11. страница, 13. пасус.) Мудро е да се стекне некакво школување за човек да може да се грижи за себе. Многумина добро постапиле едноставно со тоа што ги научиле основните вештини за кои се потребни минимални инвестиции на време и пари. (Стражарска кула од 1 февруари 1996, 14. страница; Младите прашуваат, 178. страница.) Заедно дискутираат за Разбудете се! од 8 јуни 1996, страници 9—11, како и за некои практични предлози во врска со тоа како да се најде или да се создаде соодветно световно вработување.
20 мин: Јеховини сведоци — кои се тие? Во што веруваат? Дискусија со присутните и приказ. Разгледај ја оваа брошура и дискутирај за тоа како можеме да ја користиме за да ги информираме другите за нас и за нашето дело. Таа кажува кои сме ние (страници 3—5), истакнува дел од нашата современа историја и активности (страници 6—11), ги набројува верувањата по кои се разликуваме од другите религии (страници 12—14), ја објаснува добрата вест што ја проповедаме и како ја проповедаме (страници 15—21), покажува како нашето дело е од корист за заедницата (страници 22—24), го прикажува меѓународниот обем на нашата организација (страници 25, 26) и одговара на прашања што најчесто се поставуваат во врска со нас (страници 27—31). Нека има приказ како еден објавител ја користи брошурата за да одговори на едно од прашањата на 29. страница што го поставува еден љубопитен станар, а потоа објавителот ја упатува поканата што е на последната страница. Охрабри ги сите да ја користат брошурата за да ги запознаат со нас роднините што не се Сведоци, да поттикнат интерес на повторните посети и да ги насочат библиските студенти кон организацијата.
Песна 50 и заклучна молитва.
Седмица што почнува на 23 јули
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Колку е важно христијанското дружење?“b Вклучи коментари од поднасловот „Преку собранието“, од Стражарска кула од 15 јануари 1996, страница 22.
Песна 53 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 30 јули
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за јули.
20 мин: Млади — бидете проникливи во планирањето на вашето образование. Еден старешина разговара со некои родители и нивните деца тинејџери во врска со дополнителното образование. Старешината предводи во дискусијата на темел на Стражарска кула од 1 септември 1999, страници 16 и 17, пасуси 11—13, нагласувајќи ги причините зошто полновремената служба треба да биде на прво место на нивниот список на приоритети. (Стражарска кула од 1 декември 1996, страници 18 и 19, пасуси 13—15.) Потоа групата го разгледува советот од Разбудете се! од 8 јуни 1998, страници 29, 30, нагласувајќи ја потребата од проникливост во одмерувањето на користите и недостатоците на дополнителното образование и тоа да се ограничи на она што е потребно за човек да се издржува себеси додека ревносно ја извршува службата. Сите се согласуваат дека треба да бидат водени од Исусовата опомена да ги стават интересите на Царството на прво место (Мат. 6:33).
15 мин: Добра вест за сите нации. Дискусија со присутните и приказ. Сѐ поголем процент од населението во оваа земја го сочинуваат луѓе што зборуваат странски јазик. Покажи како можеме да им сведочиме на таквите користејќи ја брошурата Добра вест за сите нации (Good News for All Nations). Прочитај ја презентацијата што е напишана на јазикот на твоето собрание. Покажи што да се прави кога на вратата ќе излезе некој што зборува друг јазик. Раскажи некои добри искуства за тоа како ова се направило на твоето подрачје. (Види го додатокот на Наша служба за Царството од февруари 1998, пасуси 9 и 10.)
Песна 57 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 6 август
15 мин: Локални известувања. Замоли ги присутните да раскажат искуства од неформалното сведочење додека патувале на обласен конгрес, биле на годишен одмор или ги посетувале роднините што не се Сведоци.
10 мин: „Нова програма за покраинскиот собир“. Говор. Објави го датумот на следниот покраински собир. Сите треба да вложат посебни напори да ги поканат библиските студенти. Охрабри ги некрстените објавители сериозно да размислат да го симболизираат своето предание на Јехова на следниот собир. Поттикни ги сите да присуствуваат на двете сесии секој ден.
20 мин: „Не колебај се!“c Ако допушта времето, раскажи ги искуствата од Стражарска кула од 15 декември 1999, страница 25.
Песна 63 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.