Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 10 септември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
13 мин: Локални потреби.
22 мин: „Дали темелно ја извршуваш својата служба?“a Откако со присутните ќе се дискутира за 1—3 пасус, нека има приказ на една кратка презентација на списанија со Стражарска кула од 15 септември. Откако ќе се дискутира 4. пасус, прикажи ја предложената презентација користејќи ја книгата Спознание.
Песна 89 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 17 септември
15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Што постигнавме минатата година? Говор на надгледникот за служба. Изнеси врвни точки од собранискиот извештај за 2001 службена година. Пофали ги сите за добрите работи што се постигнати. Сосредоточи се на тоа што постигнало собранието во поглед на посетеноста на состаноците, редовноста во службата на теренот и активноста на водење библиски студии, изнесувајќи практични предлози за подобрување. Постави достижни цели за претстојната година.
15 мин: Рубрика прашања. Говор. Разгледај го собранискиот седмичен распоред за состаноци за служба. Објасни како сите присутни можат да придонесат за продуктивна дискусија на овие состаноци. Охрабри го собранието да ги поддржува овие подготовки за служба.
Песна 129 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 24 септември
15 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите што се дадени во „Што да речеш за списанијата“, прикажи две презентации — една со Стражарска кула од 1 октомври а другата со Разбудете се! од 8 октомври.
30 мин: Љуби го Бог — а не работите од светот (1. Јов. 2:15—17). Говор и дискусија со присутните во кои се разгледува програмата од покраинскиот собир што се одржа минатата службена година. Замоли ги објавителите да коментираат за клучните мисли што ги научиле и како можеле да ги применат лично или како семејство. (Однапред можат да се доделат делови.) Нагласи ги овие програмски делови: 1) „Љубовта кон Бог нѐ мотивира во нашата служба“. Таквата љубов ни помага да се справиме со негативните чувства што би можеле да бидат пречка во нашето проповедање — плашливост, чувства на недостаточност, страв од луѓето. 2) „Љубителите на Јехова го мразат она што е лошо“ (w 1.10.99 28—31). Односот со Бог зависи од тоа дали го мразиме она што го мрази и тој — не само она што очигледно е зло туку и подмолните лоши работи. 3) „Стреми се по ненадминливиот пат на љубовта“ (w 15.7.92 27—30). Прво коринќаните 13:4—8 покажува зошто стрпливо ги поднесуваме несовршеностите на другите, избегнуваме себичност и соперништво, не шириме штетно озборување и остануваме лојални на Божјата организација. 4) „Работите во светот — како гледаме на нив?“ Не треба да ги љубиме работите во светот, да подлегнуваме на желбите на телото, да бидеме заведени од желбите на очите или нападно да ги истакнуваме своите средства за живот. 5) „Заштитени со тоа што не сме дел од светот.“ Второ коринќаните 6:14—17 покажува како извесни верувања, обичаи и практики можат да нѐ направат неприфатливи за Бог. Мора да ги препознаеме и да ги избегнуваме замките што ги смислува Ѓаволот. 6) „Божествени ветувања за оние кои го љубат Бог“ (w-E 15.6.86 5, 6). Јеховиниот благослов ја зголемува радоста во нашиот живот и духовно нѐ збогатува (1. Тим. 6:17—19).
Песна 133 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 1 октомври
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за септември.
15 мин: Како можам да постигнам подобар успех на училиште? Еден старешина и неговата сопруга или еден слуга помошник и неговата сопруга разговараат со своето дете на училишна возраст. Тие се загрижени затоа што детето попуштило со училиштето. Го разгледуваат советот од Младите прашуваат, 18. поглавје, и дискутираат што треба да направи детето за да се подобри. Родителите ја нагласуваат важноста на стекнувањето добро основно образование за да се искористи целосниот потенцијал во извршувањето на светата служба.
20 мин: „Дали тоа е пречка да проповедаш?“b Нагласи ја потребата да се биде урамнотежен во световната работа, поставувајќи си приоритети со кои на прво место се ставаат интересите на Царството. Замоли некои семејни поглавари во собранието да раскажат како се справуваат со предизвикот материјално да го обезбедат своето семејство без да ги жртвуваат духовните потреби.
Песна 132 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.