Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 8 октомври
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Со помош на предлозите на 8. страница, покажи една кратка презентација на списанието Стражарска кула од 15 октомври.
35 мин: „Дали го применуваш она што го научи на Обласниот конгрес ‚Учители на Божјата реч‘?“ Дискусија со присутните за конгресната програма, што ќе ја одржи водителот на студијата на Стражарска кула. По вовед од една минута, посвети 10—12 минути за програмата секој ден. Кратко изнеси ги главните мисли од секој поднаслов, а потоа замоли ги присутните да коментираат за тоа 1) како се потрудиле да ја применат поуката, 2) како извлекле корист од тоа и 3) што мислат, уште што треба да направат. Користи прашања што поттикнуваат на размислување за да охрабриш на жива дискусија. Помогни им на сите да ја сфатат потребата да го применат она што го научиле.
Песна 43 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 октомври
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Дали имаш „послушно срце“? (1. Цар. 3:9, NW). Говор на старешина, на темел на Стражарска кула од 15 јули 1998, страници 29—31. Дискутирај на кои начини можеме да покажеме послушност додека соработуваме со собранието.
20 мин: Добро да ги користиме нашите списанија. Надгледникот за служба и слугата за списанија дискутираат за својата загриженост за дистрибуцијата на списанија локално. Спомнуваат колку примероци добива собранието секој месец, во споредба со бројот на врачени списанија според извештајот. Очигледно, некои списанија се складираат или се фрлаат. Како можат објавителите подобро да ги користат нашите списанија? Браќата дискутираат за седум точки од Состанокот за служба за седмицата од 4 октомври 1999, „Мисли на списанијата!“ Го разгледуваат искуството од Стражарска кула од 15 февруари 1998, страници 28, 29, и разгледуваат некои начини како можат локално да се применат предлозите. Сите се охрабрени да ги пробаат пример-презентациите што се изнесени секој месец во Наша служба за Царството.
Песна 156 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 октомври
10 мин: Локални известувања. Со помош на предлозите на 8. страница, прикажи две кратки презентации на списанија, едната со Стражарска кула од 1 ноември, а другата со Разбудете се! од 8 ноември.
15 мин: Како би одговорил? Кратко истакни ги страници 171 и 172 од книгата Расправљање, каде што е даден јасен одговор на прашањето „Како Јеховините сведоци доаѓаат до своето објаснување на Библијата?“ Нека има една добро подготвена презентација за тоа како да се одговори на ова прашање на повторна посета, а потоа нека следи срдечна покана за присуство на собраниските состаноци.
20 мин: Говор. Разработи ги информациите од Стражарска кула од 1 април 2001, страници 30, 31, „Послушност — важна лекција од детството?“ Истакни како начелата што се спомнати во статијата важат и за возрасните и за децата.
Песна 47 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 29 октомври
12 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба за октомври. Во ноември ќе се нуди брошурата Бара или книгата Спознание. Нека има приказ со следнава кратка презентација: „Во овие економски тешки времиња, на многу луѓе им е тешко да врзат крај со крај. Дали мислите дека човечките влади ќе го решат овој проблем на начин што ќе биде праведен за секого? [Дозволи одговор.] Сметам дека ова ветување од Библијата е многу охрабрувачко“. Прочитај Псалм 72:12—14. Потоа понуди ја брошурата Бара или книгата Спознание, вклучувајќи со соодветен коментар од публикацијата.
15 мин: Локални потреби.
18 мин: „Колку добро се храниш духовно?“a Замоли за додатни коментари на присутните од Стражарска кула од 15 април 1997, страници 28—31, да објаснат зошто и како мораме да се напрегаме за да задржиме добри навики на духовна исхрана.
Песна 181 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 5 ноември
10 мин: Локални известувања.
18 мин: Семејна подготовка за состаноците. Таткото дискутира со своето семејство како можат сите да се подготват за да имаат добро учество на состаноците. Со помош на упатствата од Стражарска кула од 1 јули 1999, страници 19, 20, пасус 9, тие се подготвуваат како да коментираат за време на студијата на Стражарска кула оваа седмица. 1) Секој член на семејството избира едно или две прашања за кои ќе коментира. 2) Откако ќе го разгледаат секој пасус, ги формулираат коментарите со свои зборови. 3) Ги издвојуваат клучните стихови што се наведени, дискутираат како секој е поврзан со темата и планираат што да речат за да ги применат на лекцијата. Сите се желни да учествуваат на состанокот.
17 мин: „Каква е целта?“b Истакни колку е важно да им се помогне на студентите да сфатат колку вреди да се присуствува на собраниските состаноци. Вклучи добро подготвен приказ како да се направи ова, со помош на 17. поглавје, пасуси 6—8 од книгата Спознание.
Песна 152 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.