ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/02 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 11 февруари
  • Седмица што почнува од 18 февруари
  • Седмица што почнува од 25 февруари
  • Седмица што почнува од 4 март
Нашата служба за Царството 2002
km 2/02 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 11 февруари

Песна 6

12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите да го прочитаат или да го разгледаат извештајот од Битие 6:1 до 9:19 и да ја гледаат видеокасетата Ное — тој одел со Бог како подготовка за дискусијата за Состанокот за служба во седмицата од 25 февруари.

20 мин: „Во потполност проповедај ја речта Божја“a (пасуси 1—13). Да го одржи претседавачкиот надгледник. Воодушевена дискусија за она што сакаме да го постигнеме во март и месеците потоа. Секој треба да го употреби календарот што е даден во додатокот за да испланира практичен распоред за колку што е можно поголемо учество во службата во текот на март. Охрабри ги сите што се во можност да го сторат тоа да бидат помошни пионери тој месец. Кога ќе дискутираш за пасуси 7 и 8, замоли да раскажат за благословите што ги уживале оние што биле пионери минатата сезона на Меморијалот. Дај известување дека по завршувањето на состанокот ќе можат да се добијат молби за помошна пионерска служба.

13 мин: „Што да речеш за списанијата“. Прашај ги објавителите како оваа рубрика од Наша служба за Царството им помогнала да бидат подобро подготвени да ги поврзат статиите со бурните настани во овие критични времиња. Какви искуства имале некои кога ги тешеле луѓето и им помагале да најдат библиски одговори на вознемирувачки прашања? Во една кратка презентација покажи како да се презентира Стражарска кула од 15 февруари.

Песна 21 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 18 февруари

Песна 32

8 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

12 мин: „Најсреќниот народ на земјата“.b Кратко вклучи ја рамката „Чекори кон среќата“ од Стражарска кула од 15 октомври 1997, страница 6.

25 мин: „Во потполност проповедај ја речта Божја“c (пасуси 14—23). Да го одржи надгледникот за служба. Разгледај ги специјалните планови што се прават локално за зголемена активност во март. Изнеси го целиот распоред за состаноци за служба на теренот планирани за тој месец. Сосредоточи се на повторно активирање на оние што станале неактивни и помагање на децата и на библиските студенти да се квалификуваат за некрстени објавители. Извести ги имињата на оние што се пријавиле за помошна пионерска служба во март и охрабри уште повеќе лица молитвено да размислат да им се придружат.

Песна 143 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 25 февруари

Песна 174

15 мин: Локални известувања. Прикажи две кратки презентации на списанија — едната со Стражарска кула од 1 март и другата со Разбудете се! од 8 март. Едното списание нека го понуди младинец. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за февруари.

15 мин: „Влијание на видеокасетите што даваат сведоштво“. Дискусија со присутните. Досега сме разгледале шест наши видеокасети на програмата на Состаноците за служба. По кратка дискусија за примерите што се дадени во статијата, замоли ги објавителите да раскажат каков успех имале кога им ги прикажувале видеокасетите на другите луѓе.

15 мин: „Секој може да учи од видеокасетата Ное — тој одел со Бог“. Веднаш започни со дискусија за видеокасетата Ное со присутните, користејќи ги само прашањата што се дадени во рамката на 7. страница.

Песна 215 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 4 март

Песна 207

5 мин: Локални известувања.

12 мин:: Локални потреби.

12 мин: Користи ја книгата Спознание за да започнеш студии. Во текот на март би сакале да вложиме посебни напори да започнуваме домашни библиски студии. Кратко раскажи го искуството од Наша служба за Царството од август 1998, страница 4, пасус 8. Ако некој неодамна започнал студија со книгата Спознание, прикажи како успеал во тоа. Потсети ги сите на статијата „Предлози за презентација на книгата Спознание“ во додатокот на Наша служба за Царството од јануари 2002. Со помош на оваа книга прикажи еден од предлозите на страница 6 од додатокот под „Директен пристап“.

16 мин: „Зошто да продолжиме да проповедаме?“d На крајот нека има интервју со еден или двајца објавители што продолжиле да проповедаат во период од многу години. Нека кажат зошто истрајале во ова дело и каква корист извлекле.

Песна 212 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели