ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/02 стр. 8
  • Духовно јаки семејства — како?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Духовно јаки семејства — како?
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Помош за семејствата
    Нашата служба за Царството 2011
  • Христијанското семејство соработува меѓусебно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Семејства, фалете го Бог како дел од неговото собрание
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Големи семејства обединети во Божјата служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 4/02 стр. 8

Духовно јаки семејства — како?

1 Христијанските семејства се пофалени што „практикуваат побожна оддаденост во своето домаќинство“ (1. Тим. 5:4). Меѓутоа, со оглед на толку многу лоши влијанија околу нас што можат да ни ја ослабат верата, неопходно е семејствата напорно да работат на тоа да останат духовно јаки. Како може да се постигне тоа?

2 Спроведувајте поглаварство како Христовото: Поглаварите на семејството треба да го имитираат Исус Христос во начинот на кој ја извршуваат одговорноста да ги зајакнат своите домаќинства. Исус не ја покажал само еднаш својата љубов кон нас преку својата жртвена смрт. Тој постојано „го храни и негува“ собранието (Ефеш. 5:25—29). Љубезните родители го следат овој пример на нежна грижа со тоа што водат сметка за секојдневните духовни потреби на своите семејства. Ова вклучува одржување семејна библиска студија секоја седмица, водење длабоки духовни дискусии секогаш кога е можно и решавање на проблемите кога ќе се појават (Втор. 6:6, 7).

3 Во службата на теренот: Сите членови на семејството треба да сфатат дека да им се сведочи на другите за Јехова и за неговите намери е важен дел од обожавањето (Иса. 43:10—12). Родители, ако сакате вашите деца да бидат верни Сведоци на Јехова, морате да почнете многу рано да го подготвувате нивното срце за службата. Дискутирајте од кои причини е потребно да бидат самопожртвувани во службата и да учествуваат во неа секоја седмица (Мат. 22:37—39). Потоа направете подготовки редовно да учествуваат со вас во службата на теренот.

4 Изградете ценење за проповедничкото дело одвојувајќи време додека трае седмичната семејна студија да подготвите и да извежбате некоја делотворна презентација. Обучувајте ги сите свои деца поединечно во службата, помагајќи им да напредуваат според својата возраст и способности. Откако ќе бидете заедно во служба, дискутирајте како од прва рака ја виделе Јеховината доброта. Раскажете искуства што ја зајакнуваат верата. Колку повеќе семејствата „вкусиле дека Господ е љубезен“ толку поблиски ќе бидат со Јехова, а тоа ќе ги зајакне да одолеат на „секоја злоба“ (1. Пет. 2:1—3).

5 На состаноците: Колку е убаво кога членовите на семејството ќе си помагаат еден на друг да присуствуваат на сите собраниски состаноци, особено ако некој од нив се чувствува уморен, обесхрабрен или преоптоварен! „Кога татко ми ќе си дојде дома од работа, тој е уморен“, забележала една млада сестра. „Но, јас му кажувам некоја добра мисла за која ќе се зборува на состанокот таа вечер и тоа го охрабрува да оди. Потоа, кога јас сум уморна, тој ме охрабрува мене да одам“ (Евр. 10:24, 25).

6 Правете ги работите заедно: Семејствата треба да ги прават работите заедно, на пример, да помагаат во обврските во домаќинството. Треба да се одвои време и за добро избрана рекреација. Одењето на излет, пешачењето, игрите и патувањето за да се посетат роднините или пријателите можат да бидат извор на радосни моменти и пријатни сеќавања (Проп. 3:4).

7 Јаките христијански семејства ги совладуваат секојдневните предизвици за нивната духовност. Приближувајќи му се уште повеќе на Јехова, тие ја искусуваат моќта што ја дава тој (Ефеш. 6:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели