Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 8 јули
15 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 4. страница, нека има приказ за тоа како да се презентира Стражарска кула од 15 јули. Нека се прикаже како да се одговори на приговорот: „Ние сме веќе христијани“. (Види ја книгата Расправљање, 19. страница.)
10 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина, со локална примена на материјалот.
20 мин: Да се организираме да сведочиме неформално. Дискусија со присутните од книгата Наша служба, страници 93, 94. Користејќи ги предлозите на предната страница од додатокот на Наша служба за Царството од јануари 2002, кратко прикажи два или три начини да се сведочи неформално на странец, сосед, роднина или познаник.
Песна 139 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 јули
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Добри причини да ја користиме Библијата во нашата служба. Говор и дискусија со присутните. Исус го познавал Писмото и често се осврнувал на него кога поучувал (Лука 24:27, 44—47). Она за што поучувал не потекнувало од него лично (Јован 7:16—18). Важно е и ние да ја користиме Божјата реч. Таа има поголема моќ од сѐ што ние лично можеме да кажеме (Јован 12:49, 50; Евреите 4:12). Искрените лица се привлечени од утехата и надежта што ги нуди Писмото. Постави си за цел да прочиташ барем еден библиски стих во своите презентации. Истакни дека во предлозите за презентација на списанијата за овој месец се вклучени библиски стихови. Замоли ги присутните да коментираат за тоа како ја користат Библијата во службата и каков ефект има тоа на нив и на оние на кои им проповедаат.
Песна 215 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 јули
10 мин: Локални известувања. Родител и дете што работат заедно во службата имаат приказ за тоа како да се користат предлозите на 4. страница за да се понуди Стражарска кула од 1 август и Разбудете се! од 8 август. Едниот има приказ со Стражарска кула, а другиот со Разбудете се!. Охрабри ги родителите постепено да ги обучуваат своите деца во службата.
17 мин: Што ќе му речеш на лице кое прашува за исламот? Говор и приказ. Користејќи ја книгата Потрагата на човештвото по Бог, поглавје 12, накратко објасни ја паралелата помеѓу Библијата и Коранот (види ја рамката на 285. страница). Покажи ја разликата помеѓу исламското учење за душата (страници 297—300) и библиското објаснување. (Види ја фуснотата на 299. страница.) Користејќи ја книгата Расправљање, страници 106—110, прикажи како на новозаинтересирано лице да му се објасни што вели Библијата за душата.
18 мин: Како можам да ги избегнам опасностите на Интернет? Говор и дискусија со присутните темелен на Разбудете се! од 8 мај, 2000, страници 13—15. Истакни ги замките од неограниченото користење на Интернет и објасни како да се избегне да се биде фатен во стапица. Покани ги присутните да коментираат за тоа како тие извлекле корист од применувањето на овој совет.
Песна 106 и заклучна молитва
Седмица што почнува од 29 јули
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за јули.
10 мин: „Нова програма за покраинскиот собир.“ Говор. Објави го датумот за идниот покраински собир. Поттикни ги сите да бидат присутни и да внимаваат на програмата. Охрабри ги некрстените објавители да размислат за тоа да се квалификуваат за крштавање. Вложи посебен напор да ги поканиш библиските студенти.
25 мин: „Бидете складно поврзани.“a Кога ќе дискутираш за 3. пасус, вклучи коментари од Разбудете се! од 8 август 2000, страници 9, 10. Во 4. пасус, вклучи коментари од Стражарска кула од 1 април 1995, страници 16, 17, пасуси 4—6.
Песна 81 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 5 август
10 мин: Локални известувања.
20 мин: „Да се соберат луѓе од сите јазици.“b Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 април 2002, 24. страница. Ако е пригодно, накратко објасни што се прави за да им се помогне на оние што зборуваат странски јазик на локалното подрачје и прикажи презентација за 4. пасус.
15 мин: Локални искуства. Покани ги присутните да раскажат некои изградувачки искуства во врска со присуството на обласниот конгрес, со помошната служба или со учеството во други духовни активности досега ова лето.
Песна 155 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.