Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 6 мај до 19 август 2002. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите што следат после секое прашање се наменети за лично истражување. По секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Еремија 18:1—6 покажува дека Јехова ги наведува луѓето да прават нешто против своја волја [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.99 стр. 22, пас. 3, 4].
2. Лажните пророци ја краделе силата и резултатите од Божјите зборови со тоа што го охрабрувале народот да слуша лаги наместо вистинското предупредување од Бог (Ерем. 23:30) [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.92 стр. 4, пас. 3].
3. Во Еремија 25:15, 16, „оваа чаша со вино“ што ја пијат „сите народи . . . додека не обезумат“ се однесува на зашеметувачкото дејство на лажната религија [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.94 стр. 20, пас. 13].
4. Според начинот на кој Матеј го применува пророштвото на Еремија, „непријателската земја“ се однесува на земјата на смртта, од која младите жртви што ги убил Ирод Велики ќе се вратат со воскресение (Ерем. 31:15, 16; Мат. 2:17, 18) [Седмично читање на Библијата, види wSB 1.11.79 стр. 19, пас. 13].
5. Еремија 37:21 дава уверување дека Јехова може да ги поддржи своите верни слуги во тешки економски времиња [Седмично читање на Библијата; види w 15.9.97 стр. 3, пас. 4 до стр. 4, пас. 2].
6. Книгата Плач Еремиин изразува длабока жалост поради уништувањето на Ерусалим во 607 пр.н.е. од страна на Навуходоносор, царот на Вавилон [si стр. 130, пас. 1].
7. Плач Еремиин 5:7 јасно покажува дека Јехова директно ги казнува децата за гревовите на нивните родители [Седмично читање на Библијата, види w 1.9.88 стр. 13, рамка].
8. Знакот на челата што се спомнува во Езекиел 9:4 значи дека самото спознание ќе го спаси лицето [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.89 стр. 10, пас. 18].
9. ‚Даровите во облик на луѓе‘ спомнати во Ефешаните 4:8 се христијанските старешини, кои се наименувани од светиот дух и на кои им е даден авторитет да се грижат за духовните интереси на соверниците (Дела 20:28) [w 1.8.00 стр. 6, пас. 3].
10. Во денешната примена на Езекиел 23. поглавје, протестантизмот може да се спореди со Олива, а римокатолицизмот со нејзината постара сестра Ола [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.89 стр. 15, пас. 22].
Одговори на следниве прашања:
11. Кои биле тројцата истакнати пророци во текот на критичните години од 617 до 607 пр.н.е., кои достигнале кулминација со уништувањето на Ерусалим? [si стр. 132, пас. 2].
12. Како се покажува вистинско ценење за Христовата откупна жртва, во одговор на повикот од Лука 9:23? [w 15.3.00 стр. 7, пас. 5].
13. Во која смисла Јехова ‚го завел‘ Еремија? (Ерем. 20:7) [Седмично читање на Библијата; види wE 1.5.89 стр. 31, пас. 6].
14. Што мислел Исус кога рекол дека светиот дух „ќе ве научи на сѐ и ќе ве потсети на сѐ што ви реков“? (Јован 14:26) [w 1.4.00 стр. 8, пас. 7, 8].
15. Според Еремија 35:18, 19, каква е надежта за современата класа Рихавовци? [Седмично читање на Библијата; види suSB стр. 131, пас. 7].
16. Во кој поглед Нефилимите биле ‚силни‘ и „прочуени луѓе“? (Бит. 6:4) [w 15.4.00 стр. 28, пас. 1].
17. На кој начин Варух ја изгубил духовната рамнотежа и каква лекција можеме да научиме од неговото искуство? (Ерем. 45:1—5) [Седмично читање на Библијата; види w 15.8.97 стр. 21, пас. 14—16].
18. Кога и како се исполнило пророштвото од Еремија 50:38? [Седмично читање на Библијата; види dp стр. 150, пас. 2, 3].
19. Според Плач Еремиин 1:15, што навестува за христијанскиот свет судбината на Ерусалим, „девицата, Јудината ќерка“? [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.88 стр. 13, рамка].
20. Што значи изјавата „Извади ја капата од главата и остави го царскиот венец“, запишана во Езекиел 21:26? [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.89 стр. 14, пас. 16].
Впиши го зборот или фразата што се потребни за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Скромната личност останува во ․․․․․․․․ на доброто ․․․․․․․․ и признава дека има ․․․․․․․․ во однос на она што треба да го направи и она што може да го направи (Мих. 6:8) [w 15.3.00 стр. 21, пас. 1, 2].
22. Иако светиот дух не ги отстранува ․․․․․․․․ или ․․․․․․․․, тој може да ни помогне да ги ․․․․․․․․ (1. Кор. 10:13; 2. Кор. 4:7) [w 1.4.00 стр. 11, пас. 6].
23. Од списите на Еремија, пророкот Даниел дознал дека уништувањето на Ерусалим ќе траело ․․․․․․․․; извонредната точност на ова ја зајакнува верата во Јеховината моќ ․․․․․․․․ (Ерем. 25:12; Дан. 9:2) [si стр. 129, пас. 37].
24. Книгата Плач Еремиин треба да ги поттикне вистинските обожаватели на ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ и да послужи како ․․․․․․․․ предупредување за оние што го отфрлаат Јехова Бог [si стр. 132, пас. 13].
25. Примерот на Авраам како попустлив човек кога средил едно несогласување е охрабрување за нас да не дозволиме ․․․․․․․․ или ․․․․․․․․ да го нарушат нашиот скапоцен однос со нашите браќа (Бит. 13:5—12) [w 15.8.00 стр. 24, пас. 3, 4].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Јов имал ценење за (спознанието; милосрдноста; судот) на Бог и затоа постапувал (со увид; милосрдност; праведност) со своите слуги (Јов 31:13, 14) [w 15.3.00 стр. 26, пас. 1].
27. Во Еремија 16:2—4, на пророкот му било заповедано да остане самец (за да го покаже својот самопожртвуван дух; за да го предочи патот на самештво на Месијата; за да ја потврди сигурноста на Јеховината реч во врска со уништувањето на Ерусалим) [Седмично читање на Библијата; види w-E 15.4.78 стр. 31, пас. 2].
28. Во Пословици 4:7, мудроста се однесува на (познавање на фактите; согледување во каква врска се фактите; примена на спознанието и разбирањето) [w 15.5.00 стр. 21, пас. 1].
29. Ниеден човек не може да биде апсолутно сигурен кој е оригиналниот хебрејски изговор на божественото име затоа што библискиот хебрејски јазик оригинално се пишувал (само со самогласки; само со согласки) [rs стр. 162, пас. 1].
30. Со Божјата кола опишана во Езекиел 1. поглавје се претставува (Божјето месијанско Царство; Јеховината ангелска духовна организација; Јеховината комуникација со остатокот) [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.89 стр. 7, пас. 5].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Втор. 7:25, 26; Посл. 4:18; 5:21; Ерем. 46:28; Рим. 15:4
31. Оваа заповед дава образец за тоа како треба да гледа Јеховиниот народ на секакви ликови што порано ги обожавал [rs стр. 212, пас. 3].
32. Еден посебен начин на кој Бог дава утеха е преку неговата пишана Реч, која содржи прекрасна надеж за иднината [w 15.4.00 стр. 5, пас. 4].
33. Стегата од родителите не треба да ги пречекорува разумните граници ниту да оди над својата цел на карање и поучување [Седмично читање на Библијата; види kl стр. 148 пас. 20].
34. Бидејќи Јехова им овозможува на своите слуги да ја разберат неговата намера на еден прогресивен начин, зголеменото спознание честопати бара преиначувања во нечие мислење [rs стр. 172, пас. 3].
35. Секаков чин на сексуална нечистота, без оглед на тоа колку е таен, не е скриен од очите на Бог [w 15.7.00 стр. 31, пас. 3].