Известувања
◼ Понуда на литература за август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Октомври: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се!. Таму каде што е покажан интерес понуди ја брошурата Бара, вложувајќи посебен напор да се започнат библиски студии. Ноември: Што бара Бог од нас? или Спознание кое води до вечен живот. Ако луѓето веќе ги имаат може да се понуди некоја постара публикација.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 2003, Секојдневно испитување на Писмото за 2003 и Годишник на Јеховините сведоци за 2003 со нивната следна нарачка за литература. Сите овие публикации ќе бидат достапни на албански, српски и хрватски.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 септември или колку што е можно побрзо по тоа. Кога ќе се направи ова, дајте известување пред собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.
◼ Годишната инвентура на целата литература и списанија што стојат на располагање треба да се изврши на или околу 31 август 2002. Оваа инвентура е слична на сегашното месечно пребројување од страна на слугата за литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот за Инвентура на литература (S—18). Секое собрание ќе добие три формулари. Ве молиме, испратете го оригиналот до канцеларијата на Бетелот пред 6 септември. Задржете една копија за својата архива. Третата копија може да се користи како работен лист. Секретарот треба да ја надгледува инвентурата. Тој и претседавачкиот надгледник ќе го потпишат формуларот.