Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 12 август
13 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има приказ за тоа како да се презентира Стражарска кула од 15 август. Нека се прикаже како да се одговори на приговорот: „Зошто доаѓате толку често?“ (Види ја книгата Расправљање, 20. страница.)
20 мин: „Постави си духовни цели.“a Кога дискутираш за 5. пасус, вклучи мотивирачки коментари за општата пионерска, мисионерската и бетелската служба од книгата Наша служба, страници 114—116.
12 мин: Локални искуства. Покани ги сите во собранието да раскажат искуства што ги имале кога го користеле трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Дали се започнати некои библиски студии? Ако да, објасни како или прикажи едно или две искуства. Разгледај ја рамката „Прилики за да се понуди трактатот“ од Наша служба за Царството од ноември 2001, 4. страница.
Песна 123 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 август
12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Дискутирај за „Нова програма за Денот на специјален собир“. Објави го датумот за следниот ден на специјален собир и поттикни ги сите да пристигнат рано и да внимаваат во текот на целата програма. Охрабри ги објавителите да ги поканат новозаинтересираните и библиските студенти.
15 мин: Што ги спречува? Дискусија со присутните и приказ. Во нашата служба обично наидуваме на луѓе што не сакаат да разговараат за своите верувања. Ова претставува пречка што може да нѐ спречи да ја споделиме пораката за Царството. Ако увидиме зошто некоја личност се воздржува, тоа може да ни помогне да подготвиме пристап што ќе му помогне на поединецот да се искаже. Дискутирај за тоа како можеме да ги прилагодиме нашите презентации кога се соочуваме со следниве типови луѓе: 1) Оние што се апатични кон религијата, дури и кон својата. 2) Оние што се емоционално приврзани за религиозните обичаи што ги практикувало нивното семејство и предци. 3) Оние на кои им е непријатно да разговараат за нивните верувања затоа што имаат мала библиска поддршка за нив. 4) Оние што имаат предрасуди кон нас заради лажните коментари од страна на нашите противници. Приспособи го списокот како што е потребно да одговара на локалното подрачје, сосредоточувајќи се на ставовите на кои обично наидуваме. Вклучи кратка презентација која покажува како да се вклучи некое лице во библиски разговор.
18 мин: „Покажувај христијанска лојалност кога е исклучен роднина.“b (Пасуси 1—8) Да го води способен старешина, користејќи ги прашањата што се дадени. Секој пасус нека го прочита наглас брат што е добар читач.
Песна 136 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 август
10 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 8. страница, еден општ и еден помошен пионер нека прикажат како да се презентира Стражарска кула од 1 септември и еден собраниски објавител нека покаже како да се презентира Разбудете се! од 8 септември. Охрабри ги сите објавители да вклучат стих во својата презентација.
17 мин: „Комуницирај!“c Како заклучок, охрабри ги објавителите да го разгледаат поглавјето „Како да ги подобриш вештините за разговор“ од книгата Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба, страници 62—65.
18 мин: „Покажувај христијанска лојалност кога е исклучен роднина.“d (Пасуси 9—14) Да го води способен старешина, користејќи ги прашањата што се дадени. Секој пасус нека го прочита наглас брат што е добар читач.
Песна 4 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 2 септември
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за август. Истакни накратко врвни точки од статијата „Читај со своите деца“ од Стражарска кула од 1 мај 1999, 25. страница.
20 мин: Подготви се пред да одиш. Дискусија и приказ. Доброто планирање придонесува за твојата делотворност во службата. Затоа, однапред: 1) Набави ја литературата што ќе ти биде потребна. 2) Погрижи се да имаш доволно белешки од куќа до куќа и пенкало или молив. 3) Ако ти треба превоз, направи соодветни подготовки за патување. 4) Размислувај за повторните посети што планираш да ги направиш. 5) Подготви се што ќе кажеш. Ако го водиш состанокот за служба на теренот, погрижи се да има доволно подрачја. Дискутирај со присутните за два или три начини на кои може во служба да се понуди книгата Творец во текот на септември. Прикажи една од презентациите и вклучи стих во дискусијата. (Види ги предлозите во Наша служба за Царството од септември 1996, 8. страница и од јуни 1995, 4. страница.)
15 мин: Локални потреби. Или замоли го собранието да раскаже искуства што ги имале додека сведочеле неформално, можеби така што ја споделиле добрата вест со луѓе на паркиралишта, во јавен превоз, во паркови, во трговски центри, на стојалишта за камиони и на други јавни места. Одглуми едно или две искуства.
Песна 29 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.