Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 9 септември
13 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 15 септември. Во приказот покажи како да се постапи кога некој сака да го прекине разговорот велејќи: „Не сум заинтересиран за Јеховини сведоци“. (Види ја книгата Расправљање, 17. страница.)
17 мин: „Да им помогнеме на другите да го слават Јехова“.a Колку што дозволува времето, спомни една или две практични мисли од книгата Расправљање, страници 163—165.
15 мин: Зошто недостиг на вера? Дискусија со присутните. Честопати среќаваме луѓе што имаат мала вера (2. Сол. 3:2). За да ги достигнеме со вистината за Јехова, најпрво треба да откриеме што влијаело врз нивното размислување за Бог. Разгледај ги четирите фактори што можат да ги спречат луѓето да стекнат вера, спомнати во книгата Расправљање, страници 70 и 71. Покани ги присутните да предложат каков пристап би можел да се користи во секој случај. Раскажи искуство за некој делотворен пристап или употреби го искуството во англиското издание на Разбудете се! од 22 август 1993, страници 14 и 15.
Песна 166 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 16 септември
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Како подготовка за Состанокот за служба за следната седмица, охрабри ги сите да ги прегледаат своите белешки од програмата на минатиот покраински собир.
18 мин: Што постигнавме минатата година? Говор на надгледникот за служба. Изнеси врвни точки од собранискиот извештај за 2002 службена година. Пофали ги сите за добрите работи што се постигнати. Сосредоточи се на тоа што постигнало собранието во поглед на присуството на состаноците, повторните посети и активноста на водење библиски студии и во поглед на помошната пионерска служба, изнесувајќи практични предлози за подобрување. Постави достижни цели за претстојната година.
17 мин: Предизвици со кои се соочуваат самохраните родители. Еден старешина интервјуира еден или двајца самохрани родители (или чиј брачен партнер не е Сведок) за да види како се справуваат со проблемите во врска со воспитувањето, стегата и духовното водство на нивните деца. Како успеваат да се грижат за семејните одговорности и редовно да стигнат на состаноците и во службата на теренот? Истакни некои предлози што се изнесени во книгата Тајната на семејната среќа, страници 104—110. Како што е кажано на страници 113—115, спомни некои практични начини на кои другите можат да помогнат.
Песна 152 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 23 септември
10 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 8. страница еден старешина нека прикаже како да се презентира Стражарска кула од 1 октомври, а еден слуга помошник нека покаже како да се презентира Разбудете се! од 8 октомври. По секој приказ повтори ги уште еднаш уводните реченици што биле употребени за да се поттикне интересот на станарот.
10 мин: Локални потреби.
25 мин: „Плашете се од Бог и оддајте му слава“ (Откр. 14:7). Говор и дискусија со присутните во кој се повторува програмата на покраинскиот собир што беше одржан во текот на минатата службена година. Покани го собранието да коментира за клучните точки и за тоа како тие лично или како семејство можеле да ги применат тие точки. (Однапред може да се доделат делови.) Истакни ги овие точки од програмата: 1) „Помогни им на новите да негуваат страв од Бог“. Како можеме да им помогнеме на заинтересираните што присуствувале на Меморијалот да напредуваат и да станат активни слуги на Јехова? 2) „Стравот од Јехова значи да се мрази лошото“ (w 1.5.87 28, 29). Како може Пословици 6:16—19 да ни помогне да се одвратиме од работите што Јехова ги мрази — гордост, лажење, материјалистички стремежи, нездрава забава, злоупотреба на Интернет? 3) „Зближувај се сѐ повеќе со оние што ги љубиш“. Ги љубиме Јехова, Исус, членовите на семејството, другите во собранието; како тоа што ќе се приближиме до нив може да нѐ заштити од светот? 4) „Плаши се од Јехова, не од луѓе“. Како стравот да не не му угодиш на Јехова ти помогнал да ja надминеш плашливоста кога проповедаш, да се држиш за божествените начела на работа или на училиште, или да се спротивставиш на притисокот од твојот работодавец да ги пропушташ состаноците, собирите и конгресите? 5) „Сѐ правете за Божја слава“ (Псал. 119:37; Евр. 4:13). Зошто треба побожниот страв да нѐ спречи прекумерно да пиеме, да гледаме порнографија или да практикуваме други прикриени гревови? 6) „Продолжи да одиш во стравот од Јехова.“ Како те благословува Јехова затоа што дозволуваш неговиот дух потполно да дејствува во твојот живот? (Псал. 31:19; 33:18; 34:9, 17; 145:19).
Песна 35 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 30 септември
15 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за септември. Дискутирај за „Сали на Царството — програмата за изградба напредува“.
15 мин: Што ги прави нашите списанија единствени? Говор и дискусија со присутните. Во текот на октомври ќе нудиме Стражарска кула и Разбудете се!. Дискутирај за причините зошто списанијата се единствени: 1) Го возвишуваат Јеховиното име. 2) Поттикнуваат на вера во Исус. 3) Го објавуваат Божјето Царство. 4) Го насочуваат вниманието на Библијата како на краен авторитет. 5) Го објаснуваат исполнувањето на библиските пророштва. 6) Го објаснуваат вистинското значење на светските настани. 7) Покажуваат како да се справиме со денешните проблеми. 8) Побудуваат интерес кај луѓе од сите општествени слоеви. 9) Остануваат политички неутрални. Прикажи две кратки презентации што покажуваат како може да се употреби една од овие точки за да се започне разговор.
15 мин: „Покажувај ценење за теократските средства.“b Да го одржи старешина. Вклучи коментари за она што е забележано локално и за тоа што може да направи собранието за мудро да ја користи нашата литература. Поттикни ги сите да ја ограничат нарачката на литература на толку колку што навистина им е потребно. Потсети на предноста финансиски да се приложува како поддршка на светското дело (Види „Дели со другите според нивните потреби“ во Наша служба за Царството од ноември 1996, 3. страница).
Песна 21 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 7 октомври
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Да се заземе став за вистината на училиште. Интервјуирај еден или двајца млади објавители што пак тргнале на училиште и што ја сфатиле потребата да го ограничат дружењето со соучениците неверници. Како планираат да се справат со предизвиците и искушенијата што ги претставуваат националистичките церемонии, училишните игранки и собири, воншколските спортови и нечистото однесување? Вклучи коментари за тоа како планираат да сведочат на училиште.
20 мин: „Избегнувај го стремежот по ‚безвредни работи.‘ “c Откако ќе дискутираш за 4. пасус, вклучи коментари од додатокот на Наша служба за Царството од ноември 1999, пасуси 30—32. Кога дискутираш за 5. пасус, вклучи коментари од рамката од Стражарска кула од 1 октомври 1994, 8. страница. Заедно со 6. пасус, прочитај го и 18. пасус од додатокот од ноември 1999.
Песна 105 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.