Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 април 2003. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 март до 28 април 2003.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Кои фактори можат да придонесат да не се зборува течно? [be стр. 93].
2. Точно или неточно: Паузирањето треба да се избегнува, зашто тоа може да придонесе на луѓето да им лутаат мислите и да им даде прилика да те прекинат. Објасни.
3. Од колкава важност е правилниот смисловен акцент за еден говорник или јавен читач? (Неем. 8:8) [be стр. 101].
4. Како може некој да развие правилен смисловен акцент? [be стр. 102, 103].
5. Кои се главните мисли што треба да ги нагласиш кога читаш наглас од некоја публикација на библиска студија или на собраниски состанок? [be стр. 105].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што можат да направат родителите за да ги воспитаат своите деца „да чујат и да се научат“ на христијанските состаноци? (Втор. 31:12, ПСП) [be стр. 16].
7. Што е духовниот рај? [w 1.3.01 стр. 8—10].
8. Како Пословици 8:1—3 покажува дека побожната мудрост им е достапна на сите и, според Колошаните 2:3, каде може да се најде? [w 15.3.01 стр. 25, 28].
9. Како можеме да го објавуваме Божјето име? (Јован 17:6) [be стр. 273—275].
10. Кои важни детали треба да ги знаат луѓето во врска со ‚добрата вест за царството‘? (Мат. 24:14) [be стр. 279, 280].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. а) Во првиот век, која била „одвратната работа“ спомната во Марко 13:14? б) На што се однесувало тоа што ‚стоела каде што не треба‘?
12. Како евангелието на Лука потврдува дека Исус бил законски наследник на престолот на Давид? (Лука 3:23—28) [w 1.10.92 стр. 9, пас. 3].
13. Кое било значењето на Исусовата изјава запишана во Лука 12:2?
14. Зошто е важна реакцијата на ангелите во илустрацијата на Исус за изгубената драхма? (Лука 15:10). Како треба нивниот пример да влијае на нас?
15. Кои два сојуза се спомнати во Лука 22:29?