Известувања
◼ Понуда на литература за април и мај: Ќе се нудат поединечни примероци на Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, кои можеби ги вклучуваат оние што присуствувале на Меморијалот или на некои други теократски настани, но не се активно поврзани со собранието, концентрирај се на тоа да ја понудиш Обожавај го единствениот вистински Бог. Треба да се вложи секаков напор да се започне домашна библиска студија, особено ако поединецот веќе ги проучувал книгата Спознание и брошурата Бара. Јуни: Нуди ја книгата Спознание или брошурата Бара. Кога станарите веќе ги имаат овие публикации, користи некоја друга соодветна брошура од која собранието има резерва. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави рај, Што ни се случува кога ќе умреме?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде? и Кога ќе умре некој што го сакаш.
◼ Почнувајќи од април, во пратките за литература автоматски ќе бидат вклучени и значките за обласниот конгрес за 2003. Нема да биде потребно да се нарачуваат. Според големината на собранието, значките ќе бидат пратени во комплети од по 25 значки. Ако во собранието се потребни уште конгресни значки, треба да се нарачаат со Формуларот за нарачка на литература (S-14). Потребно е да се нарачаат пластични фолии за значките за секој што сака од собранието.
◼ Потребно е канцеларијата на подружницата да има најнови податоци за адресите и телефонските броеви на сите претседавачки надгледници и секретари. Ако има некаква промена, Службениот одбор на собранието треба да ја извести канцеларијата на Бетел така што веднаш ќе пише.
◼ Собраниските секретари треба да имаат соодветна резерва од формуларите Молба за општа пионерска служба (S-205) и Молба за помошна пионерска служба (S-205b). Тие можат да се нарачаат со формуларот Нарачка за литература (S-14). Имајте резерва барем за една година. Прегледајте ги сите формулари за општа пионерска служба за да се уверите дали се целосно потполнети. Ако оние што ја поднесуваат молбата не можат да се сетат на точниот датум на нивното крштавање, треба да го пресметаат датумот и да си го запишат.
◼ Секогаш кога во личните планови за патување планирате да присуствувате на собраниски состаноци, покраински собир или обласен конгрес во друга земја, треба да побарате информации во врска со датуми, термини и места од канцеларијата на подружницата што го надгледува делото во таа земја. Адресите на канцелариите на подружниците се наведени на последната страница на тековниот Годишник.