Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 август 2003. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 7 јули до 25 август 2003.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Какви користи можат да произлезат ако се воспостави контакт со очите додека сме во служба? [be стр. 125, пас. 1, 2; стр. 125, рамка].
2. Ако имаш трема пред да учествуваш во службата, што може да ти помогне? [be стр. 128, пас. 4, 5].
3. Што ќе ти помогне да зборуваш на природен и разговорен начин кога изнесуваш говор од подиумот? [be стр. 129, пас. 2; стр. 129, рамка].
4. Какво влијание треба да имаат врз нашиот личен изглед начелата од Левит 16:4, 24, 26, 28; Јован 13:10 и Откровение 19:8, и зошто е тоа важно? [be стр. 131, пас. 3; стр. 131, рамка].
5. Опиши едно лице што е скромно и со „здрави мисли“ (1. Тим. 2:9, 10) [be стр. 132, пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Иако христијаните мораат стрпливо да се поднесуваат еден со друг, што не се толерира меѓу нив? (Кол. 3:13) [w 15.7.01 стр. 22, пас. 7, 8].
7. Точно или неточно: Реден број е цел број. Објасни [si стр. 282, пас. 24, 25].
8. Кој е најчистиот мотив што можеме да го имаме за да ја читаме Божјата реч, и зошто е важно да имаме таков мотив? [be стр. 24, пас. 1].
9. Како едно мудро лице ‚собира спознание‘? (Посл. 10:14, NW) [w 15.7.01 стр. 27, пас. 4, 5].
10. Зошто добрите навики на Јов се вредни да им се обрне внимание? (Јов 1:1, 8; 2:3) [w 1.8.01 стр. 20, пас. 4].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Како можеле членовите на водечкото тело ‚еднодушно да се сложат‘ дека од не-еврејските верници не се барало да бидат обрежани за да бидат спасени? (Дела 15:25).
12. Како можело водечкото тело да побара од Павле да изврши извесни одредби од Мојсеевиот закон кога Законот бил укинат од Јехова? (Дела 21:20—26) [it-1 стр. 481, пас. 3; it-2 стр. 1163, пас. 6 до стр. 1164, пас. 1].
13. Кои лажни обвиненија изнесени против апостол Павле нѐ потсетуваат на забелешките против Јеховините сведоци во наше време? (Дела 24:5, 6) [w 15.12.01 стр. 22, пас. 7 до стр. 23, пас. 2].
14. Како оставил Павле пример како објавител на Царството дури и кога две години бил во домашен притвор? (Дела 28:30, 31).
15. На кој начин „вишите власти“ се дел од „Божјето уредување“, и како тоа треба да влијае врз христијаните? (Рим. 13:1, 2) [w 1.8.00 стр. 4, пас. 5].