ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/03 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2003
Нашата служба за Царството 2003
km 8/03 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави рај, Што ни се случува кога ќе умреме?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде? и Кога ќе умре некој што го сакаш. Брошурите Книга за сите луѓе, Задоволувачки живот — како да се постигне, Духовите на мртвите — можат ли да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат? и Ќе постои ли некогаш свет без војни? можат да се понудат таму каде што одговара. Септември: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Октомври: Стражарска кула и Разбудете се!. Таму каде што е покажан интерес понуди ја брошурата Бара, вложувајќи посебен напор да започнеш библиски студии. Ноември: Нуди ја книгата Спознание или брошурата Бара. Доколку станарот веќе ги има овие публикации, понуди ја книгата Обожавај го Бог или некоја постара публикација.

◼ Почнувајќи од седмицата од 20 октомври 2003, на собраниска студија на книга ќе ја проучуваме книгата Обожавај го единствениот вистински Бог.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој одреден од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 септември или колку што е можно побрзо по тоа. Кога ќе се направи ова, дајте известување пред собранието откако ќе биде прочитан следниот сметководен извештај.

◼ Годишната инвентура на целата литература и списанија што стојат на располагање треба да се изврши на или околу 31 август 2003. Оваа инвентура е слична на сегашното месечно пребројување од страна на слугата за литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот за Инвентура на литература (S—18). Вкупниот број списанија што стојат на располагање треба да се добие од слугата (слугите) за списанија. Секое собрание ќе добие три формулари (S—18). Ве молиме, испратете го оригиналот до канцеларијата на Бетелот пред 6 септември. Задржете една копија за својата архива. Третата копија може да се користи како работен лист.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели