Нова програма за Денот на специјален собир
Денес, достапни се многу информации во врска со тоа како да го задржиме нашето дословно срце во добра состојба за да имаме поубав и подолг живот. Од уште поголема важност е состојбата на нашето фигуративно срце. Затоа, колку е соодветна темата на програмата за Денот на специјален собир што почнува од септември 2003: „Служи му на Јехова со сето срце“ (1. Лет. 28:9). Што можеме да очекуваме да научиме?
Покраинскиот надгледник ќе дискутира на тема „Да им помагаме на другите да му служат на Јехова со драговолна душа“. Интервјуата ќе ја истакнат радоста која е резултат од негувањето на интересот и водењето библиски студии со луѓето што сакаат да му служат на Јехова. Без сомнение, сите присутни ќе извлечат утеха и охрабрување од првиот говор на гостувачкиот говорник, „Да си го заштитиме срцето во еден немирен свет“. Претпладневната сесија ќе заврши со говорот за крштавање.
Попладнето, во точката „Да понудиме помош“, ќе биде разгледано како можеме да си помагаме еден на друг. Што можат да направат родителите за да го заштитат срцето на своите деца од лошите влијанија и да им помогнат да станат поблиски со Јехова? Точката „Помагај им на своите деца да се радуваат во Јехова“ ќе даде практични предлози и ќе покаже како може да се прави тоа.
Ја користиме ли секоја подготовка што ја прави Јехова за да го одржуваме своето фигуративно срце здраво и силно? Последниот говор на гостувачкиот говорник, „Задржи потполно срце служејќи му на Јехова“, ќе се сосредоточи на четири важни аспекти од нашата програма со која ја одржуваме нашата духовност. Колку време и напор посветуваме за горливо да се молиме, за да ја проучуваме Божјата реч, за ревносно да проповедаме и за да се дружиме со другите христијани? Можеме ли да се подобриме на некое од овие подрачја?
Јехова ја упатува поканата: „Сврти го своето срце кон поуката и своето уво кон мудри зборови“ (Посл. 23:12). Планирај да присуствуваш на овој наградувачки ден на библиска поука. Тоа ќе те зајакне да продолжиш да му служиш на Јехова со сето срце и со драговолна душа.