Распоред на Теократска школа за проповедање за 2004
Упатства
Во текот на 2004 ќе важат следниве подготовки за водење на Теократската школа за служба:
УЧЕБНИЦИ: Библија, Стражарска кула [w], „Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба“ [be], „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“ [si] и Расправљање на темељу Писма [rs].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со песна, молитва и кратки изрази на добредојде и да продолжи на следниов начин:
ГОВОРНА ОСОБИНА: 5 минути. Надгледникот на школата, помошниот советник или друг квалификуван старешина ќе дискутира за говорна особина што се темели на прирачникот Школа за служба. (Во собранијата со ограничен број старешини, може да се употреби квалификуван слуга помошник.) Доколку не е наведено поинаку, во дискусијата треба да бидат вклучени рамките што се наоѓаат на доделените страници. Вежбите треба да се испуштат. Тие се првенствено за лична употреба и за приватен совет.
ЗАДАЧА БР. 1: 10 минути. Треба да ја одржи старешина или слуга помошник, а ќе се темели на Стражарска кула, „Извлечи корист од образованието во Теократската школа“ или „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“. Треба да се изнесе како 10-минутен поучен говор без усно повторување. Целта не треба да биде само да се обработи материјалот туку да се сосредоточи вниманието на практичната вредност на информациите за кои се дискутира, истакнувајќи го она што ќе биде од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема. Се очекува браќата на кои им е доделен овој говор да внимаваат да се држат во рамките на определеното време. Ако е потребно, може да им се даде совет приватно.
ВРВНИ ТОЧКИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 10 минути. Првите шест минути еден квалификуван старешина или слуга помошник треба делотворно да го примени материјалот на локалните потреби. Може да коментира за кој и да било дел што е доделен за читање на Библијата за таа седмица. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите им користат ним. Говорникот треба да внимава да не ги пречекори доделените шест минути за уводниот дел. Треба да се погрижи да има четири минути за учество на присутните. Ќе ги замоли да дадат кратки коментари (30 секунди или помалку) за она што им било интересно од читањето на Библијата и за користите од тоа. Надгледникот на школата потоа ќе ги распореди учениците во различни простории.
ЗАДАЧА БР. 2: 4 минути. Ова е читање што ќе го одржи еден брат. Читањето главно ќе биде од Библијата. Еднаш месечно оваа задача ќе опфаќа материјал од Стражарска кула. Ученикот треба да го прочита доделениот материјал без да даде увод или заклучок. Обемот на материјалот за читање малку ќе се разликува од седмица до седмица, но треба да трае четири минути или помалку. Надгледникот на школата треба да го прегледа материјалот пред да ги додели задачите, ускладувајќи ги според возраста и способноста на учениците. Надгледникот на школата особено ќе биде заинтересиран да им помогне на учениците да читаат со разбирање, течно, со исправно смисловно нагласување, модулација, соодветно правење паузи и со природност.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Ученичките што ќе ја добијат оваа задача или сами ќе си изберат или ќе им биде доделена рамка од списокот што се наоѓа на 82. страница од прирачникот за Школата за служба. Ученичката треба да ја искористи доделената тема и да ја примени на некој аспект од службата на теренот што е реалистичен и практичен за подрачјето на локалното собрание. Кога не се наведени референции како извор на материјалот, ученичката ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во публикациите обезбедени од класата на верниот и разборит роб. На поновите ученички треба да им бидат доделени говори за кои се дадени референции. Надгледникот на школата ќе биде особено заинтересиран за начинот на кој ученичката ја обработува доделената тема и му помага на станарот да резонира за библиските стихови и да ги разбере клучните точки на презентацијата. Ученичките на кои им е доделена оваа точка треба да знаат да читаат. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Ученикот треба да ја обработи доделената тема. Кога не се наведени референции како извор на материјалот, ученикот ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во публикациите обезбедени од класата на верниот и разборит роб. Кога се доделува на брат, оваа задача може да се изнесе како говор, имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството. Кога се доделува на сестра, секогаш треба да се изнесе онака како што е изложено во задача бр. 3. Надгледникот на школата може да ја додели задача бр. 4 на брат кога смета дека тоа одговара. Те молиме, забележи дека темите со ѕвездичка секогаш треба да се доделат на браќа што ќе ги изнесат како говори.
РАСПОРЕД НА ВРЕМЕ: Ниеден говор, ниту забелешките на советникот, не треба да го пречекори времето. Задачите од бр. 2 до бр. 4 треба тактично да се прекинат кога ќе истече времето. Ако браќата што го изнесуваат уводниот говор за говорна особина, задача бр. 1 или врвните точки од читањето на Библијата го пречекорат времето, треба да им се даде совет приватно. Сите треба внимателно да пазат на својот распоред на времето. Целокупна програма: 45 минути, без песна и молитва.
СОВЕТ: 1 минута. Надгледникот на школата нема да потроши повеќе од една минута по презентацијата на секој ученик за да даде некои позитивни примедби за некој аспект на говорот што бил за пофалба. Неговата цел не е само да рече ‚одлично‘, туку, напротив, да го сврти вниманието на конкретни причини зошто тој аспект на презентацијата бил делотворен. Според потребите на секој ученик, дополнителен изградувачки совет може да биде даден приватно по состанокот или во некое друго време.
ПОМОШЕН СОВЕТНИК: Старешинското тело може да избере способен старешина, ако има некој на располагање освен надгледникот на школата, кој ќе има задача како помошен советник. Ако има повеќе старешини во собранието, тогаш секоја година друг квалификуван старешина може да ја има оваа задача. Неговата одговорност ќе биде да им даде совет приватно, ако е потребно, на браќата што ги презентираат задача бр. 1 и врвните точки од Библијата. Не е неопходно да даде совет по секој таков говор на другите старешини или слуги помошници. Оваа подготовка ќе важи во текот на 2004, а подоцна можеби ќе има преиначувања.
ЛИВЧЕ ЗА СОВЕТИ: Во прирачникот.
УСНО ПОВТОРУВАЊЕ: 30 минути. Секои два месеца, надгледникот на школата ќе води усно повторување. Пред тоа ќе се разгледува говорна особина и врвни точки од читањето на Библијата како што е изложено погоре. Усното повторување ќе се темели на материјалот што се разгледувал во школата во текот на претходните два месеца, вклучувајќи ја и тековната седмица.
РАСПОРЕД
5 јан. Читање на Библијата: Битие 1—5 Песна 154
Говорна особина: Да се разјасни практичната вредност (be стр.157 пас. 1 до стр. 158 пас. 1)
Бр. 1: Правење нацрт (be стр. 39—42)
Бр. 2: Битие 2:7—25
Бр. 3: Дали „Новиот завет“ укажува на иден земен Рај или тоа е случај само со „Стариот завет“? (rs стр. 317 пас. 1 до стр. 318 пас. 1)
Бр. 4: aШто можеме да научиме од библиските примери за гревови поради пропуст?
12 јан. Читање на Библијата: Битие 6—10 Песна 215
Говорна особина: Практична примена на материјалот (be стр. 158 пас. 2—4)
Бр. 1: Чистота — што, всушност, значи тоа? (w 1.2.02 стр. 4—7)
Бр. 2: Битие 8:1—17
Бр. 3: Зошто лажењето е погрешно
Бр. 4: Зошто „Рајот“ на кој се укажува во Лука 23:43 не може да биде дел од Хадесот или од небото (rs стр. 318 пас. 2 до стр. 319 пас. 3)
19 јан. Читање на Библијата: Битие 11—16 Песна 218
Говорна особина: Помогни им на другите да ја сфатат поентата (be стр. 159 пас. 1—4)
Бр. 1: Побожните принципи можат да ти користат (w 15.2.02 стр. 4—7)
Бр. 2: Битие 13:1—18
Бр. 3: Што во Лука 23:43 укажува дека Рајот ќе биде на Земјата? (rs стр. 319 пас. 4 до стр. 320 пас. 4)
Бр. 4: Зошто Јеховините сведоци ја споделуваат својата надеж со другите
26 јан. Читање на Библијата: Битие 17—20 Песна 106
Говорна особина: Избор на зборови (be стр. 160 пас. 1—3)
Бр. 1: Соживување — клуч за љубезност и сочувство (w 15.4.02 стр. 24—27)
Бр. 2: w 1.1.02 стр. 10, 11 пас. 9—11
Бр. 3: Што значат зборовите на Исус запишани во Лука 13:24
Бр. 4: Како може кој и да било од нас да стекне точно спознание и мудрост? (rs стр. 428 пас. 1 до стр. 429 пас. 1)
2 фев. Читање на Библијата: Битие 21—24 Песна 64
Говорна особина: Лесно разбирлив јазик (be стр. 161 пас. 1—4)
Бр. 1: Подготвување ученички задачи за школата (be стр. 43 пас. 1 до стр. 44 пас. 3)
Бр. 2: Битие 21:1—21
Бр. 3: Кое е потеклото на човечките филозофии? (rs стр. 429 пас. 2 до стр. 430 пас. 1)
Бр. 4: bЗошто треба свршувачката да се сфати сериозно
9 фев. Читање на Библијата: Битие 25—28 Песна 9
Говорна особина: Разновидност и точност во изразот (be стр. 161 пас. 5 до стр. 162 пас. 4)
Бр. 1: Работење со тема и рамка (be стр. 44 пас. 4 до стр. 46 пас. 1)
Бр. 2: Битие 28:1—15
Бр. 3: Како да се најде внатрешен мир во овој свет оптоварен со проблеми
Бр. 4: Зошто проучувањето на учењата на Исус Христос наместо на човечките филозофии е доказ за чисто размислување? (rs стр. 430 пас. 2 до стр. 431 пас. 1)
16 фев. Читање на Библијата: Битие 29—31 Песна 160
Говорна особина: Зборови што пренесуваат живост, чувство и сликовитост (be стр. 163 пас. 1 до стр. 164 пас. 2)
Бр. 1: Интегритетот ги води чесните (w 15.5.02 стр. 24—27)
Бр. 2: w 1.2.02 стр. 15, 16 пас. 6—10
Бр. 3: Чии молитви Бог е спремен да ги сослуша? (rs стр. 230 пас. 1 до стр. 231 пас. 1)
Бр. 4: Зошто доблеста е важна особина за христијаните
23 фев. Читање на Библијата: Битие 32—35 Песна 1
Говорна особина: Говорот да биде во согласност со граматичките правила (be стр. 164 пас. 3 до стр. 165 пас. 1)
Усно повторување
1 март Читање на Библијата: Битие 36—39 Песна 49
Говорна особина: Користење нацрт (be стр. 166 пас. 1 до стр. 167 пас. 2)
Бр. 1: Подготвување говори за собранието (be стр. 47 пас. 1 до стр. 49 пас. 1)
Бр. 2: Битие 37:12—28
Бр. 3: Зошто нашата вера мора да биде поврзана со истрајност?
Бр. 4: cЗошто нечии молитви се неприфатливи за Бог (rs стр. 231 пас. 2 до стр. 232 пас. 1)
8 март Читање на Библијата: Битие 40—42 Песна 205
Говорна особина: Организирај си ги мислите (be стр. 167 пас. 3 до стр. 168 пас. 2)
Бр. 1: Подготвување точки од состанокот за служба и други говори (be стр. 49 пас. 2 до стр. 51 пас. 1)
Бр. 2: Битие 42:1—20
Бр. 3: Како да негуваме близок однос со Јехова
Бр. 4: dЗа кои работи е исправно да се молиме? (rs стр. 232 пас. 2—9)
15 март Читање на Библијата: Битие 43—46 Песна 67
Говорна особина: Имај едноставен говорен нацрт (be стр. 168 пас. 3 до стр. 169 пас. 5)
Бр. 1: Сериозен напор — кога е благословен од Јехова? (w 1.8.02 стр. 29—31)
Бр. 2: Битие 43:1—18
Бр. 3: eАко некој рече: „Прво помолете се со мене, па потоа кажете ми што сакате“ (rs стр. 232 пас. 10 до стр. 233 пас. 1)
Бр. 4: Како можеме да си направиме пријатели со помош на неправедното богатство?
22 март Читање на Библијата: Битие 47—50 Песна 187
Говорна особина: Логичен развој на материјалот (be стр. 170 пас. 1 до стр. 171 пас. 2)
Бр. 1: Зошто Јехова ја прифатил жртвата на Авел, но не и жртвата на Каин? (w 1.8.02 стр. 28)
Бр. 2: Битие 47:1—17
Бр. 3: Кои се некои од значајните библиски пророштва што допрва мораат да се исполнат? (rs стр. 314 пас. 2 стр. 315 пас. 5)
Бр. 4: Зошто стравот од Јехова е почеток на мудроста
29 март Читање на Библијата: Излез 1—6 Песна 52
Говорна особина: Да се изнесат информациите на логичен начин (be стр. 171 пас. 3 до стр. 173 пас. 1)
Бр. 1: Како може да те заштити способноста за размислување? (w 15.8.02 стр. 21—24)
Бр. 2: w 15.2.02 стр. 19, 20 пас. 7—11
Бр. 3: Како гледа Јехова на гордоста
Бр. 4: Зошто треба христијаните да бидат живо заинтересирани за библиските предвидувања (rs стр. 315 пас. 6 до стр. 316 пас. 2)
5 апр. Читање на Библијата Излез 7—10 Песна 61
Говорна особина: Користење само битен материјал (be стр. 173 пас. 2—5)
Бр. 1: Подготвување предавања за јавност (be стр. 52 пас. 1 до стр. 54 пас. 1)
Бр. 2: Излез 8:1—19
Бр. 3: fАко некој рече: „Вие ставате преголем нагласок на пророштвата“ (rs стр. 316 пас. 3, 4)
Бр. 4: Зошто надежта е како „котва за душата“
12 апр. Читање на Библијата: Излез 11—14 Песна 87
Говорна особина: Спонтано изнесување (be стр. 174 пас. 1 до стр. 175 пас. 5)
Бр. 1: Одлуки на говорникот (be стр. 54 пас. 2—4; стр. 55, рамка)
Бр. 2: Излез 12:1—16
Бр. 3: Зошто треба спремно да ја прифатиме дисциплината од Јехова?
Бр. 4: На што се темели учењето за чистилиште? (rs стр. 436 пас. 1 до стр. 437 пас. 3)
19 апр. Читање на Библијата: Излез 15—18 Песна 171
Говорна особина: Да се избегнат стапиците при спонтаното изнесување (be стр. 175 пас. 6 до стр. 177 пас. 1)
Бр. 1: Како треба да гледаме на искушенијата (w 1.9.02 стр. 29—31)
Бр. 2: w 1.3.02 стр. 15, 16 пас. 8—11
Бр. 3: Дали по нечија смрт се бара натамошно казнување за грев? (rs стр. 437 пас. 5—9)
Бр. 4: gЗошто бракот треба да биде доживотна врска
26 апр. Читање на Библијата: Излез 19—22 Песна 59
Говорна особина: Кога другите бараат објаснување (be стр. 177 пас. 2 до стр. 178 пас. 2)
Усно повторување
3 мај Читање на Библијата: Излез 23—26 Песна 13
Говорна особина: Разговорен стил (be стр. 179, 180)
Бр. 1: Развивај способност на учител (be стр. 56 пас. 1 до стр. 57 пас. 2)
Бр. 2: Излез 23:1—17
Бр. 3: Како може Јехова да му помогне на некого да ги совлада лошите навики?
Бр. 4: Од каде потекнуваат различните раси? (rs стр. 213 пас. 4 до стр. 214 пас. 3)
10 мај Читање на Библијата: Излез 27—29 Песна 28
Говорна особина: Квалитет на гласот (be стр. 181 пас. 1—4)
Бр. 1: ‚Разликувај‘ (be стр. 57 пас. 3 до стр. 58 пас. 2)
Бр. 2: Излез 28:29—43
Бр. 3: Од каде си зел Каин жена ако имало само едно семејство (rs стр. 214 пас. 4—6)
Бр. 4:Зошто е погрешна расната предрасуда
17 мај Читање на Библијата: Излез 30—33 Песна 93
Говорна особина: Правилно контролирај го дишењето (be стр. 181 пас. 5 до стр. 184 пас. 1; стр. 182, рамка)
Бр. 1: Охрабри ги слушателите да размислуваат (be стр. 58 пас. 3 до стр. 59 пас. 3)
Бр. 2: Излез 30:1—21
Бр. 3: Зошто да бидеме со благ нарав?
Бр. 4: Како може да се објаснат различните карактеристики на расите? (rs стр. 215 пас. 1 до стр. 216 пас. 2)
24 мај Читање на Библијата: Излез 34—37 Песна 86
Говорна особина: Да се опуштат напнатите мускули (be стр. 184 пас. 2 до стр. 185 пас. 2; стр. 184, рамка)
Бр. 1: Покажи ја примената и дај добар пример (be стр. 60 пас. 1 до стр. 61 пас. 3)
Бр. 2: Излез 36:1—18
Бр. 3: Дали сите луѓе се Божји деца? (rs стр. 216 пас. 3 до стр. 217 пас. 2)
Бр. 4: Зошто да се биде верен во малите работи?
31 мај Читање на Библијата: Излез 38—40 Песна 202
Говорна особина: Да се покаже интерес за другиот (be стр. 186 пас. 1—4)
Бр. 1: Како да ги подобриш вештините за разговор (be стр. 62 пас. 1 до стр. 64 пас. 1)
Бр. 2: w 1.5.02 стр. 19, 20 пас. 3—6
Бр. 3: Како може разбирањето на 1. Јованово 3:19, 20 да утеши некого?
Бр. 4:Дали луѓето од сите раси некогаш навистина ќе бидат обединети како браќа и сестри? (rs стр. 217 пас. 3 до стр. 218 пас. 1)
7 јуни Читање на Библијата: Левит 1—5 Песна 123
Говорна особина: Да се слуша внимателно (be стр. 187 пас. 1—5)
Бр. 1: Како да го продолжиш разговорот (be стр. 64 пас. 2 до стр. 65 пас. 4)
Бр. 2: Левит 3:1—17
Бр. 3: По што се разликува смртта на Исус Христос од смртта на други што умреле како маченици? (rs стр. 262 пас. 1—4)
Бр. 4: Што има лошо во тоа некој да се плетка со окултизам?
14 јуни Читање на Библијата: Левит 6—9 Песна 121
Говорна особина: Да им се помогне на другите да напредуваат (be стр. 187 пас. 6 до стр. 188 пас. 3)
Бр. 1: Проникни во гледиштето на оној што го прашуваш (be стр. 66 пас. 1 до стр. 68 пас. 1)
Бр. 2: Левит 7:1—19
Бр. 3: Како можеме да научиме да го мразиме она што е лошо?
Бр. 4: Зошто била потребна подготовка за откупнина на таков начин? (rs стр. 263 пас. 1—3)
21 јуни Читање на Библијата: Левит 10—13 Песна 183
Говорна особина: Да се помогне практично (be стр. 188 пас. 4 до стр. 189 пас. 4)
Бр. 1: Знај како треба да одговориш (be стр. 68 пас. 2 до стр. 70 пас. 3)
Бр. 2: Левит 11:1—25
Бр. 3: Зошто Бог едноставно не одлучил сите кои ќе му бидат послушни да можат да живеат заедно? (rs стр. 263 пас. 4 стр. 264 пас. 1)
Бр. 4: Како гледа Јехова на мамењето
28 јуни Читање на Библијата: Левит 14—16 Песна 216
Говорна особина: Да се покаже почит кон другите (be стр. 190 пас. 1—4)
Усно повторување
5 јули Читање на Библијата: Левит 17—20 Песна 54
Говорна особина: Учтиво признание (be стр. 191 пас. 1 до стр. 192 пас. 1)
Бр. 1: Комуницирање преку писма (be стр. 71—73)
Бр. 2: Левит 17:1—16
Бр. 3: Имај доверба во Јеховината организација
Бр. 4: На кого била најнапред применета вредноста на Исусовата жртва, и со која цел? (rs стр. 264 пас. 2 до стр. 265 пас. 1)
12 јули Читање на Библијата: Левит 21—24 Песна 138
Говорна особина: Учтиво изнесување (be стр. 192 пас. 2 до стр. 193 пас. 2)
Бр. 1: Биди прогресивен — напредувај (be стр. 74 пас. 1 до стр. 75 пас. 3)
Бр. 2: Левит 22:1—16
Бр. 3: Кој друг денес извлекува корист од Исусовата жртва? (rs стр. 265 пас. 2—4)
Бр. 4: Дали Јехова бил племенски Бог на Евреите?
19 јули Читање на Библијата: Левит 25—27 Песна 7
Говорна особина: Да се изрази со увереност (be стр. 194 пас. 1 до стр. 195 пас. 2)
Бр. 1: Користи го својот дар (be стр. 75 пас. 4 до стр. 77 пас. 2)
Бр. 2: Левит 25:1—19
Бр. 3: Како ќе заврши тероризмот
Бр. 4: Од што се состојат идните благослови кои ќе дојдат како резултат на откупнината? (rs стр. 266 пас. 1—4)
26 јули Читање на Библијата: Броеви 1—3 Песна 30
Говорна особина: Како се покажува увереност (be стр. 195 пас. 3 до стр. 196 пас. 4)
Бр. 1: Треба ли христијаните да бидат љубоморни (w 15.10.02 стр. 28—31)
Бр. 2: w 15.6.02 стр. 18, 19 пас. 6—9
Бр. 3: Што се бара од нас за да можеме да извлечеме трајна корист од Исусовата совршена жртва? (rs стр. 267 пас. 1—4)
Бр. 4: Дали е погрешно да се жали за смртта на некој сакан?
2 авг. Читање на Библијата: Броеви 4—6 Песна 128
Говорна особина: Тактично, а сепак цврсто (be стр. 197 пас. 1—3)
Бр. 1: Да ги направиме нашите денови вредни пред Јехова (w 15.11.02 стр. 20—23)
Бр. 2: Броеви 6:1—17
Бр. 3: Како може Библијата да им помогне на луѓето да престанат да се мразат еден со друг?
Бр. 4: Како треба да влијае оваа подготовка на нашиот начин на живот? (rs стр. 267 пас. 5 до стр. 268 пас. 1)
9 авг. Читање на Библијата: Броеви 7—9 Песна 35
Говорна особина: Тактични кога сведочиме (be стр. 197 пас. 4 до стр. 198 пас. 4)
Бр. 1: Дали навистина е можно бескласно општество? (w 1.1.02 стр. 4—7)
Бр. 2: Броеви 8:1—19
Бр. 3: Која тема ја обработил апостол Павле кога напишал дека христијаните ќе бидат „однесени“ за да бидат со Господ? (rs стр. 415 пас. 3 до стр. 416 пас. 1)
Бр. 4: Кој е антихристот?
16 авг. Читање на Библијата: Броеви 10—13 Песна 203
Говорна особина: Прави зборови во право време (be стр. 199 пас. 1—4)
Бр. 1: Верувај во Јехова — вистинскиот Бог (w 15.1.02 стр. 5—7)
Бр. 2: Броеви 12:1—16
Бр. 3: Дали Божјата одмазда е во склад со неговата љубов?
Бр. 4: Дали Христос видливо ќе се појави на облак, земајќи ги верните христијани на небо пред очите на светот? (rs стр. 416 пас. 2 до стр. 417 пас. 2)
23 авг. Читање на Библијата: Броеви 14—16 Песна 207
Говорна особина: Тактичност со семејството и со другите (be стр. 200 пас. 1—4)
Бр. 1: Браќа што развиле различни ставови (w 15.1.02 стр. 21—23)
Бр. 2: w 15.7.02 стр. 23, 24 пас. 15—19
Бр. 3: Можат ли христијаните да бидат земени на небо во своето физичко тело? (rs стр. 417 пас. 3 до стр. 418 пас. 1)
Бр. 4: hЗошто насилните видеоигри не се за христијаните
30 авг. Читање на Библијата: Броеви 17—21 Песна 150
Говорна особина: Изградувачки настроен и позитивен (be стр. 202 пас. 1 до стр. 203 пас. 2)
Усно повторување
6 сеп. Читање на Библијата: Броеви 22—25 Песна 22
Говорна особина: Да се задржи позитивен тон (be стр. 203 пас. 3 до стр. 204 пас. 1)
Бр. 1: Зошто исчезнал тој древен свет? (w 1.3.02 стр. 5—7)
Бр. 2: Броеви 22:1—19
Бр. 3: Дали можеби верните христијани ќе бидат тајно земени на небо без да мораат да умрат? (rs стр. 418 пас. 2 до стр. 419 пас. 1)
Бр. 4: iЗошто христијанските родители треба да им читаат на своите деца
13 сеп. Читање на Библијата: Броеви 26—29 Песна 71
Говорна особина: Кога разговараш со соверници (be стр. 204 пас. 2 до стр. 205 пас. 4)
Бр. 1: Како ќе исчезнат инвалидностите (w 1.5.02 стр. 4—7)
Бр. 2: Броеви 29:1—19
Бр. 3: Како ќе бидат заштитени вистинските христијани во големата неволја? (rs стр. 419 пас. 2—6)
Бр. 4: Како Божјите ветувања станале „Да“ преку Исус Христос?
20 сеп. Читање на Библијата: Броеви 30—32 Песна 51
Говорна особина: Повторување заради нагласување (be стр. 206 пас. 1—4)
Бр. 1: Посеј праведност, пожнеј ја Божјата оддадена љубезност (w 15.7.02 стр. 28—31)
Бр. 2: Броеви 30:1—16
Бр. 3: Зошто некои христијани одат на небото за да бидат со Христос? (rs стр. 419 пас. 8 до стр. 420 пас. 3)
Бр. 4: jЗошто да бегаме од порнографија
27 сеп. Читање на Библијата: Броеви 33—36 Песна 100
Говорна особина: Повторување во службата на теренот и во говори (be стр. 207 пас. 1 до стр. 208 пас. 4)
Бр. 1: Како можат да ти помогнат вистинските светци? (w 15.9.02 стр. 4—7)
Бр. 2: w 1.8.02 стр. 18, 19 пас. 15—19
Бр. 3: k,Верувате ли во вознесение?‘ (rs стр. 420 пас. 4—6)
Бр. 4: Зошто да избегнуваме трагање по возбуда
4 окт. Читање на Библијата: Второзаконие 1—3 Песна 191
Говорна особина: Да се развие темата (be стр. 209 пас. 1—3)
Бр. 1: Утеха во точното спознание за Бог (w 1.10.02 стр. 5—7)
Бр. 2: Второзаконие 1:1—18
Бр. 3: Што значи да ја направиш вистината своја сопственост
Бр. 4: Дали чувството дека познаваме некое место или лице што никогаш порано не сме го виделе е доказ за реинкарнација? (rs стр. 321 пас. 1 до стр. 322 пас. 2)
11 окт. Читање на Библијата: Второзаконие 4—6 Песна 181
Говорна особина: Користење соодветна тема (be стр. 210 пас. 1 до стр. 211 пас. 1; стр. 211, рамка)
Бр. 1: Сметање наназад од 537 пр.н.е. до 997 пр.н.е. (si стр. 284, 285 пас. 5—7)
Бр. 2: Второзаконие 4:1—14
Бр. 3: Зошто извештајот од Јован 9:1, 2 не е доказ за реинкарнација? (rs стр. 323 пас. 1 до стр. 324 пас. 2)
Бр. 4: Што е вклучено во „настроеноста на умот“?
18 окт. Читање на Библијата: Второзаконие 7—10 Песна 78
Говорна особина: Да се истакнат главните точки (be стр. 212 пас. 1 до стр. 213 пас. 1)
Бр. 1: Сметање наназад од 997 пр.н.е. до 2370 пр.н.е. (si стр. 285, 286 пас. 8—11)
Бр. 2: w 15.8.02 стр. 15, 16 пас. 3—6
Бр. 3: Колкава е разликата помеѓу реинкарнацијата и надежта од Библијата? (rs стр. 324 пас. 3, 4)
Бр. 4: lКако Јехова гледа на отпадниците
25 окт. Читање на Библијата: Второзаконие 11—13 Песна 57
Говорна особина: Не премногу главни точки (be стр. 213 пас. 2 до стр. 214 пас. 5)
Усно повторување
1 ное. Читање на Библијата: Второзаконие 14—18 Песна 26
Говорна особина: Вовед што побудува интерес (be стр. 215 пас. 1 до стр. 216 пас. 5)
Бр. 1: Сметање наназад од 2370 пр.н.е. до 4026 пр.н.е. (si стр. 286, 287 пас. 12—15)
Бр. 2: Второзаконие 14:1—23
Бр. 3: aАко некој рече: ‚Јас верувам во реинкарнација‘ (rs стр. 325 пас. 1—3)
Бр. 4: Зошто треба христијаните да го задржат својот живот едноставен
8 ное. Читање на Библијата: Второзаконие 19—22 Песна 182
Говорна особина: Да се привлече вниманието на луѓето во службата на теренот (be стр. 217 пас. 1—4)
Бр. 1: Исусовиот престој на земјата (si стр. 287, 291 пас. 16, 17)
Бр. 2: Второзаконие 21:1—17
Бр. 3: Зошто постојат толку многу религии? (rs стр. 326 пас. 1 до стр. 327 пас. 1)
Бр. 4: Како можат библиските примери да ни помогнат да се справиме со обесхрабрувањето?
15 ное. Читање на Библијата: Второзаконие 23—27 Песна 162
Говорна особина: Наведи ја својата тема во воведот (be стр. 217 пас. 5 до стр. 219 пас. 4)
Бр. 1: Временски обележја на Исусовата служба (si стр. 291 пас. 18, 19)
Бр. 2: Второзаконие 24:1—16
Бр. 3: Како да се препознаат оние што имаат поддршка од Бог
Бр. 4: Дали е точно дека во секоја религија има нешто добро? (rs стр. 327 пас. 2—4)
22 ное. Читање на Библијата: Второзаконие 28—31 Песна 32
Говорна особина: Делотворен заклучок (be стр. 220 пас. 1—3)
Бр. 1: Сметање на годините во времето на апостолите (si стр. 291, 292 пас. 20—23)
Бр. 2: Второзаконие 29:1—18
Бр. 3: Дали е исправно да ја напуштиш религијата на своите родители? (rs стр. 327 пас. 5 до стр. 328 пас. 2)
Бр. 4: Зошто христијаните треба да бидат скромни
29 ное. Читање на Библијата: Второзаконие 32—34 Песна 41
Говорна особина: Точки што треба да ги имаш на ум (be стр. 220 пас. 4 до стр. 221 пас. 4)
Бр. 1: Второто мисионерско патување на Павле (si стр. 292 пас. 24, 25)
Бр. 2: w 15.10.02 стр. 11 пас. 10—13
Бр. 3: Начини на кои можеме да го светиме Божјето име
Бр. 4: Како гледа Библијата на интерконфесионализмот (меѓуверството) (rs стр. 328 пас. 3 до стр. 329 пас. 3)
6 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 1—5 Песна 40
Говорна особина: Во службата на теренот (be стр. 221 пас. 5 до стр. 222 пас. 6)
Бр. 1: Третото мисионерско патување на Павле и завршните години, 56—100 н.е. (si стр. 293 пас. 26—30)
Бр. 2: Исус Навин 4:1—14
Бр. 3: Дали е потребно да се припаѓа на некоја организирана религија? (rs стр. 330 пас. 1—5)
Бр. 4: Дали Божиќ е христијански празник?
13 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 6—8 Песна 213
Говорна особина: Точност на изјавата (be стр. 223 пас. 1—5)
Бр. 1: Извинување — клуч за да се постигне мир (w 1.11.02. стр. 4—7)
Бр. 2: Исус Навин 6:10—23
Бр. 3: Зошто да продолжиме да проповедаме од куќа до куќа?
Бр. 4: Дали е доволно да го сакаш својот ближен? (rs стр. 331 пас. 1)
20 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 9—11 Песна 135
Говорна особина: ‚Цврсто да се држиме за верната реч‘ (be стр. 224 пас. 1—4)
Бр. 1: Зајакни ги своите раце (w 1.12.02 стр. 30, 31)
Бр. 2: w 15.11.02 стр. 18, 19 пас. 19—23
Бр. 3: Дали личниот однос со Бог е навистина најважен? (rs стр. 331 пас. 2, 3)
Бр. 4: bШто значи да се биде мирољубив
27 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 12—15 Песна 210
Говорна особина: Да се провери точноста на информациите (be стр. 225 пас. 1—3)
Усно повторување
[Фусноти]
a Се доделува само на браќа.
b Се доделува само на браќа.
c Се доделува само на браќа.
d Се доделува само на браќа.
e Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
f Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
g Се доделува само на браќа.
h Се доделува само на браќа.
i Се доделува само на браќа.
j Се доделува само на браќа.
k Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
l Се доделува само на браќа.
a Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
b Се доделува само на браќа.