ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/03 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 13 октомври
  • Седмица што почнува од 20 октомври
  • Седмица што почнува од 27 октомври
  • Седмица што почнува од 3 ноември
Нашата служба за Царството 2003
km 10/03 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 13 октомври

Песна 215

10 мин: Локални известувања и избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите да ги користат прашањата на 1. страница за да ги повторат своите забелешки како подготовка за дискусијата со присутните во врска со програмата на конгресот „Оддајте му слава на Бог“ за Состанокот за служба следната седмица. Користејќи ги предлозите на 8. страница нека има еден реалистичен приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 октомври. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да се понудат две списанија едно во друго. Во презентацијата прикажи како се прави повторна посета при обиколка со списанија. Постави темел за следната посета така што ќе го свртиш вниманието на рамката „Во нашето следно издание“. (Види ја Наша служба за Царството од октомври 1998, 8. страница, пас. 7 и 8.)

20 мин: ,Служи му на Јехова со радост.‘a (За дискусијата, сите треба да го имаат со себе додатокот од Наша служба за Царството од јануари 2002.) Откако ќе дискутираш за 4. пасус, спомни дека во текот на ноември ќе ги нудиме брошурата Бара и книгата Спознание. Разгледај накратко една од предложените презентации од додатокот во Наша служба за Царството од јануари 2002. Потоа покажи како двајца објавители ја вежбаат таа презентација за во служба. Охрабри ги сите добро да се подготвуваат за службата.

15 мин: Водењето библиски студии донесува благослови. Говор и дискусија со присутните. Раскажи неколку искуства од нашите публикации во кои станува збор за напредни библиски студии (w 1.3.00 стр. 6; yb98-SB стр. 55—60). Замоли ги присутните да коментираат за тоа што учиме од искуствата и како можеме да извлечеме корист ако водиме библиски студии.

Песна 172 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 октомври

Песна 86

5 мин: Локални известувања.

40 мин: „Обласните и меѓународните конгреси нѐ поттикнуваат да му оддаваме слава на Бог!“ Да го одржи старешина. По уводот од една минута или помалку, води дискусија со присутните за конгресната програма користејќи ги прашањата од статијата. Распореди го времето така што ќе има време за сите прашања, можеби дозволувајќи само еден одговор на некои прашања. Сите наведени стихови не можат да се прочитаат во одреденото време; тие се вклучени за полесно да се најдат одговорите. Коментарите треба да се сосредоточат на користите од примената на научените работи.

Песна 112 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 октомври

Песна 64

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите од службата на теренот за октомври. Охрабри ги сите да си ги разгледаат забелешките од програмата на Денот на специјален собир од минатата службена година како подготовка за Состанокот за служба за следната седмица. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 ноември и Разбудете се! од 8 ноември. И во обата случаи треба да се понудат двете списанија иако се презентира само едното. Во една од презентациите, прикажи како да се одговори на приговорот: „Не ме интересира“. (Види ја книгата Расправљање, стр. 16.)

20 мин: Користи го мечот на духот (Ефеш. 6:17). Дискусија со присутните темелена на книгата Школа за служба, страници 143 и 144. Замоли за коментари на следниве прашања: 1) Зошто ја користиме Библијата кога одговараме на прашања? 2) Што кажува името Јеховини сведоци за нас? 3) Каков пример оставил Исус, и како можеме да го имитираме? 4) Кои се некои делотворни начини да се воведат библиски мисли на локалното подрачје? 5) Зошто е добро да читаме директно од Библијата секогаш кога тоа е можно? 6) Како можат старешините да ги охрабрат другите добро да ја користат Библијата? Нека има една добро подготвена презентација темелена на вежбата на 144. страница во која еден вешт објавител користи барем еден стих кога одговара на некое прашање. Охрабри ги сите да си постават за цел да ја користат Библијата секојпат кога сведочат.

13 мин: Локални искуства. Замоли ги присутните да раскажат искуства што ги имале во врска со присуството на обласниот конгрес или додека сведочеле неформално на работа, на училиште или на некое друго место.

Песна 52 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 3 ноември

Песна 147

5 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

25 мин: Бидете богати во добри дела (1. Тим. 6:18). Користејќи ги прашањата дадени овде, еден старешина води дискусија со присутните за програмата на Денот на специјален собир што се одржа минатата службена година. Замоли го собранието да раскаже како можело да го примени она што го научило. (Делови можат да бидат доделени однапред.) Истакни ги следниве точки од програмата: 1) „Добрите дела донесуваат голема добивка“ (Проп. 2:11). Зошто слугите на Бог се стремат по добрите дела што се опишани во Божјата реч наместо по суетните рабти на овој свет? 2) „Биди богат од Божја гледна точка“ (Мат. 6:20). Како некои си ‚собрале блага на небото‘, и со каква корист? 3) „Збогати ја својата служба со библиска студија.“ (om стр. 91.) Што може да ни помогне да започнеме и да водиме библиска студија? 4) „Добри дела во ова време на жетва“ (Мат. 13:37—39). Какви примери на добри дела оставиле раните христијани, и како се шири делото на Царството во наше време? 5) „Твоите добри дела нека го слават Јехова“ (Мат. 5:14—16). Како пуштиле некои ‚да свети нивната светлина‘? 6) „Да ги пофалуваме младите за добрите дела во славењето на Јехова“ (Псал. 148:12, 13). Како христијанските младинци од нашата покраина го слават Јехова? 7) „Продолжи со добри дела и пожнеј Јеховин благослов“ (Посл. 10:22). Додека сме зафатени со добри дела, кои благослови можеме да ги пожнееме како поединци, како семејство, како собрание и како светска организација?

Песна 180 и заклучна молитва.

[Фуснота]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели